7 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2025 7 декември — 341-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (342-и во престапна година). Остануваат 24 денови до крајот на годината.
Настани:
| 43 п.н.е. | Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и филозофи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија. |
| 1900 | Макс Планк ги открил законите за црнотелесно зрачење. |
| 1917 | Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австроунгарија. |
| 1941 | Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Тихиот Океан. |
| 1988 | Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе. |
| 1995 | Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје. |
| 2005 | Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од Хашкиот трибунал, на Канарските Острови. |
Родени:
Починале:
| 1894 | Фердинанд де Лесепс — француски дипломат и инженер |
| 1993 | Блаже Конески — еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската книжевност во областа на културната историја на македонскиот народ. |
| 2018 | Љупка Арсова - Џундева — театарска, филмска и телевизиска глумица. |
| 2020 | Тихомир Арсиќ — српски глумец. |