Петар Серафимов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Серафимов
Роден 28 мај 1915
Охрид, Македонија
Починал 5 октомври 2001
Скопје, Македонија

Петар Серафимов (Охрид, 28 мај 1915 - 5 октомври 2001, Скопје) — македонски статичар и градежен инженер, член на МАНУ.

Живот и образование[уреди | уреди извор]

Роден е на 28 мај 1915 година во Охрид, каде што завршил основно училиште. Матурирал во Битола во 1935 година и дипломирал во Белград, во 1939 година, на Филозофскиот факултет (група Теоретска и применета математика). Од 1939 до 1941 година студира во Белград на Техничкиот факултет — Градежен отсек, а потоа студиите ги про- должува на Техничката висока школа во Дрезден, каде што дипломира во 1944 година. Докторира во истата школа во 1947 година. Во 1944 година, па сè до капитулацијата на Германија, како интернирец, работи во фирмата ,,ДеуБау“ во Штели и во Берлин — како статичар.

Работен век[уреди | уреди извор]

Во земјата се враќа во 1946 година и работи во ,,Феграп“. Во 1946 година е назначен за предавач на Филозофскиот факултет во Скоије по предметот рационална механика, од 1947 до 1949 година работи како статичар во ,,Пробиро“, во 1949 година е избран за доцент на Филозофскиот факултет, а потоа — за доцент на новоформираниот Технички факултет — во септември 1949 година. За вонреден професор на истиот факултет е избран во 1952 година, а за редовен професор — во 1962 година, продолжувајќи ги прeдавањата како хонорарен наставник на Филозофскиот факултет до 1956 година. На Техничкиот факултет држи предавања по следните предмети: техничка механика I и II, јакост на материјалите, теорија на конструкциите I и II и применета теорија на еластичноста. Како стручен советник и соработник работел во ,,Хидроелектро- проект“, „Рудници и железарница“ — Скопје, ХЕ ,,Маврово“ и Д-р Бил член на Научниот совет на ФНРЈ, на Научниот совет на НРМ, на Универзитетскиот совет, како и на Комитетот за изградба на Скопје. Бил претседател и потпретседател на Друштвото на градежниците инженери и техничари и член на Управниот одбор на Југословенското друштво за теоретска и применета механка.

Научна дејност[уреди | уреди извор]

Објавил осум значајни научни расправи од областа на статиката, а во своите 17 стручни трудови, со примена на научни методи, дал статички пресметки и решетшја за ноголем број големи градежни објекти. Одржал повеќе научни предавања во странство (Варшава, Гдањск, Москва и Нов Зеланд).

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Добил нарична награда од Владата на НР Македонија во 1950 година. Добил Плакета на град Скопје, Орден на трудот од II ред и Орден на трудот со црвено знаме. За редовен член ца Македонската акаделшја на науките и уметностиге е избран на 18 август 1967 година. Починал на 5 октомври 2001 година.