Томе Буклески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1921
Кичево
Починал 2018

Томе Буклески (роден во 1921 година во Кичево) е македонски комунист и државник[1]. Бил член на КПЈ од 1941 година, од кога се вклучил и во НОБ, заради што бил затворен во затворот во Тирана. Од септември 1943 станал и член на Окружниот комитет на КПМ во Кичево, политички комесар на повеќе бригади и баталјони на македонската народноослободителна војска.

По ослободувањето остварил богата партиско-државна дејност. Бил член и претседател на Претседателството на СРМ (од 1984 година).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Borivoj Pajović, Milorad M. Radević, Savez udruženja boraca narodnooslobodilačkog rata Jugoslavije. Savezni odbor (1969) (на српскохрватски). Bibliografija o ratu i revoluciji u Jugoslaviji: Posebna izdanja 1945-1965 (Rata "Prošlost naših naroda" ; Knjiga 98 издание). Vojnoizdavački zavod. 
  2. Службен весник на СРМ, 16/1984.

Види уште[уреди | уреди извор]