Едвард Саид
| Edward Saïd | |
|---|---|
Едвард Саид во Севиља, Шпанија во 2002 година | |
| Роден(а) | ноември 1, 1935 Ерусалим, Британски мандат во Палестина |
| Починал(а) | септември 25, 2003 (возр. 67) Њујорк, САД |
| Вероисповед | христијанство |
| Период | Филозофија на 20-от век |
| Подрачје | Западна филозофија |
| Школа | постколонијализам, постмодернизам |
Значајни идеи | оксидентализам, ориентализам, Друг |
Едвард Уеди Саид (1 ноември 1935 - 25 септември 2003 ) — палестинско-американски литературен теоретичар и активист за палестинските права. Основач е на постколонијализмот.
Роден е во Ерусалим во христијанско арапско семејство. Го минал детството во Каиро, а како тинејџер заминал на студии во САД. Долго време предавал англиски и компаративна книжевност на Универзитетот Колумбија. Најпознат во областа на културните студии е по својот концепт на „ориентализам“ (и истоимената книга од 1978) и развивањето на полето на постколонијалните студии.
Бил класично образован пијанист, голем познавач на музиката, а неговите бројни есеи на оваа тема се собрани во „Музика на граница“ од 2009. Почина од леукемија во 2003 година.[1]
Неговото најпознато дело „Ориентализам: западни концепции за Ориентот“ е преведено на македонски јазик во 2003 година („Магор“).
Наводи
[уреди | уреди извор]- Robert Young, White Mythologies: Writing History and the West, New York & London: Routledge, 1990.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Едвард Саид“ на Ризницата ? |
- Едвард Саид, „Судир на незнаењата“
- Едвард Саид, „Уметност и национален идентитет: симпозиум на критичари“, „Маргина“, 1994.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|