Новак Ѓоковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Новак Ѓоковиќ
Novak Djokovic Hopman Cup 2011.jpg
Прекар Ноле, Џокер
Земја  Србија
Место на живеење Монте Карло, Монако
Дата на раѓање 22 мај 1987
Место на раѓање Белград, Србија
Висина 1.88м
Тежина 80 кг
Професионалец 2003
Игра со десна рака
Заработка $45.686.497
Синглови
Резултат: 742–152
Титули во кариера: 58
Највисок дострел: Бр. 1 (4 јули 2011 година)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен П (2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016)
Ролан Гарос П (2016)
Вимблдон П (2011, 2014, 2015)
УС Опен П (2011, 2015)
Двојки
Резултат: 42–57
Титули во кариера: 1
Највисок дострел: Бр. 114 (30 ноември 2009 година)

Инфокутијата е последен пат надоградена на:
8 ноември 2015.

Медали
Тенис во машка конкуренција
Натпреварувач за  Србија
Олимписки Игри
Бронза 2008 Пекинг Синглови

Новак Ѓоковиќ (српски: Новак Ђоковић / Novak Đoković; р. 22 мај 1987, Белград, СФР Југославија) е професионален тенисер од Србија.

Ѓоковиќ бил првиот српски тенисер кој победил на „гренд-слем“ турнир во поединечна категорија и најмладиот играч кој стигнал до полуфинале на еден „гренд-слем“ тунир.[1] Тој е еден од четирите играчи (заедно со Давид Налбандијан, Давид Ферер и Рафаел Надал) кој го победил Роџер Федерер трипати во една календарска година; еден од трите играчи (заедно со Налбандијан и Николај Давиденко) кој ги победил и Федерер и Надал во еден ист турнир; најмладиот играч од поновата ера кој ги победил трите најдобри тенисери еден по друг, кога во Роџерс-купот во 2007 година ги победил третиот, вториот и првиот во светот (Енди Родик, Рафаел Надал и Роџер Федерер, соодветно) итн.

Ѓоковиќ освоил бронзен медал претставувајќи ја Србија на Олимписките игри во 2008 година, а во 2010 година ја предводел Србија до победата во Дејвис купот. Ѓоковиќ завршувал на третото место на табелата на АТП во четири последователни години, од 2007 до 2010 година. Од финалето во Дејвис купот во 2010 година до „мастерсот“ во Рим во 2011 година, Ѓоковиќ направил низа од 36 последователни победи, вклучувајќи ги титулите на Австралијан Опен, Дубаи, „мастерсот“ во Индиан Велс, Србија Опен и „мастерсот“ во Мадрид. Подоцна, тој победил на 41 последователни натпревари од почетокот на 2011 година, што е втора најдолга низа од 1980 година (зад Џон Мек Енроу кој имал 42 последователни победи во 1984 година). Ѓоковиќ е двоен добитник на наградата најдобар спортист во Србија и најдобар спортист според Олимпискиот Комитет на Србија и се смета за најдобриот машки тенисер кој произлегол од Србија и поранешната Југославија. Исто така, Ѓоковиќ е носител на Орденот на Св. Сава, најголемиот орден на СПЦ.

Биографија[уреди | уреди извор]

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ.[2]

Тој започнал да игра тенис на четиригодишна ворзаст, а на осумгодишна возраст бил забележан од југословенската тениска легенда Јелена Генчиќ, која за него изјавила: „Ова е најголемиот талент кој сум го видела од Моника Селеш“.[3][4] На возраст од 12 години, Новак поминал три месеци во тениската академија на Никола Пилиќ во Минхен, Германија, а на возраст од 14 години, започнала неговата меѓународна тениска кариера, победувајќи на европскиот шампионат во поединечна, дубл и тимска конкуренција. Тој живее во Монте Карло, Монако.

Ѓоковиќ е, исто така, познат по неговите хумористични имитации на неговите пријатели помеѓу играчите надвор од теренот. Така, по неговата победа во 2007 година на УС Оупен во четвртфиналето над Карлос Моја, тој ја забавувал публиката, имитирајќи ги Рафаел Надал и Марија Шарапова. Подоцна, тој направил и имитација на тенискиот великан Џон Мекинро, на УС Опен во 2009 година, кога одиграл краток натпревар со Мекинро, на големо задоволството на публиката. Поради неговиот добродушен карактер, тој го заработил прекарот „Џокер“, врз основа на неговото презиме и зборот „шегаџија“ (Joker).

