Стево Жигон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стево Жигон
Stevo Žigon
Стево Жигон на српска поштенска марка од 2009 година
Роден(а)8 декември 1926(1926-12-08)
Љубљана, Кралство СХС
(денес Словенија)
Починал(а)28 декември 2005(2005-12-28) (возр. 79)
Белград, Србија и Црна Гора
(денес Србија)
НационалностЈугословен (1926-1941, 1945-1992)
СР Југословен/Србо-Црногорец (1992-2005)
НародностСловенец
ОбразованиеФакултет за драмски уметности
Алма матерУниверзитет за уметности во Белград
ЗанимањеГлумец, театарски режисер, сценарист

Стево Жигон (Љубљана, 8 декември 1926 - Белград, 28 декември 2005) — југословенски и југословенски/српско-црногорски филмски, телевизиски и театарски глумец и режисер од словенечка народност.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стево Жигон е роден на 8 декември 1926 година во Љубљана, во кројачко семејство со словенечко потекло, од татко Стефан и мајка Марија Жигон, родум од Трст. Неговите родители, откако Мусолини и фашистите дошле на власт во 1922 година од Италија се преселиле во Љубљана, каде што Стево од 1937 година учел гимназија, а во 1945 година матурирал. Во февруари 1942 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Како млад, тој поминал една година затворен во германски, белогардејски и италијански затвор, а последните две години од војната ги поминал во злогласниот концентрационен логор Дахау, од декември 1943 година до мај 1945 година, каде го научил германскиот јазик. Поради познавањето на јазикот и познавањето на менталитетот, многу често подоцна играл улоги на цинични и ладни германски офицери.[1]

Студирал глума во Љубљана, каде што завршил еден семестар на Академијата за глумечка уметност и Ленинград, каде студирал од 1946 година до 1948 година на тамошниот Ленинградски театарски институт.[1] Дипломирал во 1952 година во извонредната класа на Академијата за театарска уметност во Белград.[2] Тој бил еден од првите асистенти на Академијата за театарска уметност, при нејзиното основање во 1949 година. Пресвртниците во неговата уметничка кариера се поврзани со Бојан Ступица, кој придонел за негово вклучување во филмот и режијата. Со текот на годините, тој сè помалку глумел во Југословенскиот драмски театар (ЈДП) и Ателје 212, а сè повеќе се свртел кон режијата.[3] Своето филмско деби го имал во 1950 година со две мали улоги. Како две најдобри улоги ја издвојува новинарската во филмот „Кислород“ (М. Клопчиќ, 1970 г.), за која е награден со Златна арена на фестивалот во Пула, како и онаа во филмот „Рондо“ (З. Берковиќ, 1966). Имал забележителна улога и на телевизија, а особена популарност стекнал играјќи го ликот на озлогласениот мајор Кригер во ТВ сериите Отпишаните и Враќање на отпишаните. Тој, исто така, глумел во кратки играни филмови (на пр. на Н. Стојановиќ).[1]

Во 1968 година за време на јунските студентски демонстрации во Белград, неговото појавување во дворот на Филозофскиот факултет и неговата изведба со инсерт од драмата „Смртта на Дантон“, каде со својот говор на судењето на Дантон го глумел чесниот, бескомпромисниот и суров Робеспјер, предизвикал експлозија од одушевување кај студентите кои го слушале и гледале: „. . . кога ќе погледнеме како овие маркизи и грофови на Револуцијата се коцкаат, кога нив ги гледаме со право може да се запрашаме дали тие го ограбиле народот. . . ! Нема спогодба, нема примирје со луѓе за кои Републиката е шпекулација, а Револуцијата е занает! ! ..." [1]

Според својата идеолошка определба, тој се декларирал како комунист и бил почитувач на ликот и делото на Сталин. Категорично ги бранел идеите на атеизмот.[1]

На првите повеќепартиски избори во Србија во 1990 година бил кандидат на Социјалистичката партија на Србија (СПС) за пратеник, но не бил избран.

Неговата сопруга Јелена и ќерката Ивана се исто така познати глумици. Неговиот вонбрачен син Вид Жигон (1971) живее во Словенија.[4]

Починал на 28 декември 2005 година во Белград. Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.

Режирал[уреди | уреди извор]

Режирал во следните театри:

Неговата режија на Хамлет е особено запаметена како предизвикувачка и полемична.

