25 септември
Изглед
25 септември — 268-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (269-и во престапна година). Остануваат 97 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1493 | Кристофер Колумбо испловил од пристаништето во Кадис на своето второ патување кон Новиот Свет. |
| 1513 | Шпанскиот истражувач Васко Нуњес де Балбо ја поминал Панама и станал првиот Европеец кој го видел Тихиот Океан. |
| 1555 | Со мирот во Аугсбург, германските протестантски земји биле правно изедначени со римокатоличките. |
| 1825 | Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, била пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железничкиот сообраќај. |
| 1940 | Во Норвешка на власт дошла квислиншката влада (наречена според норвешкиот политичар и мајор Видкун Квислинг кој учестувал во германската агресија врз Норвешка во 1940 година, по што се прогласил за шеф на новосоздадената марионетска влада, а во 1945 година е осуден на смрт поради велепредавство), синоним на соработниците на фашистичкиот окупатор низ цела Европа. |
| 1946 | Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво „Кочо Рацин“. Друштвото го формирал Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност. |
| 1990 | Нелсон Мандела бил пуштен на слобода. |
| 1999 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“ излегол првиот број на весникот „Скок“. |
Родени:
| 1599 | Франческо Боромини — италијански архитект. |
| 1744 | Фридрих Вилхелм II — пруски крал. |
| 1866 | Томас Хант Морган — американски биолог и генетичар, основач на генетиката и добитник на Нобеловата награда во 1933 година. |
| 1896 | Сандро Пертини — италијански политичар, адвокат и новинар. |
| 1897 | Вилијам Фокнер — американски писател, добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1899 | Лео Јунек — хрватско-француски сликар. |
| 1903 | Марк Ротко — американски сликар. |
| 1944 | Мајкл Даглас — американски глумец и филмски продуцент. |
| 1951 | Боб Макаду — американски кошаркар и тренер. |
| 1955 | Карл-Ханјц Румениге — германски фудбалер. |
| 1961 | Хедер Локлир — американска глумица. |
| 1965 | Скоти Пипен — американски кошаркар. |
| 1968 | Вил Смит — американски глумец, продуцент и пејач. |
| 1969 | Кетрин Зета Џонс — британска глумица. |
| 1975 | Сергеј Тетјухин — руски одбојкар. |
| 1977 | Риналдо Ночентини — италијански велосипедист. |
| 1979 | Микеле Скарпони — италијански велосипедист. |
| 1984 | Златко Хорват — хрватски ракометар. |
Починале:
| 1849 | Јохан Штраус — австриски композитор. |
| 1943 | Нико Нестор — еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и струшко. |
| 1958 | Џон Вотсон — американски психолог |
| 1970 | Ерих Марија Ремарк — германски писател. |
| 1976 | Никола Бадев — македонски пејач на народни песни. |
| 1980 | Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“. |
| 2003 | Едвард Саид — палестинско-американски социо-културолошки теоретичар. |
| 2003 | Франко Модиљани — италијанско-американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1985 година. |
| 2006 | Петре М. Андреевски — македонски писател. |
| 2020 | Горан Паскаљевиќ — српски режисер. |