Тениска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Во 2001 година, како член на националниот тим на СР Југославија, Ѓоковиќ стигнал до финалето на Јуниорскиот Дејвис Куп за возраст до 14 години, каде што го загубил мечот во поединечна категорија.

На почетокот на неговата професионална кариера, Ѓоковиќ главно играл во групната фаза на турнирите, освојувајќи по три од секој од нив од 2003 до 2005 година. Неговиот прв турнир за пласман бил во Умак во 2004 година, каде што се соочил со Фелипо Воландри, при што загубил со 6-7 и 1-6. За прв пат, тој заиграл на Гренд слем турнир во 2006 година, кога се квалификувал на Австралијан Опен. Таму, тој се сретнал со Марат Сафин во првата рунда и загубил со 6-0, 6-2 и 6-1, а подоцна, Сафин го освоил турнирот.

2006 година[уреди | уреди извор]

Можноста за неговата петчлена фамилија да се пресели од Србија и да живее во Британија внесе огромна внимание од јавноста. Сите тие гласини не влијаеја на играта на Ѓоковиќ. Тој набргу стигна до 40-тото место на светската ранг листа поради пласманот во четврфиналето на Ролан Гарос, пласманот во четвртата рунда на Вимблдон. Три недели после Вимблдон, тој ја освои својата прва титула на Дач Оупен во Амстердам без да загуби ниту еден сет, победувајќи го Николас Масу во финалето. Ѓоковиќ ја освои неговата втора титула во кариерата на Оупен де Моселје во Мец и дојде до првите дваесет во светот за прв пат во неговата кариера.

2007 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ ја започна годината победувајќи на турнирот во Аделаид, победувајќи го Австралиецот Крис Гучионе во финалето, за потоа да изгуби во четвртата рунда на Австралијаn Опен од подоцнежниот шампион Роџер Федерер во два сета. Неговите достигнувања при појавувањата на турнирите во Мастерс сериите во Индијан Велс, Калифорнија и Ки Бискејн, Флорида, каде беше вицешампион и шампион последователно, го ставија во десетте најдобри тенисери во светот. Ѓоковиќ го загуби финалето во Индијан Велс од Рафаел Надал, но го победи Надал во четвртфиналето во Ки Бискејн пред да го победи Гилјермо Кањас во финалето. Веднаш по неговата прва титула во Мастерс сериите тој се врати дома за да и помогне на својата земја да стигне до светската група во Дејвис Купот. Србија се соочи со Грузија и Ѓоковиќ донесе поен со победата над Џорџ Чантуриа. Ова беше турнир каде што тој се подготвуваше за сезоната за игрите на песок. Ѓоковиќ играше и во Мастерс сериите на Монте Карло Опен, каде што беше поразен од Давид Ферер во третата рунда, и во Есторил Опен, каде што го победи Ричард Гаске во финалето. Ѓоковиќ потоа стигна до четвртфиналињата на двете Интернационал д Италија во Рим и во Мастерс сериите во Хамбург но губеше од Надал и Карлос Моја последователно. На Ролан Гарос Ѓоковиќ стигна до своето прво Гренд Слем полуфинале каде што загуби од подоцнежниот шампион Надал. За време на Вимблдон Ѓоковиќ победи во петчасовен меч со Маркос Багдатис со 7-6, 7-6, 6-7, 4-6, 7-5. Во неговиот прв полуфинален меч со Надал тој мораше да се откаже поради проблеми со стапалото и грбот.

Ѓоковиќ продолжи освојувајќи ги Мастерс Сериите во Роџерс Купот во Монтреал. Тој го победи третиот тенисер во светот Енди Родик во четврфиналето, вториoт во светот Надал во полуфиналето, и првиот во светот Федерер во финалето. Ова беше прв пат некој играч да ги победи прворангираните три тенисери во светот на еден турнир од Борис Бекер во 1994 година. Ѓоковиќ беше исто така само вториот играч, после Томаш Бердих кој ги победил и Федерер и Надал откога тие станаа двајцата најдобри тенисери во светот. После овој турнир Бјорн Борг изјави дека Ѓоковиќ е “дефинитивно кандидат за освојување на Гренд Слем турнир.[5] Меѓутоа, турнирите кои следуваа во Западниот и Јужниот Фајненшл Груп Мастерс во Синсинати, Охајо, Ѓоковиќ изгуби во втората рунда од Моја во два сета. Ѓоковиќ сепак стигна до финалето на УС Опен. Ѓоковиќ имаше пет сет топки во првиот и две сет топки во вториот сет но ги загуби и двата од прворангираниот Федерер во два сета. За време на турнирот во 2007 година Ѓоковиќ се појави како фаворит на фановите со неговите имитации на другите играчи на теренот вклучувајќи ги оние на Рафаел Надал, Енди Родик и Марија Шарапова.

