Драгољуб Ставрев
Изглед
| Драгољуб Ставрев | |
|---|---|
| Градоначалник на Скопје | |
| На должноста 1969 – 1974[1] | |
| Претседател | Тито |
| Претходник | Благоја Попов |
| Наследник | Методи Антов |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 28 јуни 1932
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починал(а) | 23 декември 2003 (возр. 71) Скопје, Македонија |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | КПМ |
Драгољуб Ставрев (роден на 28 јуни 1932 во Скопје — починал на 23 декември 2003 во Скопје) ― македонски општественик и државник. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на весникот „Студентски збор“, претседател на Сојузот на младината на Македонија, претседател на ГК на СКМ - Скопје, потпретседател и претседател на Собранието на Град Скопје за време на обновата и изградбата на градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, член на ЦК СКЈ, член и извршен секретар на Претседателството на ЦК СКЈ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Претседателството на СРМ. Објавил повеќе стручни и политички трудови, меѓу кои и книгата „Македонски современи политички теми“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Официјален портал на град Скопје“. Посетено на 30 ноември 2020.
| Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
Категории:
- Родени во 1932 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во Скопје
- Никулци за македонски политичари
- Политичари од Скопје
- Градоначалници на Град Скопје
- Македонски општественици
- Југословенски општественици
- Македонски уредници
- Југословенски уредници
- Македонски писатели
- Југословенски писатели
- Југословенски политичари
- Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје