Србија и Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СР Југославија)
Сојузна Република Југославија (1992–2003)
Савезна Република Југославија
Savezna Republika Jugoslavija
Државна Заедница Србија и Црна Гора (2003–2006)
Државна Заједница Србија и Црна Гора
Državna zajednica Srbija i Crna Gora

1992 – 2006
 

Знаме Грб
Химна
Hej, Sloveni
Еј, Словени
Местоположба на Србија и Црна Гора
Главен град Белградa
Јазици Српскохрватски (1992–1997)
Српски (1997–2006)
Уредување Федерална република (1992–2003)
Државна унија (2003–2006)
Претседател
 -  1992–1993 Добрица Ќосиќ
 -  1993–1997 Зоран Лилиќ
 -  1997–2000 Слободан Милошевиќ
 -  2000–2003 Воислав Коштуница
 -  2003–2006 Светозар Маровиќ
Премиер
 -  1992–1993 Милан Паниќ
 -  1993–1998 Радое Контиќ
 -  1998–2000 Момир Булатовиќ
 -  2000–2001 Зоран Жижиќ
 -  2001–2003 Драгиша Пешиќ
 -  2003–2006 Светозар Маровиќ
Историски период Пост–Студената војна
 -  Устав 27 април 1992
 -  Основана 28 април 1992
 -  Членство во ОНb 1 ноември 2000
 -  Државна заедница 4 февруари 2003
 -  Расформирање 3 јуни 2006
Површина
 -  2006 102350 км²
Население
 -  2006 10832545 
     Густина 105.8 жит/км²
Валута Србија
 • Југословенски динар (1992–2003)
 • Српски динар (2003–2006)
Црна Гора и поголемиот дел од Косовоc
 • Југословенски динар (1992–1999)
 • Германска марка (1999–2002)
 • Евро (2002–2006)
ВИД .yu
Повик. бр. +381
Денес во  Црна Гора
 Србија
 Косовоd
a. ^ По 2003, ниеден град официјално бил главен град, но законодавните и извршните институции останале во Белград. Подгорица била седиште на Врховниот суд.
b. ^ Членство како Сојузна Република Југославија; ISO 3166-1 = CS; UTC offset = +1.
c. ^ Де факто валути користени во Црна Гора и Косово.
d. ^ Делумно призната држава.

Србија и Црна Гора (или скратено СЦГ) е поранешна федерална држава составена од Србија и Црна Гора настаната во 2003 со преминот на Југославија (остатокот од неа во текот на ’90-те) во лабава конфедерација. Србија и Црна Гора била сместена во западно-централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Република Македонија. Државата се распаѓа на 3 јуни 2006 година како резултат на исходот од референдумот за независност на Црна Гора (објавен на 21 мај 2006).

Политика[уреди | уреди извор]

Политиката на конфедерацијата СЦГ била подобрување и зацврстување на односите помеѓу Србија, Црна Гора и Косово. Очаен обид да се заборави минатото и војните во него, и малтретирањето на Албанците на Косово. Националистот Слободан Милошевиќ кој долго владееше со СР Југославија и беше еден од виновниците за Граѓанската Војна во БиХ и бомбардирањето над Србија од страна на НАТО, атентатот над премиерот Зоран Ѓинѓиќ и други работи кои ја одбележуваа СРЈ како држава во хаос, им всадија помисла дека со промената на името од Југославија во Србија и Црна Гора ќе ги промени работите. И тоа беше вистина, СЦГ почна полека но сигурно да напредува, толеранцијата помеѓу нејзините жители се зголемуваше и национализмот веќе беше минато, но не за долго. На 21 мај 2006 Црна Гора прогласи независност, и со тоа престана постоењето на СЦГ, а подоцнежните случувања во Србија ќе доведат до повторно издигнување на национализмот и меѓуетничката нетрпеливост, враќајќи го Балканот во 20 век.

Причини за настанокот[уреди | уреди извор]

Сојузна Република Југославија, беше држава создадена на 27 април 1992 година, со одлука на Собранието на СФРЈ.[1] Кога е основана, Обединетите Нации и некои поедини држави, особено САД, не сакаа да ја признаат како наследничка на СФРЈ, и покрај тоа што ја признаа како држава. СРЈ не беше членка на ООН сè до 2000. година, кога стана членка, после Петтооктомвриските промени, веднаш нејзиното постоење беше доведено во прашање. Црногорскиот режим уште од порано се однесуваше како автономен (воведување на полициска контрола на границата со Србија, одбивање да прифати вонредна и воена состојба на својата територија во текот на НАТО нападите над СРЈ во 1999 година), но сега ќе побара независност, со евентуално преуредување на федерацијата во сојуз на две независни меѓународно признати републики. Со овие потези сосема ќе се елиминира Слободан Милошевиќ, кој подоцна ќе биде испратен на судење во Хаг, каде и ќе почине. Конечно ќе биде направена новата држава, конфедерација, за разлика од СРЈ која беше федерација, која во наредниот период ќе ја чека едно мирно и стабилно време, со етнички разлики и нетрпеливост сведени на минимум, но не за долго.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Устав на Сојузна Република Југославија (1992)“. Занемарен непознатиот параметар |јазик= (help)