2007 УС Опен

Ѓоковиќ ја освои петата титула во таа година на БиЕј-СиЕј тенискиот трофеј во Виена победувајќи го Станислас Вавринка во финалето. Неговиот нареден турнир беше Мутуа Мадрилеина Мастерс во Мадрид, каде што загуби од Давид Налбандијан во полуфиналето со 6-4, 7-6. Ѓоковиќ ја заврши годината како трет во светот со што се квалификуваше за завршницата на Тенискиот Мастерс Куп на крајот од годината но не ги помина мечевите во групната фаза. Тој доби златен беџ, награда за најдобар атлет на Србија а Олимпискиот Комитет на Србија го прогласи за најдобар спортист.

2008 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ на Род Лавер Арена за време на Aустралија Оупен во 2008 година

Ѓоковиќ ја започна годината играјќи во Хопман купот заедно со неговата пријателка Србинката Јелена Јанковиќ која е број 3 во светот. Тој ги доби сите натпревари во мечевите за својот тим со што тимот стана прв носител, стигнувајќи во финалето. Во финалето изгубија од вториот тим-носител Американскиот тим кој се состоеше од Серена Вилијамс и Марди Фиш. На Аустралија Опен Ѓоковиќ стигна до финалето без ниту еден изгубен сет, вклучувајќи ја и победата на двојниот бранител на овој турнир Роџер Федерер во полуфиналето, за да стигне во своето второ Гренд Слем финале по ред, со достигнувањето на полуфиналето Ѓоковиќ стана најмладиот играч кој стигнал до полуфиналињата на сите четири Гренд Слем турнири. Во финалето Ѓоковиќ го победи Французинот Џо-Вилфред Цонга кој не беше носител за да ја освои првата титула за Србија во еден Гренд Слем турнир во поединечна конкуренција во четири сета, 4-6, 6-4, 6-3, 7-6.[6] Ова беше одбележано по тоа што титулата на Аустралија Опен не беше освоена ниту од Федерер ниту Надал кои ја освојуваа од 2005 година до тогаш. Нредниот резултат на Ѓоковиќ му беше на Барклајс Тенискиот шампионат во Дубаи, каде што загуби во полуфиналето од Енди Родик.

Ѓоковиќ на Пацифик Лајф Опен во 2008 година

На Мастерс сериите на Пацифик Лајф Опен во Индијан Велс, Калифорнија, Ѓоковиќ ја освои својата деветта титула во кариерата во поединечна конкуренција, победувајќи го Американецот Марди Фиш во финале од три сета. Ѓоковиќ ја освои неговата десетта титула во кариерата во поединечна конкуренција и неговата четврта круна во Мастерс сериите на Интернационал д Италија во Рим. Наредната недела на Мастерсот во Хамбург, Ѓоковиќ загуби од Надал во полуфиналето. На Ролан Гарос во Париз, Ѓоковиќ беше трет носител зад Федерер и Надал. Ѓоковиќ загуби од Надал во полуфиналето во два сета. На трева Ѓоковиќ уште еднаш се соочи со Надал, овој пат на шампионатот Артоис во финалето во Квинс клубот, Лондон, каде загуби со 7-6, 7-5. На Вимблдон Ѓоковиќ беше трет носител, меѓутоа, загуби во втората рунда од Марат Сафин: со ова беше прекината серијата од пет последователни Гленд Слем турнири каде стигнуваше барем до полуфиналето.

Кога го освои Мастерс купот

Ѓоковиќ потоа не успеа да ја одбрани неговата титула од 2007 година во поединечна конкуренција на Роџерс купот во Торонто. Тој беше елиминиран во четвртфиналето од Енди Мареј со 6-3, 7-6. Наредната недела на Мастерсот на Западната и Јужна Финансиска Група во Синсинати, Охајо, Ѓоковиќ се пласираше во финалето победувајќи го Надал, а во финалето повторно загуби од Мареј во два сета. Неговиот следен турнир беше Олимпијадата во Пекинг]], неговата прва Летна Олимпијада. Тој и Ненад Жимониќ беа втори носители во дубл за мажи, а беа елиминирани во првата рунда од Чешкиот пар Мартин Даманд и Павел Вишнер. Како трет носител во поединечна конкуренција, Ѓоковиќ загуби во полуфиналето од Надал со 6-4, 1-6, 6-4. Ѓоковиќ потоа го победи Џејмс Блејк, поразениот од другиот полуфинален меч, во натпревар за бронзениот медал со 6-3, 7-6. По Олимпијадата Ѓоковиќ влезе на УС Опен како трет носител. Тој заработи неколку повреди за време на натпреварите на турнирот поттикнувајќи досетка од Енди Родик дека Србинот има “16 повреди” вклучувајќи САРС, птичји грип и вообичаена настинка. Ѓоковиќ го победи Родик во четвртфиналето, и во интервју после мечот изрази неодобрување на коментарите на Родик зголемувајќи ја подршката од публиката во Њу Јорк. Неговата серија на УС Опен заврши кога беше поразен во полуфиналето од Роџер Федерер со 6-3, 5-7, 7-5, 6-2 во реванш од финалето на УС Опен во 2007 година. Ѓоковиќ играше четири турнири после УС Опен. Во реванш од финалето на Австралија Опен, тој загуби во финалето на Тајланд Опен од Џо-Вилфред Цонга во два сета. Во ноември Ѓоковиќ беше втор носител на последниот тениски Мастерс куп во Шангај бидејќи Надал не можеше да учествува. Во првиот меч од групата на турнирот тој го победи Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро во два сета. Потоа го победи Николај Давиденко во три сета, пред да го загуби последниот меч во групата против Цонга со 1-6, 7-5, 6-1. Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето победувајќи го Жиле Симон 4-6, 6-3, 7-5. Во финалето Ѓоковиќ го победи Давиденко повторно за да ја освои неговата прва тениска Мастерс куп титула.


2009 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ ја започна годината на Бризбејн Интернешнл во Бризбејн, каде што беше изненаден од Ернест Губи во првата рунда.[7] На Медибанк Интернешнл во Сиднеј тој загуби од Јарко Ниеминен во полуфиналето. Ѓоковиќ ќе беше број 2 во светот доколку го победеше овој меч. Како бранител на титулата на Австралијан Опен, Ѓоковиќ се повлече од неговиот четвртфинален меч со поранешниот број 1 во светот Енди Родик додека губеше во четвртиот сет со 6-7, 6-4, 6-2, 2-1 поради исцрпеност од жештината, грчеви во мускулите и болка. Неговото повлекување навлече критики од неколкуте играчи кои останаа на турнирот, вклучувајќи го и Роџер Федерер. Откако загуби во полуфиналето на Оупен 13 турнирот во Марсеј од Џо-Вилфред Цонга, Ѓоковиќ ја освои титулата во поединечна конкуренција на тенискиот шампионат во Дубаи, победувајќи го Давид Ферер за да ја освои својата дванаесетта титула во кариерата. Наредната недела Ѓоковиќ беше шампионот кој ја брани титулата во БиЕнПи Парибас Опен во Индијан Велс, Калифорнија, илјадитиот настан на светската АТП Мастерс турнеја, но загуби од Родик во четвртфиналето со 6-3, 6-2. На Сони Ериксон Опен во Ки Бискејн, Флорида, уште еден илјадити светски АТП Мастерс турнир Ѓоковиќ го победи Федерер во полуфиналето 3-6, 6-2, 6-3 пред да загуби од Енди Мареј во финалето.

Ѓоковиќ за време на УС Опен во 2009 година

Ѓоковиќ стигна до финалето на наредниот светски АТП Мастерс 1000 турнир, на Ролекс Мастерс во Монте Карло на песок, каде загуби од Рафаел Надал во финалето. На Интернационал ДиЕнБи д Италија во Рим, уште еден турнир од Светската АТП Мастерс турнеја, Ѓоковиќ беше бранител на трофејот, но уште еднаш загуби во финалето од Роџер Федерер. Ова предизвика Ѓоковиќ да се симне до четвртото место на АТП листата на 11 мај, завршувајќи 81 последователна недела како трет во светот. Ѓоковиќ беше прв носител на турнирот во неговиот роден град на Србија-Оупен во Белград. Тој го победи финалистот по прв пат, Лукаш Кубот за да ја освои својата втора титула во таа година. Како трет носител на Мутуа Мадриеина Мадрид Опен, Ѓоковиќ се пласираше во финалето без изгубен сет. Таму се соочи со Надал за трет пат во пет недели и, покрај трите меч топки изгуби со 3-6, 7-6, 7-6. Натпреварот, со 4 часа и 2 минути, беше најдолгиот меч во три сета во поединечна конкуренција на светската АТП турнеја во поновата ера. На Ролан Гарос тој загуби од Германецот Филип Колшраибер во третата рунда со 6-4, 6-4,6-4. Ѓоковиќ ја започна сезоната на трева на Гери Вебер Опен, каде после повлекувањето на Федерер, тој се натпреваруваше како прв носител. Тој се пласира во финалето, каде што загуби од Германецот Томи Хас. Ѓоковиќ исто така згуби од Хас и во четвртфиналето на Вимблдон со 7-6, 7-6, 4-6, 6-3. За време на Ју Ес отворените серии, Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето во Роџерс купот во Монтреал пред да загуби од Енди Родик со 6-4, 7-6. Ова беше негов трет пораз од Родик таа година. На Мастерсот на Западната и Јужната Финансиска група во Синсинати, Ѓоковиќ го победи третиот во светот Рафаел Надал во полуфиналето со 6-1, 6-4 за да стигне до своето второ едноподруго финале на ова натпреварување. Тој загуби во финалето од светскиот рекет број 1 Роџер Федерер со 6-1, 7-5. На УС Опен во 2009 година, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето притоа губејќи само два сета, победувајќи ги таквите како Иван Љубичиќ, 15 носител Радек Штепанек и 10 носител Фернандо Вердаско на патот до полуфиналето. Сепак тој загуби од Федерер во полуфиналето во тешка и тврда средба со 7-6, 7-5, 7-5. Ѓоковиќ потоа учествуваше во Чајна Опен во Пекинг. Тој го победи Виктор Ханеску, Виктор Троицки, Фернандо Вердаско и Робин Содерлинг на патот до финалето, каде го победи Мартин Чилиќ во два сета 6-2, 7-6 освојувајќи ја третата титула таа година. Ѓоковиќ го достигна 3-тото место во светот на 19 октомври, како резултат на неговата изведба на овој турнир.и повлекувањето на Енди Мареј од Шангај Мастерс во 2009 година. На воведот во Шангај АТП Мастерс 1000 Ѓоковиќ загуби во полуфиналето од шестиот носител и подоцнежен шампион Николај Давиденко со 6-4, 4-6, 6-7 во меч од 3 часа. На Давидоф Свис Индорс во Базел, Ѓоковиќ го доби првиот меч во кариерата неречен дупли ѓеврек победувајќи го Јан Хенрих со 6-0, 6-0 за пласман во четврт-финалето. Таму се врати од дефицит од еден сет и еден брејк до победа против Станислас Вавринка во четврт-финалето, 3-6, 7-6, 6-2. Во полуфиналето тој спаси три меч топки за да дојде до победа против Радек Штепанек, 6-7, 7-5, 6-2. Во финалето тој го победи домашниот фавотит и бранителот на три титули во ова натпреварување Роџер Федерер со 6-4, 4-6, 6-2 за да ја освои четвртата титула таа година. Со таа победа Ѓоковиќ го задржа перфектниот резултат од 15-0 на Светските АТП 500 турнири во 2009 година. На последниот Мастерс 1000 настан во годината БиЕнПи Парибас Мастерс во Париз, Ѓоковиќ конечно ја освои својата прва титула во Мастерс 1000 таа година. Го победи Рафаел Надал со 6-2, 6-3 во полуфиналето во 77 минути удурајќи 31 винер на пат кон победата. Во финалето Ѓоковиќ издржа неколку враќања во мечот од страна на Гаел Монфис конечно преовладувајќи, 6-2, 5-7, 7-6. Ближејќи се кон крајот на годината, финалето на АТП светската турнеја во Лондон бранителот на титулата Ѓоковиќ го победи Николај Давиденко во неговиот прв натпревар во групата 3-6, 6-4, 7-5, зголемувајќи ја својата победничка серија на 11 мечеви. Неговата серија беше сепак прекината во вториот меч, каде Ѓоковиќ кој изгледаше уморно изгуби за прв пат во неговиот шести меч во кариерата против Робин Содерлинг, 7-6, 6-1. И покрај победата против Рафаел Надал, 7-6, 6-3 во финалниот меч Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето поради процентот на добиени сетови кој беше инфериорен со оној на Давиденко во нерешениот резултат помеѓу Содерлинг, Давиденко и Ѓоковиќ (сите тројца ја завршија оваа фаза со учинок од 2-1). Ѓоковиќ ја заврши годината како трет во Светот, трета година по ред. Ѓоковиќ одигра 97 натпревари за време на целата година повеќе од било кој играч на АТП светската турнеја со резултат 78-19 победи наспрема порази. Во продолжение како предводник на АТП светската турнеја во победи во мечевите, тој ги достигна најдобрите во кариерата 10 финалиња, освојувајќи 5 титули.

2010 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ ја започна годината играјки во Којонг Класик, егзибиционистички настан. Во неговиот прв натпревар тој го победи Томи Хас, но изгуби од Фернандо Вердаско во вториот. Ѓоковиќ учествуваше во егзибиционен натпревар против Австралиецот Бернард Томиќ кој е 291 во светот и загуби. На Австралијан Опен, Ѓоковиќ беше елиминиран во четврт-финалето од Џо-Вилфред Цонга во пет сета 6-7, 7-6, 6-1, 3-6, 1-6 борејки се со болката од почетокот на мечот и од четвртиот сет па натаму.[8] И покрај поразот Ѓоковиќ го достигна највисокото место во кариерата број 2 во светот.

Ѓоковиќ на Роџерс купот во 2010 година

Тој стигна до полуфиналето на Светскиот Турнир ЕЈБиЕн АМРО во Ротердам, каде загуби од Михаил Јужни 6-7, 6-7, и покрај тоа што имаше сет топка во вториот сет каде се играше тај брејк. На тенискиот шампионат во Дубаи во О.А.Е., Ѓоковиќ стигна до неговото второ последователно финале на овој турнир откако ги победи своите противници во 3 сета од првата рунда па натаму. Во финалето тој го победи Русинот Михаил Јужни 7-5, 5-7, 6-3 со што ја освои првата титула таа година. Ова беше прв пат во неговата кариера да одбрани една титула. Тој потоа учествуваше во Дејвис купот за Србија во пресметката против САД на песок во Белград. Тој и помогна на Србија да стигне до своето прво четврт-финале во еден Дејвис куп со победата од 3-2, победувајќи го Сем Кереј во четири сета, и Џон Ишнер во пет сета. Ѓоковиќ потоа учествуваше во првиот Мастерс 1000 настан таа година во Јужна Америка. На БиЕнПи Парибас во Индијан Велс, тој загуби во четвртата рунда од подоцнежниот шампион Иван Љубичиќ 5-7, 3-6. На Сони Ериксон Оупен во Мајами, тој претрпе шокантен пораз, губејќи го својот прв меч од Оливие Рохус 2-6, 7-6, 4-6. Ова беше неговиот прв пораз уште во првата рунда од поразот од Фабрик Санторо на БиЕнПи Парибас Мастерс во 2007 година. Ѓоковиќ тогаш објави дека престанал да работи со Тод Мартин како негов тренер. Тој призна дека Мартин направил обид да го смени неговото движење при сервисот, мала промена во техниката што предизвикало тој да направи голем број на дупли грешки за време на неговите мечеви и значително да ја намали заканата при сервирањето. Во неговиот прв турнир на песок таа година Ролекс Мастерсот во Монте Карло топ носителот Ѓоковиќ стигна до полуфиналето со победата над Станислас Вавринка и Давид Налбандијан кој се наоѓаше во одлична форма. Во полуфиналето тој загуби за прв пат во неговите пет средби со Фернандо Вердаско 2-6, 2-6. Ѓоковиќ повторно загуби од Вердаско на Интернационал БиЕнЕл д Италија во Рим, овој пат во четврт-финалето 6-7, 6-3, 4-6. Ѓоковиќ подоцна рече дека неговата моментална форма е ограничена од алергиите кои ги има во последните два месеци. Како шампион бранител на турнирот во неговиот роден град, Србија Опен во Белград, тој се повлече во четврт-финалето додека губеше од 330 во Светот Филип Краијновиќ со 4-6. Тој подоцна најави и повлекување од Мутуа Мадрилеина Опен во Мадрид поради болест. Ѓоковиќ настапи на Ролан Гарос како трет носител. Тој ги победи Евгениј Королев, Кеи Нишикори, Виктор Ханеску и Роби Гинепри на патот до четврт-финалето каде загуби од Јурген Мецер во пет сета 3-6, 2-6, 6-2, 7-6, 6-4. Кога Мецер сервираше за победа во мечот при 5-4 во петтиот сет, Ѓоковиќ удри форхенд дијагонала што би му донела предност од 0-30. Подоцнежната одлука утврдена од судијата Карлос Бернандез беше аут, одлука на која Ѓоковиќ негодуваше. Ѓоковиќ го загуби поенот и мечот. Подоцнежното испитување соколово око покажа дека Ѓоковиќ бил во право и дека топчето навистина било внатре; тоа беше прв пат Ѓоковиќ да загуби еден Гренд Слем натпревар во поединечна конкуренција откако ги добил првите два сета. Ѓоковиќ уште еднаш влезе на шампионатот во Вимблдон како трет носител, го победи Оливие Рохус, Тејлор Дент, Алберто Монтанес, Лејтон Хјуит, Јен Хсу Лу на патот до полуфиналето, каде загуби од Томаш Бердих во три сета 6-3, 7-6, 6-3. Ѓоковиќ потоа се натпреваруваше на Роџерс купот во Торонто каде што се соочи со Роџер Федерер во полуфиналето и загуби 6-1, 3-6, 7-5. Ѓоковиќ исто така се натпреваруваше во дубл со Рафаел Надал во своевремено, високопрофилно партнерство. Ова беше прв пат после 1976 година Кога Џими Конорс и Артур Аше како број еден и број два се споија правејќи дубл дрим тим. Меѓутоа, тие изгубија во првата рунда од Канаѓаните Милош Раонич и Васек Пописил. Ѓоковиќ загуби во четврт-финалето на Мастерсот на Западната и Јужна Финансиска Група во Синсинати од Енди Родик.

Ѓоковиќ за време на меч од Дејвис купот против Чешка
Ѓоковиќ на УС Опен 2010 година

Како трет носител на УС Опен, Ѓоковиќ беше многу блиску до пораз во првата рунда, кога заостануваше два сета и уште еден му требаше за да изгуби, брејк во четвртиот сет и неколку брејк поени кои би го оставиле пократок за два брејка во четвртиот сет за да го победи својот сонародник Виктор Троицки во средината на екстремната жештина. Ѓоковиќ на крајот победи 6-3, 3-6, 2-6, 7-5, 6-3. Потоа тој ќе ги победи Филип Печнер, Американците Џејмс Блејк и Марди Фиш и 17 носител Гаел Монфис сите во три сета за да стигне до полуфиналето на УС Опен четврта година по ред. Во полуфиналето тој се соочи со Роџер Федерер, од кого изгуби во финалето во 2007 и 2008 година и во полуфиналето во 2009 година. Многу блиску до пораз, Ѓоковиќ се врати до победа 5-7, 6-1, 5-7, 6-2, 7-5, спасувајќи две меч топки при 5-4 на негов сервис во последниот сет. Со победата ја прекина низата од четири последователни порази во Гренд Слем полуфиналињата. Ова исто така беше првата победа на Ѓоковиќ над Федерер на УС Опен во четвртиот обид, и негова прва победа над Федерер во еден Гренд Слем од Австралија Опен во 2008 година. Ова исто така го направи еден од двата играчи кои го победиле Федерер повеќе од еднаш на Гренд Слем турнирите од кога Федерер стана број 1 (другиот е Надал). Ѓоковиќ изгуби од Надал во финалето со 4-6, 7-5, 4-6, 2-6, во меч во кој Надал ја комплетираше својата кариера во освоени Гренд Слем титули. Откако и помогна на Србија да ја победи Чешка со 3-2 за да стигне до финалето на Дејвис купот, Ѓоковиќ се натпреваруваше на Чајна Опен како прв носител и шампион бранител на титулата. Тој ја освои титулата втора година по ред по победата над Маоксин Гонг, Марди Фиш (Американецот се повлече па оваа победа се сметаше за “заминување”), Жиле Симон и Џон Ишнер на патот до финалето. Ѓоковиќ таму го победи осумнаесетиот носител Шпанецот Давид Ферер со 6-2, 6-4. На Мастерсот во ШангајЃоковиќ стигна до полуфиналето каде изгуби од Роџер Федерер со 4-6, 5-7. Ѓоковиќ го одигра својот последен турнир таа година во Финалето на Барклајс АТП Светската Турнеја во Лондон. Ѓоковиќ се наоѓаше во групата А заедно со Рафаел Надал, Томаш Бердих и Енди Родик. Ѓоковиќ го доби неговиот прв меч од групата против Бердих 6-3, 6-3. Потоа се соочи со Надал каде загуби во два сета со 5-7, 2-6. Ѓоковиќ изјави после мечот дека едвај гледал со неговото десно око и дека при 4-4 во првиот сет Ѓоковиќ морал да ги смени контактните леќи. Низ мечот, Ѓоковиќ сменил три вида на контактни леќи во обид да го реши проблемот. Тој го победи Родик со 6-3, 6-2 во последниот меч во групата и беше со сигурност во полуфиналната фаза, завршувајчи втор во својата група за да се намести за вкусна пресметка со Роџер Федерер. Тој загуби од подоцнежниот шампион Федерер со 1-6, 4-6. Ѓоковиќ ја заврши годината на третото место во светот четврта година по ред на оваа позиција. Тој беше награден со титулата “Српски спортист на годината“од страна Олимпискиот Комитет на Србија и “Српски атлет на годината” од страна на Ди Ес Ел спорт.

