Прејди на содржината

Пер Лашез

Координати: 48°51′36″N 2°23′46″E / 48.860° СГШ; 2.396° ИГД / 48.860; 2.396
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гробишта Пер Лашез
Cimetière du Père-Lachaise
Пер Лашез, патека Ерази
Пер Лашез is located in Paris
Пер Лашез
Податоци
Основани1804 (1804)
МестоПариз
ЗемјаФранција
Координати48°51′36″N 2°23′46″E / 48.860° СГШ; 2.396° ИГД / 48.860; 2.396
ТипЈавни, граѓански
Големина44 ха
ПогребаниПреку милион
Поглед на Пер Лашез.

Пјер Лашез (француски: Cimetière du Père-Lachaise) (се нарекуваат и Источни гробишта) - најголемите гробишта во Париз и се сметаат за едни од најпознатите во светот, каде што се закопани голем број познати личности. Денес е и една од туристичките одредниви во Париз.

Почетоци

[уреди | уреди извор]
Споменик на француските бригадири

Овие гробишта го добиле името по језуитот, исповедникот на Луј XIV, Пјер Франсоа де Лашез (1624-1709). Земјиштето на кое се наоѓа им припаѓало на језуитите сè додека државата не го купила во 1804 година, кога Наполеон го прогласил за гробишта. Така, Пер Лашез станале источни гробишта, додека гробиштата Монмартр биле на север, а гробиштата Монпарнас на југ. Во центарот на градот, во сенката на Ајфеловата кула, се наоѓаат гробиштата Паси.

Кога првпат биле отворени, гробиштата биле предалеку од градот и немало многу погребувања. Поради оваа причина, управителите на гробиштата со голем оглас, во 1804 година го организирале преносот на посмртните останки на Лафонтен и Молиер.

Пер Лашез е уреден како голем парк, има 47.000 билки и 5.300 дрвја. Денес таму се закопани над 300.000 луѓе, а уште поголем е бројот на урни со пепел од кремирани покојници.

Познати починати личности погребани во Пер Лашез

[уреди | уреди извор]
Гробот на Едит Пјаф
  • Оноре де Балзак (француски: Honoré de Balzac), француски писател од 19 век.
  • Жорж Енеску (романски: George Enescu), романски композитор, пијанист, виолинист
  • Шарл Месје (француски: Charles Messier), француски астроном.
  • Мишел Неј (француски: Michel Ney), маршал на француската армија кој се борел во Револуционерните и Наполеонските војни.
  • Виктор Ноар (француски: Victor Noir), новинар од времето на Наполеон, работел во весникот „Марсејеза“. Бил убиен од внукот на Наполеон, Пјер Бонапарт во кавга. Особено е интересна скулптурата направена од Жил Далу (француски: Jules Dalou) и кој го претставува Ноар мртов како лежи на грб додека ерекција може да се види низ неговите панталони. Споменикот станал многу популарен меѓу припадничките на понежниот пол, бидејќи постои верување дека триењето на интимните делови, усните и стапалата на овој споменик промовира плодност, возбудлив сексуален живот или можеби сопруг за една година.[1] Управата на гробиштата морала да го огради споменикот за да го заштити од пропаѓање, бидејќи со текот на годините бронзата во тој дел била доста истрошена. До оградата има натпис кој забранува „неправилно триење на споменикот“ [2]
  • Марсел Пруст (француски: Marcel Proust), француски интелектуалец, писател, есеист и критичар.
  • Алис Б. Токлас (англиски: Alice B. Toklas), американска писателка, интимен партнер на американската писателка Гертруда Стајн (англиски: Gertrude Stein). Нејзиното име било врежано на другата страна на гробот на Гертруда Штајн со ист фонт и стил, и на тој начин тие останале неразделни во смртта како и во животот.
  • Симон Сињоре (француски: Simone Signoret), позната француска глумица, добитничка на Оскар во 1959 година за филмот Соба на покривот (англиски: Room at the Top).
  • Жан Франсоа Шамполион (француски: Jean-François Champollion), египтолог кој ги дешифрирал египетските хиероглифи. На гробот на Шамполион има голем обелиск.
  • Ричард Рајт (англиски: Richard Wright), афроамерикански писател од првата половина на 20 век.
  • Жозеф Луј Геј-Лисак (француски: Joseph Louis Gay-Lussac), француски физичар и хемичар.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]