Прејди на содржината

Ксенте Богоев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ксенте Богоев
Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
На должноста
1965 – 1967
Претходник Георги Филиповски
Наследник Благој Попов
Петти Претседател на Извршниот совет
На должноста
1968–1974
Претходник Никола Минчев
Наследник Благоја Попов
Претседател на Народната банка на Југославија
На должноста
1977–1981
Претходник Бранислав Чолановиќ
Наследник Радован Макиќ
Четврти Претседател на МАНУ
На должноста
1992–1999
Претходник Јордан Поп Јорданов
Наследник Ѓорѓи Евремов
Лични податоци
Роден(а) 20 октомври 1919
Леуново, Гостиварско
Починал(а) 20 април 2008
Скопје
Националност Македонец
Партија КПМ
Установа Економски факултет - Белград
Професија економист
универзитетски професор
академик
Потпис

Ксенте Богоев (Леуново, Гостиварско, 20 октомври 1919Скопје, 20 април 2008) — македонски економист, академик и универзитетски професор.[1]

Дипломирал и докторирал на Економскиот факултет во Белград. Бил професор и декан на Економскиот факултет во Скопје (1960-1963), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1965-1967), претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1968-1974), член на Претседателството на СРМ (1974-1977) и гувернер на Народната банка на Југославија (1977-1981). Член е на МАНУ од 1974, а во периодот 1992-1999 е и негов претседател.

Ксенте Богоев е автор на 250 научни и стручни трудови. Основоположник е на научните дисциплини од областа на фискалната и на монетарната теорија и политика. Добитник е на повеќе признанија и награди.

Во 2007 година бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.

  1. Makedonska bibliografija: Statii i prilozi. Skopje: Narodna i univerzitetska biblioteka "Sv. Kliment Ohridski". 2001.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
Никола Минчев
Претседател на Претседателството на СРМ
19681974
Наследник
Благоја Попов
Претходник
Бранислав Чолановиќ
Претседател на Народната банка на Југославија
19771981
Наследник
Радован Макиќ
Претходник
Јордан Поп Јорданов
Претседател на МАНУ
19921999
Наследник
Ѓорѓи Евремов