Жорж Пјер Сера
Жорж Пјер Сера | |
---|---|
Жорж Пјер Сера | |
Роден(а) | Винчи, денешна провинција Фиренца, Италија |
Значајни дела | Недела попладне на островот Ле Гранд Жат, "Капење кај Аснијер" |
Правец | неоимпресионизам |
Жорж Пјер Сера (француски: Georges-Pierre Seurat; , 2 декември 1859 година — , 29 март 1891) година е француски сликар, основач на неоимпресионизмот. Неговото големо дело Недела попладне на островот Ле Гранд Жат претставува пример за добра слика од 19 век.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во добро ситуирано семејство во Париз. Студирал вајарство. На Школата за уметности бил од 1878 до 1879 година. Една година бил во војска во Брест, па се вратил во Париз во 1880 година. Се посветил на усовршувањето на цртање со црно-бела техника. Во текот на 1883 година ја насликал првата голема слика "Капење кај Аснијер".
Бидејќи одбиле да ја примат неговата слика за да биде прикажана во Парискиот салон, се свртел од етаблираните кон независните уметници. Заедно со другите независни уметници основал во 1884 година Салон на независни уметници. Тука се спријателил со Пол Сињак со кој ги споделувал истите идеи за поентилизмот. Летото 1884 година тој ја започнал својот голем труд Недела поподне на острву Ле Гранд Жат. Две години го работел тоа големо платно.
Подоцна се преселил во помирно студио, каде тајно живеел со младиот модел Младен Клобнох. Со неа добил и син во 1890 година. Два дена пред смртта ги запознал своите родители со своето семејство. Кратко по смртта на Жорж Мадлен го родила вториот син. Жорж Сера умрел од менингитис во 1891 година. Неговото последно дело Циркус останало недовршено.
Научна позадина и влијанија
[уреди | уреди извор]Во текот на 19 век многу научници пишувале за сетилата на видот, а особено за боите. Шеврол бил француски хемичар, кој ги реставрирал старите таписерии. Открио дека две бои една покрај друга даваат впечаток на некоја трета боја, кога се гледа од поголемо растојание. Тој пронајдок бил клип за техниката поентилизам.
Жорж Сера и Пол Сињак ја користеле техниката поентилизам или дивизионизам. Боите се нанесувале на платно во точки една покрај друга, по принципот на комплементарност. Се обидувале да постигнат хармонија на боите и ја нанесувале во точки.
Сера освен тоа верувал дека боите можат да се користат за да се постигне хармонија и емоција во уметноста на сличен начин како што музичарите ја користат варијацијата на звукот и темпото за да создадат хармонија. Веселбата на сликата се постигнува со доминација на светли тонови и топли бои и линии насочени нагоре. Мирот се постигнува со балансот на светло и темнина, а линиите треба да бидат хоризонтални. Жалоста се постигнува со користење на темни тонови, ладни бои и линии насочени надолу.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Позерке (1887-1888)
-
Детаљ од сликата Парада (1889) го покажува поентилизмот
-
Темно време, Гранд Жет (1888)
-
Капење кај Анијера
-
Ајфелова кула, (1889)
-
Утринска прошетка
-
Работник со мотика
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Art Institute of Chicago“. Artic.edu. Посетено на 13 March 2014.
Поширока литература
[уреди | уреди извор]- Cachin, Françoise, Seurat: Le rêve de l’art-science, Paris: Gallimard/Réunion des musées nationaux, 1991
- Fénéon, Félix, Oeuvres-plus-que-complètes, ed., J. U. Halperin, 2v, Geneva: Droz, 1970
- Gage, John T., “The Technique of Seurat: A Reappraisal,” Art Bulletin 69:3(Sep87)
- Halperin, Joan Ungersma, Félix Fénéon: Aesthete and Anarchist in Fin-de-Siècle Paris, New Haven, CT: Yale U.P., 1988
- Homer, William Innes, Seurat and the Science of Painting, Cambridge, MA: MIT Press, 1964
- Lövgren, Sven, The Genesis of Modernism: Seurat, Gauguin, Van Gogh & French Symbolism in the 1880s, 2nd ed., Bloomington, IN: Indiana U.P., 1971
- Rewald, John, Cézanne, new ed., NY: Abrams, 1986
- Rewald, Seurat, NY: Abrams, 1990
- Rewald, Studies in Impressionism, NY: Harry N. Abrams, 1986
- Rewald, Post-Impressionism, 3rd ed., revised, NY: Museum of Modern Art, 1978
- Rewald, Studies in Post-Impressionism, NY: Harry N. Abrams, 1986
- Rich, Daniel Catton, Seurat and the Evolution of La Grande Jatte (U. of Chicago Press, 1935), NY: Greenwood Press, 1969
- Russell, John, Seurat, (1965) London: Thames & Hudson, 1985
- Seurat, Georges, Seurat: Correspondances, témoignages, notes inédites, critiques, ed., Hélène Seyrès, Paris: Acropole, 1991 (NYU ND 553.S5A3
- Seurat, ed., Norma Broude, Seurat in Perspective, Englewood Cliffs, NJ: Prentice-Hall, 1978
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Жорж Сера на Artcyclopedia