Бранко Трпеновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1934
Охрид , Македонија Македонија
Починал 2005
Скопје
Занимање професор, алгебрист и информатичар


Бранко Трпеновски (Охрид, 1934 - Скопје, 2005) бил виден македонски универзитетски професор, алгебрист, втемелувач на информатичко образование во Македо­ни­­ја[1] и поранешен амбасадор.

Биографија[уреди | уреди извор]

Трпеновски е роден во Охрид во 1934 година. Дипломирал во 1957 година во Скопје. Докторирал во 1964 година на Природно-математичкиот факултет во Загреб на тема Prilog teoriji n-polugrupa. За асистент на Природно-математичкиот факултет во Скопје е примен во 1957 година. Подоцна работи како редовен професор на Електротехничкиот, па на Машинскиот факутет во Скопје. Проф. Трпеновски е еден од нашите најдобри алгебристи и извонредни наставници. Коавтор е на значајниот учебник во четири тома "Виша математика" (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона и Наум Целакоски), на учебникот "Предавања по алгебра", кн.2 (напишан заедно со Ѓорѓи Чупона), како и на значајни учебници од теоријата на веројатноста. Заземал високи должности: декан на ЕТФ, ректор на УКИМ, амбасадор во Бразил. Починал во Скопје во 2005 година.[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Институт за информатика“ (македонски). ПМФ - Скопје. конс. 2012-05-31. 
  2. ПМФ 1946-1996, монографија
Академски функции
Претходник
Димитар Митрев
Ректор нa Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје
1976–1980
Наследник
Јован Стојановски