13 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Септември 2024

13 септември — 256-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (257-и во престапна година). Остануваат 109 денови до крајот на годината.

Настани:

1924  Во Софија убиен е Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење
1924  Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација
1995  Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи.
1995  Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина.

Родени:

1819  Клара Шуман — германска пијанистка и композиторка, сопруга на Роберт Шуман.
1874  Арнолд Шенберг — австриски композитор.
1933  Душко Трифуновиќ — српски поет.
1941  Ахмед Сезер — претседател на Турција.
1944  Питер Сетера — американски рок-музичар, член на групата „Чикаго“ (Chicago).
1949  Павлина Климкар - Меанџиева — македонска поетеса.
1961  Дејв Мастејн — американски рок-музичар, член на групата „Мегадет“ (Megadeth).
1966  Филип Шоваговиќ — хрватски глумец.
1967  Мајкл Џонсон — американски атлетичар.
1967  Слободан Ковач — српски одбојкар и тренер.
1971  Горан Иванишевиќ — хрватски тенисер.
1976  Ивица Антески — македонски поет.
1982  Нене — бразилски кошаркар.
1984  Полина Семјоноваруска балерина.
1987  Цветана Пиронкова — бугарска тенисерка.
1989  Томас Милер — германски фудбалер.
1992  Марко Гобељиќ — српски фудбалер.
1995  Љупчо Дориев — македонски фудбалер.
1999  Педро Поро — шпански фудбалер.

Починале:

1336  Јован — Ерл од Корнвол.
1409  Изабела Валоакралица на Англија.
1592  Мишел де Монтењ — француски писател.
1598  Филип IIкрал на Шпанија.
1872  Лудвиг Фојербах — германски филозоф.
1924  Димо Хаџи Димов — македонски социјалист, член на ВМОРО и идеолог на нејзината левица.
1924  Владислав Ковачев — македонски револуционер.
1989  Стерјо Спасе — македонски писател од Албанија.
1993  Јон Исаја — македонски артист.
2014  Милан Галиќ — српски и југословенски фудбалер.
2015  Мозис Малоун — американски кошаркар.
2015  Гери Ричрат — американски рок-музичар, член на групата РЕО Спидвегон (REO Speedwagon).
2017  Грант Харт — американски рок-музичар, член на групата Хускер ду (Husker Du).
2019  Еди Мани — американски рок-музичар.
2021  Борисав Јовиќ — српски и југословенски политичар.
2022  Жан-Лик Годар — француско-швајцарски режисер.
2022  Корнелие Ковач — српски поп-рок музичар, композитор и продуцент.