Фудбалски клуб Црвена ѕвезда (српски: Црвена звезда) — фудбалски клуб од Београд, Србија. Во светот, клубот е познат и како: Red Star (Англиски), Roter Stern (Германија), Etoile Rouge (Франција), Stella Rossa (Италија), Estrella Roja (Шпанија), Rode Ster (Холандија), Røde Stjerne (Норвешка), Steaua Roşie (Романија).
Во сезоната 2014-2015 година, поради неисплатените долгови кон поранешните фудбалери, тренери и вработените во клубот, „Црвена ѕвезда“ добила забрана од УЕФА за настап во квалификациите за европските купови, иако во претходната сезона била српски шампион. Подоцна, во февруари2015 година, УЕФА му дала ултиматум на клубот да ги исплати заостанатите долгови (во износ од 11,9 милиони евра) до 31 мај, со закана дека во спротивно ќе биде исфрлен од српската Суперлига.[1] Како последица на кризата во клубот, на почетокот на август2015 година, оставки поднеле шестмина од раководството, на кои подоцна им се придружил и директорот на клубот, Звездан Терзиќ.[2] Во 2018 година Црвената ѕвезда го елиминирала Ред Бул Салцбург во квалификациска фаза и плеј-оф кругот 2018-19 година во УЕФА Лигата на Шампионите плејофот круг, и се квалификувала во групната фаза на Лигата на Шампионите, што значело дека Црвена ѕвезда ќе се натпреварувала за првпат откако новиот формат бил интуиран.[3]