Прејди на содржината

Горан Паскаљевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Паскаљевиќ
Goran Paskaljević
Горан Паскаљевиќ на Меѓународниот филмски фестивал Карлови Вари во 2010 година.
Роден(а)22 април 1947(1947-04-22)
Белград, Србија, Југославија
Починал(а)25 септември 2020(2020-09-25) (возр. 73)
Париз, Франција
ЗанимањеФилмски режисер, сценарист и продуцент
СопружникКристин Жанте (ж.1995)
ДецаВладимир Паскаљевиќ (р.1974) Петар Паскаљевиќ (р.1993)

Горан Паскаљевиќ (Белград, 22 април 1947 Париз, 25 септември 2020 ) – српски филмски режисер, сценарист и продуцент.

Дипломирал на Факултетот за филм и телевизија на Академијата за сценски уметности (чешки: Akademie múzických umění) во Прага. Режирал многу документарни филмови и ТВ-драми за ТВ Белград, а првиот долгометражен филм — Чувар на плажата во зимски период, го снимил во 1976 година. Неговото дело брои 30 документарни и 13 играни филмови.

Во текот на април 2016 година, во Виена била одржана ретроспектива на неговите филмови.[1]

Починал на 25 септември 2020 година во Париз.[2] После кремирањето во Париз на гробиштата Пер Лашез неговите посмртни останки, на 10 октомври биле пренесени во Белград на „Ново гробље“.[3]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Добитник е на многу престижни награди: Награда од критичарите за најдобар европски филм во 1998 година за Буре барут; Награда од критичарите во Сан Себастијан во 1990 година за Време на чуда. Магазинот Варајати (Variety), во 2001 година го рангирал во петте најдобри режисери на година (покрај Ласе Халстром, Нил Џордан, Стивен Содерберг и Едвард Јанг). Тој е првиот филмски режисер кој во 2002 година во Минхен ја добил наградата „Бернард Вики Мост“ за хуманизам во своите дела. Во ноември 2007 година, Паскаљевиќ бил одликуван со францускиот Орден за уметност и книжевност кој свечено му е врачен на 9 мај 2008 година во Белград.

Не го заобиколувале ниту наградите на домашните фестивали на играни филмови:

  • Голема бронзена арена за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Пула, за играниот филм Земските денови течат, во 1979 година.
  • Најголемо признание на Југословенската кинотека Златен печат, во 2019 година.
  • Лесковачки меѓународен фестивал за филмска режија LIFFE 2020: Награда Живојин Жика Павловиќ за афирмација на регионалната филмска уметност во светот, во 2020 година.[4][5]

Филмски режии

[уреди | уреди извор]
Година Име на филмот
1970-ти
1972Легенда за лапота
1973Слуга
1976Чувар на плажа во зимски период
1977Кучето што ги сакаше возовите
1979Земските денови течат
1980-ти
1980Посебен третман
1982Самрак
1984Лажливо лето '68
1987Ангел чувар
1989Време на чуда
1990-ти
1992Танго аргентино
1995Туѓа Америка
1998Буре барут
2000-ти
2002Како Хари стана дрво
2004Сон на зимската ноќ
2006Оптимисти
2009Меден месец
2010-ти
2012Кога ќе осамне ден
2016Земја на боговите
2019И покрај маглата

Филмски сценарија

[уреди | уреди извор]
Година Име на филмот
1973Слуга
1979Земските денови течат
1982Самрак
1987Ангел чувар
1989Време на чуда
1998Буре барут

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]