Тампере

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тампере (шведски: Tammerfors; фински: Tampereen kaupunki) — вториот град по големина во Финска и седиште на средишниот дел на државата. Градот е исто така седиште на областа Пирканската земја, која ја сочинува една општина. Поширокото подрачје на градот брои близу 300 илјади луѓе. Во самиот град живеат околу 215 илјади жители.

Географски карактеристики[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на Финска. Од главниот град на држвата, Хелсинки е оддалечен 180 километри северно. Тампере е најсеверниот голем град во ЕУ, кој не е приморски, а се наоѓа во внатрешноста. Се наоѓа во внатрешноста на Скандинавија, во историската област Пирканска земја. Подрачјето е рамничарско до ридесто, а надморската височина е 77-120 метри. Климата е остра континентална на премин кон субполарна. Затоа зимите се остри и долги, а летата свежи.

Климатски податоци за Tampere (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 8.0
(46)
9.4
(49)
14.9
(59)
24.2
(76)
28.4
(83)
31.7
(89)
32.5
(91)
31.8
(89)
24.8
(77)
18.4
(65)
11.1
(52)
9.6
(49)
32.5
(91)
Прос. висока °C (°F) −3.4
(26)
−3.5
(26)
1.2
(34)
8.2
(47)
15.4
(60)
19.5
(67)
22.2
(72)
19.9
(68)
14.0
(57)
7.5
(46)
1.5
(35)
−1.9
(29)
8.4
(47)
Сред. дневна °C (°F) −6.4
(20)
−6.9
(20)
−2.8
(27)
3.3
(38)
9.7
(49)
14.1
(57)
16.9
(62)
15.0
(59)
9.8
(50)
4.6
(40)
−0.6
(31)
−4.5
(24)
4.4
(40)
Прос. ниска °C (°F) −9.7
(15)
−10.6
(13)
−6.6
(20)
−1.3
(30)
3.8
(39)
8.6
(47)
11.7
(53)
10.4
(51)
5.9
(43)
1.9
(35)
−3.0
(27)
−7.6
(18)
0.3
(33)
Најниска забележана °C (°F) −35.8
(−32)
−31.8
(−25)
−29.1
(−20)
−14.8
(5)
−7.2
(19)
−3.0
(27)
1.5
(35)
−0.4
(31)
−7.0
(19)
−16.4
(2)
−21.9
(−7)
−33.0
(−27)
−35.8
(−32)
Прос. врнежи мм (ин) 41
(1.61)
29
(1.14)
31
(1.22)
32
(1.26)
41
(1.61)
66
(2.6)
75
(2.95)
72
(2.83)
58
(2.28)
60
(2.36)
51
(2.01)
42
(1.65)
598
(23.54)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) 22 18 16 12 12 13 15 15 14 17 21 22 197
Прос. релативна влажност (%) 90 87 82 70 63 66 69 76 82 87 91 92 80
Извор: Finnish Meteorological Institute[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Тампере било населено во време на доцната праисторија. Ја основал кралот Густав III од Шведска во 1775 година како трговско место околу реката Тамеркоски. Во тоа време градот бил мал. Меѓутоа во 19 век, кога градот припаѓал на Руското царство израснал во голем трговски и стопански центар. Во втората половина на 19 век, градот ја претставувал пола финска индустрија. Индустриското значење на градот, посебно на полето на текстилната индустрија, во 19 и 20 век му го даваат името „Манчестер на северот“.

Градот бил и центар на значајни политички случувања. После генералниот штрајк во градот во 1905 година, финците добиле повеќе права од рускиот цар, а во 1918 година, Финска се стекнала со независност. После Втората светска војна, Тампере се развил во современ град.

Население[уреди | уреди извор]

Според проценките од 2011 година, во градот живееле 215.168 жители, а во поширокото градско подрачје околу 300 илјади жители.

Тампере за разлика од Хелсинки и Турку, секогаш бил населен со финци. Последните децении, населението во градот постанало шаренолико. По последните податоци преовладуваат етничките финци со 94,9%, присутни се и швеѓаните со 0,5%. Од новите доселеници посебно бројни се русите.

Образование[уреди | уреди извор]

Во градот има два универзитети: Универзитет во Тампере и Тамперскиот политехнички универзитет. Двата универзитет имаат околу 10.000 студенти.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]