Рајко Митиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајко Митиќ
Rajko Mitić (1970).jpg
Митиќ пристигнува на Аародромот Шипхол во Амстердам на 8 Октомври 1970 година пред натпреварот за квалификациите за УЕФА Еуро 1972 против Холандија
Лични податоци
Роден на 19 ноември 1922(1922-11-19)
Роден во Бела Паланка, Кралство СХС
Починал на 29 март 2008(2008-03-29) (воз. 85 г.)
Починал во Белград, Србија
Позиција Напаѓач
Младинска кариера
1937–1938 Кошутњак
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1938–1944 БСК
1945–1957 ФК Црвена Ѕвезда 572 (262)
Репрезентација
1946–1957 СФР Југославија 59 (32)
Раководител на екипите
1960–1966 ФК Црвена Ѕвезда
1966–1970 СФР Југославија
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Биографија[уреди | уреди извор]

Митиќ започнал да игра фудбал на ливадите на белградски Кошутњак , а продолжил во истоимениот клуб, кој се натпреварувал во третата лига на Белград. Во летото 1938 година, станал член на младинската екипа на БСК-, а две години подоцна дебитирал и за сениорскиот состав во пријателски натпревар протов Земун.

Црвена ѕвезда[уреди | уреди извор]

Митиќ со Јосип Броз Тито во 1960 година

Втората светска војна го забавила неговиот спортски развој, но од 1944 година, како борец на инжинерската бригада на НОВ заедно со Предраг Ѓајић и Језеркић, продолжува да игра, се до основањето на Црвена Ѕвезда, на 4 март 1945 година, при што бил нејзин прв капитен. Од тогаш 14 првенствени сезони го носел „црвено-белиот“ дрес како еден од најдобрите играчи во историјата на Црвена Ѕвезда. Одиграл вкупно 572 натпревари (од кои 220 првенствени и 39 во Купот) и постигнал 262 голови.

Како капитен, Митиќ пет пати ги предводел „црвено-белите“ до освојување на тутула во Југославија: 1951, 1953, 1956, 1957. и 1959. година.

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Во текот на 11 годишното играње за СФРЈ, прво три пати успешно играл за младинската репрезентација во (1940—1941), а после тоа 59 пата за најдобрата селекција. Дебитирал на првиот меѓудржавен натпревар после Втората светска војна, на 9 мај 1946 година против Чехословачка (2:0) во Прага. На овој натпревар само тој со Фране Матошиќ и Плеше, биле предвоени репрезентативци, другите останати сите биле дебитанти. На оваа средба Митиќ го постигнал првиот гол за репрезентацијата. До крајот на неговата репрезентативна кариера вкупно 32 пати бил стрелец, што претставува пето место на листата на најдобри стрелаци на репрезентацијата, после Бобек 38, Милан Галиќ 37, Благоје Марјановиќ 36 голови и Саво Милошевиќ 35 голови.

Управата на ФК Црвена Ѕвезда на 21 декември 2014 година донела одлука за преименување на стадионот во чест Рајко Митиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

32x28п Портал „Фудбал