Александар Грличков
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Александар Грличков | |
|---|---|
![]() | |
| Претседател на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија | |
| На должноста 1963–1965 | |
| Претходник | Љупчо Арсов |
| Наследник | Никола Минчев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 18 јануари 1923 Штип, Кралство СХС |
| Починал(а) | 26 јули 1989 (возр. 66) Струга, СР Македонија, СФР Југославија |
Александар Грличков (Штип, 18.01.1923 – Струга, 26.07.1989) бил претседател на владата на СР Македонија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Основно и средно образование завршил во родниот град (1941). Студирал на Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Софија. Поради учеството во НОБ од 1942 г. често бил затворан, па морал да ги напушти студиите. По Ослободувањето, и покрај функциите што ги имал (директор на Заводот за планирање, министер за финансии, потпретседател и претседател на Извршниот совет на СРМ), го завршил Економскиот факултет во Белград.
Во 1965 г. бил именуван најпрвин за член, а подоцна за потпретседател на Сојузниот извршен совет, задолжен да ги имплементира идеите на стопанската реформа. Во 1954 г. е избран за доцент, во 1960 г. за вонреден професор на Економскиот факултет на Скопскиот универзитет по предметот стопанско планирање во Југославија. Кога по 1965 г. заедно со семејството се преселува во Белград, избран е на Факултетот за политички науки на Белградскиот универзитет за редовен професор по предметот меѓународни економски односи. Предавал на постдипломските студии на Загрепското свеучилиште, како и на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје. Бил надворешен соработник на Институтот за општествени науки и на Институтот за политички студии на Факултетот за политички науки во Белград, на Институтот за економски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и на Економскиот институт во Белград. Бил претседател на Советот на интернационалната трибина „Социјализмот во светот” (Цавтат), претседател на Советот на списанието „Економска политика”, уредник на „Популарната енциклопедија” на БИГЗ, на „Економската енциклопедија”, како и главен и одговорен уредник на сп. „Социјализам”. Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици, меѓу кои и на кинески. Во економијата се залагал за пазарно стопанство, а во политиката за политички плурализам и против еднопартискиот монопол.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||
