31 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Мај 2016 31 мај е 151-иот ден во годината според григоријанскиот календар (152-и во престапна година). Остануваат 214 денови до крајот на годината.

Настани:

1942  Чехословачките патриоти го убија водачот на Гестапо, Рајнхард Хајдрих, еден од најсуровите нацистички злосторници, организатор на најмасовните масакри врз Полјаците, Евреите и Русите. Во знак на одмазда, нацистите го уништија селото Лидице и ги убија нивните жители.
1961  Јужна Африка се прогласи за република, за претседател на ЈАР е избран Чарлс Робертс Сварт, а државата го напушти Британскиот комонвелт.
1962  Во Израел е извршена смртна казна со бесење врз нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од главните извршители на Хитлеровото „конечно решение“ на еврејското прашање во Европа. Во судскиот процес е утврдено дека Ајхман е виновен за смртта на шест милиони луѓе.
1991  Во Лисабон е потпишан мировен Договор за Ангола, според кој, по околу 16 години заврши граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:

1656  Марен Марефранцуски композитор за виола да гамба.
1819  Волт Витман — американски поет.
1892  Константин Паустовски — руски и советски писател.
1908  Дон Амичи — американски глумец.
1911  Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
1930  Клинт Иствуд — американски филмски актер и режисер.
1941  Вилијам Нордхаус — американски економист.
1948  Џон Бонам — англиски рок-музичар, член на групата „Лед цепелин“.
1965  Брук Шилдс — американска глумица.
1969  Тони Цетински — хрватски пејач.
1986  Роберт Гесинк — холандски велосипедист.
1989  Марко Ројс — германски фудбалер.

Починале:

1594  Јакопо Робусти Тинторетоиталијански сликар.
1809  Франц Јозеф Хајдн — австриски класицистички композитор.
1854  Ватрослав Лисинскихрватски композитор.
1953  Владимир Татлин — руски и советски сликар и архитект.
1962  Адолф Ајхман — нацистички функционер.
1978  Јожеф Божик — унгарски фудбалер.
1983  Џек Демпси — американски боксер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември