29 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 29 март — 88-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (89-и во престапна година). Остануваат 277 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1867 | Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт. |
| 1945 | Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе. |
| 1967 | Франција ја пушти во море првата атомска подморница. |
| 1973 | Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна. |
Родени:
Починале:
| 1058 | Стефан IX — римски папа. |
| 1772 | Емануел Сведенборг — шведски научник. |
| 1888 | Шарл Валентин Алкан — француски композитор. |
| 2008 | Рајко Митиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 2025 | Ричард Чемберлен — американски глумец. |