Блажо Боев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Проф. д-р Блажо Боевректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип почнувајќи од 2015 г.[1] кога е унапреден од звањето проректор за наука[2] на истиот. Своите факултетски студии ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. На овој факултет, на Одделот за петрологија, минералогија и биохемија ги завршил и магистерските студии. Своите докторски студии во истата оваа област ги завршил на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“Скопје.

Во своето работно искуство работел во „ФЕНИ“ – Кавадарци, а од 1986 година е вработен на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“Штип во 2007 година, проф. д-р Боев е професор[3] на Факултетот за рударство, геологија и политехника - Штип.

Наставните области [4] на проф. д-р Боев се геологија, петрологија, минералогија, геохемија и геохемија на средината[5].
Тековни проекти

  • „Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“;
  • „Арсен и талиум во почвите на Република Македонија“.

Реализирани проекти[6]

  • „Оцена на потенцијалноста на талиумските минерали од Алшар“.
  • „Минерали од Македонија - минералошка карактеризација“.
  • „Геохемиски и минералошки особености на никлоносните руди во Македонија“.
  • „Геохемија и изотопна геохемија на перидот од внатрешниот динарски офиолитски појас во Република Македонија“.
  • „Антропогените ефекти во терциерните басени во медитеранскиот регион“

ТЕМПУС проект

  • „Преструктурирање на наставните планови и програми на РГФ“ - Штип.



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Штипскиот универзитет „Гоце Делчев" има нов ректор“. Курир. 18 мај 2015. Посетено на 18 мај 2015.[мртва врска]
  2. „Официјално мрежно место на Универзитет „Гоце Делчев" - „Проректори". Архивирано од изворникот на 2013-03-01. Посетено на 2013-07-10.
  3. „Официјално мрежно место на ФПТН - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 2013-07-10.
  4. Официјално мрежно место на проф. д-р Блажо Боев - „Настава“
  5. „Официјално мрежно место на Факултет за природни и технички науки - „Студиски и предметни програми". Архивирано од изворникот на 2013-03-30. Посетено на 2013-07-10.
  6. „Официјално мрежно место на проф. д-р Блажо Боев - „Публикации". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-07-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]