8 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< декември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

8 декември е 342-иот ден во годината според григоријанскиот календар (343-и во престапна година). Остануваат 23 денови до крајот на годината.

Настани:

883  Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.
1914  Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
1925  По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
1948  Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.
1949  Во околината на градот Панаѓуриште (Бугарија) е пронајдено познатото Панаѓуришко богатство од златни предмети од стара Тракија (IV-III век п.н.е.).
1991  Во Токио, „Црвена ѕвезда“ го освоила Интерконтиненталниот куп, победувајќи го во финалето тимот на „Коло Коло“ со 3:0.
1994  Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
1997  Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се формирала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден трилион долари.

Родени:

1542  Марија Стјуарт — кралица на Шкотска и Франција.
1626  Кристина — кралица на Шведска.
1886  Диего Ривера — мексикански уметник.
1933  Леав Борисов — руски глумец.
1939  Фахрудин Јусуфи — југословенски фудбалер.
1943  Џим Морисонамерикански пејач и текстописец на рок групата The Doors.
1948  Виктор Габер — македонски дипломат.
1953  Владислав Козакиевич — полски атлетичар.
1958  Виталиј Мутко — руски политичар.
1961  Ермис Лафазановски — македонски раскажувач.
1962  Џеват Адеми — македонски политичар.
1964  Тери Хачер — американска глумица.
1965  Ибрахим Муртезани — поранешен член на ОНА.
1980  Ќемал Аломеровиќ — македонски фудбалер.
1981  Азра Акин — турско-холандска глумица и манекенка.
1983  Елена Дембо — руска шахистка.
1983  Павел Погребњак — руски фудбалер.
1984  Златко Даскаловски — македонски ракометар.
1984  Ники Минаж — рап пејачка.
1991  Лиан Пеиксинг — кинеска кануистка-спринтер.

Починале:

1638  Иван Гундулиќ — хрватски поет и драмски писател.
1980  Џон Ленон — англиски музичар, член на групата „Битлси“.
2001  Мирза Делибашиќ — босански и југословенски кошаркар.

Празници:

Свети Климент Охридски - државен празник во Република Македонија
Студентски празник во Бугарија и Македонија
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември