Тодор Џунов
Тодор Џунов | ||
Роден | 1931 Ваташа, Кавадаречко, денес ![]() | |
---|---|---|
Починал | 1 јануари 2014 Скопје, ![]() | |
Занимање | правник, професор и судија |
Тодор Џунов (Ваташа, Кавадаречко, 1931 - 1 јануари 2014, Скопје) — македонски правник, универзитетски професор, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претседател на Уставниот Суд на Македонија.
Животопис[уреди | уреди извор]
Џунов е роден во кавадаречкото село Ваташа во 1931 година. Во 1954 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје, каде што од 1974 бил редовен професор и декан од 1981 до 1983. Во 1994 станал судија, а во 2000 година претседател на Уставниот суд на Македонија. Бил член или шеф на делегации во меѓувладини тела за водостопански прашања, за меѓународна научна и технолошка соработка со Грција, САД, Велика Британија, за сукцесија на поранешна СФРЈ, на балкански и европски ректорски конференции, на конференции на УНЕСКО, ОН и др., бил арбитер на надворешно-трговска арбитража, а сега е арбитер на Судот за мирење и арбитража на ОБСЕ. Автор е на повеќе од стотина научни и стручни трудови, меѓу кои позначајни се: универзитетски учебник по Меѓународно приватно право (четири изданија); "Меѓународно регулирање на користењето на водите" 1979 (научен труд со наградата "11 Октомври" 1980), Надворешна политика на СФРЈ и неврзувањето 1989; Збирка закони од МПП (две изданија, 1984, 1987) и др. Бил ректор на УКИМ во периодот 1985/86 - 1987/88.[1] Носител е на Републичката награда за научен труд „11 Октомври“ 1980, Орден за труд и за заслуги за народ, Златна плакета и статуа "Јустинијан" на Правниот факултет; Плакета на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, универзитетите на поранешна СФРЈ, Софијскиот универзитет, Универзитетот "Мартин Лутер" Хале-Витенберг, Германија. Починал во Скопје на 1 јануари 2014.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Ректори на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје
- ↑ „Почина проф. д-р Тодор Џунов, поранешен ректор на Скопскиот универзитет“. Архивирано од изворникот на 2014-01-04. Посетено на 2014-01-02.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Судија д-р Тодор Џунов Архивирано на 5 март 2016 г. - Уставен Суд на Македонија