Прејди на содржината

Асоцијација на тениските професионалци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Асоцијација на тениските професионалци (АТП)
Спорт Професионален тенис
Датум на основање 1972 година
Локација Лондон
Монако
Понте Ведра
Сиднеј
Претседател Италија Андреа Гауденци
Директор Италија Масимо Калвели

Асоцијацијата на тениските професионалци или скратено АТП е основана во 1972 година од Џек Кремер, Доналд Деф и Клиф Дрисдејл за да ги заштити интересите на машките професионални тенисери. Од 1990 година, здружението ја организира светската тениска турнеја за мажи под називот АТП турнеја (ATP Tour), која во 2001 година го променила називот во АТП, но во 2009 година името повторно било променето во светска тениска турнеја за мажи позната под називот АТП светска турнеја (ATP World Tour)[1] Оваа промена произлегува од еволуцијата на турнирите кои претходно биле познати под називите Гран при тениски турнири и Светско тениско првенство.

Извршното тело на АТП се наоѓа во Лондон. АТП Америка е стационирано во Понто Ведра, Флорида, САД; АТП Европа се наоѓа во Монако; а АТП Интенационал, кое ги покрива Африка, Азија и Австралија се наоѓа во Сиднеј.

Организација за женските професионални тенисерки се вика Женска Тениска Организација.

АТП Турнеја

[уреди | уреди извор]
Старото лого

АТП Турнејата ја сочинуваат натпреварите на Гренд Слемовите, АТП Мастерс 1000, АТП Мастерс 500, АТП Мастерс 250, АТП Челенџер серијата и Фјучерс турнирите. АТП исто така ги организира Светскиот Тимски Куп, кој се игра во Диселдроф и АТП Чемпионс Тур.

Деталите за професионалните тениски турнири се:

НастанБројПарична награда (УСД)Поени за победникотИзвршно тело
Гренд Слем4види поединечни статии2,000ИТФ
АТП Мастерс куп14,450,0001100-1500АТП & ИТФ
АТП Мастерс 100092,450,000 - 3,645,0001000АТП
АТП Мастерс 50013755,000 - 2,100,000500АТП
АТП Мастерс 25040416,000 - 1,024,000250АТП
АТП Челенџер серија17835,000 - 168,00080 до 125АТП
Фјучерс турнири53415,000 и 25,00010 до 20ИТФ

Рангирање

[уреди | уреди извор]

АТП го објавува неделното рангирање на професионални тенисери, АТП Рангинг, 52-неделно рангирање, а до 2009 и АТП Трка, годишно рангирање. Ова рангирање се користи за одредување на учесниците и носителите во сингл или дабл. Рангингот трае 52 недели, каде бодовите се собираат, со осклучок на оние освоени од претходната сезона на следниот турнир. Играчот со најмногу бодови на крајот од сезоната е прогласен за 'Светски Рекет број 1 на годината. На стартот од 2009 сезона, сите собрани бодови се дуплираа за да се согласат со новиот систем на рангирање.

АТП Трката беше трка од почетокот на сезоната до нејзиот крај и беше запрена во 2009[2]. Секој играч започнува да собира бодови од почетокот на сезоната. На крајот од сезоната, АТП Трката одлучува кои натпреварувачи и тимови (првите осум за сингл и првите четири за дабл) ќе играат на Тенискиот Мастерс Куп, сега преименуван во Финале на Светскиот Тур.

Моментално рангирање

[уреди | уреди извор]
АТП ранг листа (поединечно), од 12 септември 2022 [3]
# Играч Бодови Промена
1  Карлос Алкараз (ШПА)67403
2  Каспер Руд (НОР)58505
3  Рафаел Надал (ШПА)5810
4  Данил Медведев (РУС)50653
5  Александар Зверев (ГЕР)50403
6  Стефанос Циципас (ГРЦ)48101
7  Новак Ѓоковиќ (СРБ)35701
8  Камерон Нори (ВБР)35501
9  Андреј Рубљов (РУС)33902
10  Хуберт Хуркач (ПОЛ)3355
11  Јаник Синер (ИТА)32002
12  Тејлор Фриц (САД)3055
13  Феликс Оже-Алиасим (КАН)29505
14  Пабло Карењо Буста (ШПА)25101
15  Матео Беретини (ИТА)23601
16  Марин Чилиќ (ХРВ)23451
17  Диего Швартцман (АРГ)21101
18  Карен Хачанов (РУС)199013
19  Франсес Тијафо (САД)19407
20  Ник Кирјос (АВС)17805

Промени од минатонеделното рангирање

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Светска турнеја на АТП 2010

  1. „Kamakshi Tandon: Posing 10 ATP questions for 2009“. ESPN.com (англиски). 6. 11. 2008. Посетено на 22. 9. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-03-03. Посетено на 2010-02-28.
  3. „Singles Rankings“. ATP Tour. Посетено на 12 септември 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]