Прејди на содржината

Бела Паланка

Координати: 43°13′N 22°19′E / 43.217°N 22.317°E / 43.217; 22.317
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела Паланка
Бела Паланка
Град и Општина
Поглед на Бела Паланка
Поглед на Бела Паланка
Грб на Бела Паланка
Бела Паланка is located in Србија
Бела Паланка
Бела Паланка
Координати: 43°13′N 22°19′E / 43.217°N 22.317°E / 43.217; 22.317
ДржаваСрбија
Управен ОкругПиротски
ОпштинаБела Паланка
Населби46
Површина[1]
 • Општина551 км2 (213 ми2)
Население (2022)
 • Град7,140
 • Општина9,947
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број18310
Повик. бр.+381 18
Рег. таб.PI
Мреж. местоbelapalanka.org.rs

Бела Паланка е град и општина која се наоѓа во Пиротскиот Управен Округ во Јужна Србија. Спрема податоците од 2022 година населението во градот изнесувало 7.140 жители, додека во целата општина 9.947 жители. Во античко време градот бил познат како Ремезијана (Remesiana). Името Бела Паланка значи белото гратче.

Географија

[уреди | уреди извор]

Бела Паланка е мал град во југоисточниот дел на земјата и е опкружен со села и планини. Градот е достапен до блискиот град Ниш со автобуси на Ниш Експрес кои работат од Ниш до Пирот, Бабушница, Димитровград, и Софија.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Населби во општината: Бабин Кал, Бежиште, Бела Паланка, Букуровац, Вета, Витановац, Врандол, Вргудинац, Глоговац, Горна Глама, Горна Коритница, Горни Рињ, Градиште, Дивљана, Долац (населба), Долац (село), Долна Глама, Долна Коритница, Долни Рињ, Дражево, Клење, Клисура, Козја, Космовац, Кременица, Крупац, Ланиште, Лесковик, Љубатовица, Мирановац, Мирановачка Кула, Моклиште, Мокра, Ново Село, Ореовац, Пајеж, Сињац, Тамњаница, Теловац, Топоница, Црвена Река, Црвени Брег, Црнче, Чифлик , Шљивовик, Шпај.

Општина Бела Паланка во карта на Србија

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот првично бил заземан од страна на Дакијците и бил познат како Аиадава (Aiadava) или Аеадаба (Aeadaba). Тракијците ја населувале оваа област, сè до нивната асимилација од страна на Римјаните.

Во античкиот период, во областа на денешна Бела Паланка, постоел важниот град Ремезијана. Основана околу 280 година пр. Хр., Ремезијана најверојатно го добила своето име по келтското племе Реми (чие присуство на овие простори не е потврдено), или по тракиското лично име Ремезис или Ромезис. Во различни антички патни карти, Ремезијана се споменува под неколку имиња како патна станица (mansio). Скоро ништо не е познато за најраната историја на населбата. Во IV век епископ на Ремезијана бил Св. Никита Ремезијански кој го покрстил Тракијското племе Беси и најверојатно ја превел Библијата на нивниот јазик.

Од 1929 до 1941, Бела Паланка била дел од Моравската Бановина на Кралството Југославија.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Етнички групи во општината (2022 попис):

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Општини во Србија, 2006 г.“. Републички завод за статистика на Србија. Посетено на 28 ноември 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]