Театарски улоги[уреди | уреди извор]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1950 Чудотворен меч
1950 Црвен цвет Блаж
1957 Ќе се вратам Бранко Медан, полковник
1958 Кала Филозоф
1959 Пет минути рај Стеван
1960-ти
1960 Голем потфат
1960 Сплетка и љубов
1960 X-25 јавува Ханс Биндер
1961 Хеда Габлер
1961 Песна
1961 L'enclos
1963 Шест свечени покани (ТВ-серија)
1964 Отровна билка
1964 Службена положба
1965 После одморот
1965 Маестро
1965 Болничка соба
1966 Лола Ѓукиќ и Новак Новак
1966 Премиера
1966 Балада за враќањето
1966 Крешталка
1966 Амандус Жан
1966 Црн снег Емил Маргетиќ
1966 Рондо Младен
1966 Топли години
1967 Коктел (ТВ-филм)
1967 Мементо Вили Милер
1967 Егор Буличов (ТВ-филм) Андреј Звонцов
1967 Височка хроника Јоханес Франциска
1968 Самци (ТВ серија)
1968 Бегство Сергеј Павлович Голупков
1968 Календар на Јован Орловиќ Дарко
1968 Тишина
1968 Валкани раце
1968 Опатица и комесар Доктор Симиќ
1969 Потоп (ТВ-филм)
1969 Обична приказна
1969 Безимена ѕвезда
1969 Бура
1969 На дан пожара Дошен
1969 Недозвани
1969 Како да ти кажам ТВ-серија /
1970-ти
1970 Оксиген
1971 Голема работа
1971 Влегува слободен човек (ТВ)
1971 Патување на местото на несреќата Нино
1971 Чедомир Илиќ Министер
1972 Дамон (ТВ) Дамон
1972 Девојка од Космај Мајор Бекер
1972 Валтер го брани Сараево Др. Мишковиќ
1973 Последни
1973 Полицајци
1973 Дубравка
1973 Изгнаници
1973 Павилјон број шест Командант на градот
1973 Опасни средби
1974 Оглас Бриски
1974 Флоријановиќ
1974 Валтер го брани Сараево (ТВ-серија) Др. Мишковиќ
1974 Отпишаните Мајор Кригер
1974 Њурци
1974 Парлог
1974 Димитрије Туцовиќ (ТВ-серија) Лав Троцки
1974 Страв Благот Баласица
1975 Живи врски
1975 Андерсонвил — Логор смрти
1974—1975 Отпишаните Мајор Кригер
1975 Sie kommen aus Agarthi
1976 Марија
1976 Случајот на матурантот Вагнер Филип Вагнер
1976 Диспут во ноќта Еразмо Ротердамски
1976 Враќање на отпишаните Мајор Кригер
1976 На патот на предавство кнез Павле Караѓорѓевиќ
1976 Волци и овци
1976 Идеалист Свештеник од Запоље
1978 Маска Александар фон Бах
1978 Окупација во 26 слики Хубичка
1978 Љубов во единаесеттата
1978 Павилјон VI
1978 Отпишаните ТВ-филм Кригер
1978 Враќање на отпишаните ТВ-серија Кригер
1979 Слом Кнез Павле Караѓорѓевиќ
1979 Новинар Томац
1979 Се сеќавам
1980-ти
1980. Луди години 2 Директор на училиштето
1980 Чин
1980 Летување на југ
1981 Во агонија
1981 Шеста брзина Началник
1981 Жед
1981 Седам секретара СКОЈ-а
1982 Настојање Професор Херак
1982 Десеттиот брат Пискав
1982 Приче из радионице Начелник
1983 Стриковците ми раскажуваа
1983. Мртвите не се враќаат (мини-серија)
1983 Како систематски сум уништен од идиоти Се глумел себеси
1985 Црвени и црни Трстенски фашист
1985 Црвена барака
1986 Примож Трубар (ТВ-серија)
1986 Вечерни ѕвона Паоло Мензе
1986 Miss
1986 Еретик
1987 Случај Хармс Професор
1987 Домот на Бергманови Конрад
1987 Погрешна процена Димитрије Љотиќ
1988 Халоа — празник на курвите Професор Манфред
1988 Роман за Лондон (ТВ-серија) Доктор Сергејевич Крилов
1988 Вечерни ѕвона (ТВ-серија) Паоло Мензе
1988 Вук Караџиќ Клеменс Метерних
1988 P.S. Post Scriptum
1990-ти
1991 Туце свилени чорапи
1991 Брачни патувања Гроф Јохан фон Финсенберг
1992 Пофалба на светиот кнез Лазар
1993 Кажи зошто ме остави Старец
1993 Подобро од бегство Театарски режисер
1994 Милена од Прага СС офицер
1993—1994 Среќни луѓе Доктор Ловчевиќ
1994 Полицаецот од Петлово Брдо Таткото на Марина
1995 Наследство Адвокат Спасоје
1995 Сложни браќа Русин од Унпрофор
1995 Крај на династијата Обреновиќ Чариков
1995—1996 Среќни луѓе 2 Доктор Ловчевиќ
1998 Кралевски гамбит
1998 Британски гамбит Шкотски доброволец кај партизаните

Книги[уреди | уреди извор]

Ги напишал:

  • Стево Жигон - хроника
  • Монолог за театарот
  • Драматизации и адаптации

Признанија[уреди | уреди извор]

Гробот на Жигон во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград
  • Орден на трудот со златен венец ,
  • Седмојулска награда ,
  • Златна арена, 1970 година,
  • Статуетка „Јоаким Вујиќ“ ,
  • Награда „Бојан Ступица“ ,
  • Плакета на Московскиот театар Мали,
  • Плакета ЈДП ,
  • Плакета на Народниот театар во Белград ,
  • Медал на почесен граѓанин на Русија,
  • Златен медал „Николај Мордвинов“,
  • Гран при на фестивалот „Златен витез“ во Москва ,
  • Добричин прстен, 2002 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Stevo Žigon Biografija“. secanja.com. Посетено на 20. 3. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Стево Жигон“. srpskoblago.rs. Архивирано од изворникот на 3. 9. 2013. Посетено на 16. 5. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. „Стево Жигон — Глума у филмовима“. filmovi.com. Посетено на 16. 5. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. СТЕВО ЖИГОН ЈЕ ИМАО ВАНБРАЧНОГ СИНА: Пред смрт ме је молио да му опростим („Вечерње новости”, 18. новембар 2020)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]