2 септември
Изглед
2 септември — 245-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (246-и во престапна година). Остануваат 120 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2026
Настани:
| 31 п.н.е. | Последната граѓанска војна во Рим: во Битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра. |
| 1666 | Избувнал Големиот пожар во Лондон, кој горел три дена, уништувајќи 10.000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле. |
| 1752 | Обединетото Кралство го вовело грегоријанскиот календар, речиси два века подоцна од Западна Европа. |
| 1807 | Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт. |
| 1922 | Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“. |
| 1930 | Со авионот „Знак прашање“, француските пилоти Диеодн Кост и Морис Белонт го извршиле првиот непрекинат лет меѓу Европа и САД. |
| 1944 | Ослободен е Демир Хисар. |
| 1944 | Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. |
| 1945 | Завршила Втората светска војна: Конечното предавање на Јапонија било прифатено на борбениот брод „Мисури“, во пристаништето на Токио. |
| 1991 | Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија. |
| 2011 | Јошихико Нода бил назначен за Премиер на Јапонија. |
Родени:
Починале:
| 1680 | Пер Брахе — шведски војник и државник. |
| 1688 | Роберт Винер — Градоначалник на Лондон. |
| 1834 | Томас Телфорд — шкотски цивилен инженер. |
| 1865 | Вилијам Роуан Хамилтон — ирски математичар. |
| 1889 | Захариј Стојанов — бугарски револуционер. |
| 1905 | Леонид Јанков — македонски револуционер. |
| 1910 | Анри Русо — француски сликар. |
| 1921 | Хенри Остин Добсон — англиски поет. |
| 1934 | Џејмс Алан — играч во унијата за рагби во Нов Зеланд. |
| 1937 | Пјер де Кубертен — француски историчар и педагог, основач на современите Олимписки игри. |
| 1941 | Коле Неделковски — македонски поет. |
| 1964 | Алвин Јорк — американски војник. |
| 1973 | Џ. Р. Р. Толкин — британски писател. |
| 1976 | Станислав Гроховјак — полски поет. |
| 1984 | Манос Катракис — грчки глумец. |
| 1997 | Рудолф Бинг — австриски менаџер на опера. |
| 2002 | Дик Рејнолдс — австралијански фудбалер и тренер. |
| 2005 | Боб Денвер — американски глумец. |
| 2006 | Вили Нинџа — американски танчер и кореограф. |
| 2007 | Сафет Исовиќ — босански и југословенски фолк-пејач. |