Прејди на содржината

Давид Гофен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Давид Гофан)
Давид Гофен
David Goffin
ЗемјаБелгија Белгија
Место на живеењеЛиеж, Белгија
Роден на7 декември 1990(1990-12-07)(34 г.)
Роден воЛиеж, Белгија
Спорт Тенис
Висина&100000000000001800000001,80 м
Професионалец2009
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 2.466.438
Поединечно
Победи-порази83-73
Титули2
Највисок пласманБр. 14 (13 јули 2015)
Сегашен пласманБр. 15 (31 август 2015)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2R (2015)
Ролан Гарос4R (2012)
Вимблдон4R (2015)
УС Опен3R (2014, 2015)
Во двојки
Победи-порази0–10
Титули0
Највисок пласманБр. 612 (11 октомври 2010)
Ажурирано на: 7 септември 2015.

Давид Гофен (француски изговор: [da.vid ɡɔ.fɛ̃]); роден на 7 декември 1990 во Лиеж - белгиски тенисер. Професионално игра тенис од 2009 година. Во моментов се наоѓа на 15 место на АТП листата и е најдобар белгиски тенисер. Во кариерата, Гофен има освоено 2 АТП титули.

Негова омилена површина е тврдата подлога. Својата прва победа на АТП турнирите Гофен ја забележал во 2011 на турнирот Ченај Опен 2011 во Индија победувајќи го првиот индиски тенисер Сомдев Деварман со 6-2, 6-4. Во второто коло тој загубил од швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.[1]

Во 2012 година, за првпат во својата кариера стигнал до четвртфинале на еден АТП турнир, на Ченај Опен 2012, откако го победил својот сонародник Ксавје Малис и германскиот тенисер Андреас Бек.

На Ролан Гарос 2012, тој не успеал да го помине последното квалификациско коло во квалификациите, но благодарение на откажувањето на Гаел Монфис тој влегол во првото коло од натпреварувањето. Во првото коло, тој играл против 23-от носител Чехот Радек Штепанек и го победил во натпревар во 5 сета.[2]. Во второто коло Гофен се сретнал со францускиот ветеран Арно Клеман (кој го играл својот последен Ролан Гарос) и победил повторно во пет сета. Гофен потоа го победил Полјакот Лукаш Кубот со 7–6, 7–5, 6–1 во третото коло и станал првиот „Лаки лузер“ (Lucky Loser, Среќен губитник) по 1995 година што успеал да стигне до четвртфиналето.[3] Во четвртфиналето Гофен бил поразен од третиот носител Рожер Федерер во четири сета.[4]

Тој добил вајлд-карта за Вимблдон 2012 и во првото коло го победил 20-от носител, четвртфиналистот од 2011 година, Бернард Томиќ. Потоа во второто коло го победил Американецот Џеси Левин но во третото коло загубил од 10-от носител Американецот Марди Фиш со 6-3, 7-6, 7-6.

АТП финалиња во кариерата

[уреди | уреди извор]

Поединечно: 5 (2-3)

[уреди | уреди извор]
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 series (0–1)
АТП World Tour 250 series (2–2)
Финалиња по подлога
Тврда (1–1)
Земја (1–1)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 2 август 2014 Кицбиел, Австрија Земја Австрија Доминик Тим 4–6, 6–1, 6–3
Победник 2. 21 септември 2014 Мец, Франција Тврда Португалија Жоао Соуза 6–4, 6–3
Финалист 1. 26 октомври 2014 Базел, Швајцарија Тврда Швајцарија Роџер Федерер 2–6, 2–6
Финалист 2. 14 јуни 2015 Хертогенбош, Холандија Трева Франција Николас Мау 6–7(1–7), 1–6
Финалист 3. 2 август 2015 Гштад, Швајцарија Земја Австрија Доминик Тим 5–7, 2–6

Челинџер финалиња

[уреди | уреди извор]

Поединечно: 8 (7–1)

[уреди | уреди извор]
Легенда
АТП Челинџер серија (7–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 20 септември 2010 Словенија Љубљана, Словенија Земја Словенија Блаж Кавчич 6–2, 4–6, 5–7
Победник 1. 27 март 2012 Гваделуп Ле Гозје, Гваделуп Тврда Германија Миша Ѕверев 6–2, 6–2
Победник 2. 24 септември 2012 Франција Орлеан, Франција Тврда Белгија Рубен Бемелманс 6–4, 3–6, 6–3
Победник 3. 15 јули 2013 Турција Ескишехир, Турција Тврда Турција Марсел Илхан 4–6, 7–5, 6–2
Победник 4. 7 јули 2014 Холандија Шевенинген, Холандија Земја Германија Андреас Бек 6–3, 6–2
Победник 5. 14 јули 2014 Полска Позњан, Полска Земја Словенија Блаж Рола 6–4, 6–2
Победник 6. 21 јули 2014 Финска Тампере, Финска Земја Финска Јарко Ниеминен 7-6(7–3), 6-3
Победник 7. 29 септември 2014 Белгија Монс, Белгија Тврда Белгија Стив Дарсис 6–3, 6–3
  1. „Биографија на Гофен на ИТФ“. тенисер. nn. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. Hanford, Ian (29 мај 2012). „French Open 2012 Scores: Shocking Results from Roland Garros' First 2 Days“. Bleacher Report. Посетено на 30 мај 2012.
  3. „Lucky loser Goffin enjoys French Open record run“. The Times of India. 1 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 1 јуни 2012.
  4. „Давид Гофен“. BBC Sport. 2012-06-03. Посетено на 2012-06-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Награди
Претходник
Шпанија Рафаел Надал
АТП повратен играч на годината
2014
Наследник
Актуелен