2011 година[уреди | уреди извор]

Шампион на Австралија Опен 2011
Ѓоковиќ како го држи трофејот на Aвстралија Опен за 2011 година

Во 2011 година, Ѓоковиќ започнал во австралискиот егзибициски Хопман куп, каде што не загубил ниту еден меч. На првиот Гренд Слем турнир таа година (Отвореното првенство на Австралија) Ѓоковиќ бил трет носител, зад Рафаел Надал и бранителот на титулата Роџер Федерер. Таму, тој бил подобар од Марсел Гранолес во првата рунда (6-1, 6-3, 6-1) а потоа и од Иван Дродиг, победувајќи го во четири сета (7-5, 6-7, 6-0, 6-2). Неговиот колега и близок пријател Виктор Троицки се откажал во третата рунда, поради повреда, при водство на Ѓоковиќ од 6-2. Во четвртата рунда Ѓоковиќ го победил Николас Алмагро, во три сета (6-3, 6-4, 6-0), додека во четвртфиналето бил подобар од Томаш Бердих, во три сета (6-1, 7-6, 6-1). Потоа, во полуфиналето го победил бранителот на титулата Роџер Федерер во три сета (7-6, 7-5, 6-4), а во финалето го победил Енди Мареј со 6-4, 6-2 и 6-3, така освојувајќи ја втората титула на овој турнир и втората гренд-слем титула во кариерата.[9]
Следниот турнир на Ѓоковиќ беше на Тенискиот шампионат во Дубаи, каде што бил втор носител. На патот до финалето, најпрвин го победил Микаел Лодра со 6-3, 6-3, по што бил подобар и од Лопез, Маер и Бердих. Во финалето, Ѓоковиќ бил подобар од Федерер, во два сета (6-3, 6-3), со што ја освоил третата едноподруго титула на овој турнир. Во продолжение, Ѓоковиќ играал на турнирот во Индијан Велс, каде настапил како трет носител. Таму, тој бил подобар од Федерер во полуфиналето (6-3, 3-6, 6-2) и во финалето играл со првопласираниот тенисер на светот, Рафаел Надал, кого го победил со резултат 4-6, 6-3 и 6-2, остварувајќи серија од 20 последователни победи. Притоа, веќе по победата над Федерер во полуфиналето, на 21 март 2011 година, Ѓоковиќ стигнал до второто место на табелата на АТП.
Благодарение на тоа, Ѓоковиќ бил втор носител на „мастерсот“ во Мајами, каде стигнал до финалето, губејќи само 14 гема на патот до него. Притоа, тој успеал да ги победи Денис Истомин (6-0, 6-1), Џејмс Блејк (6-2, 6-0), Виктор Троицки (6-3, 6-2), Кевин Андерсон (6-4, 6-2) и Марди Фиш (6-3, 6-1). Во финалето, Ѓоковиќ го победил Надал , во три сета (4-6, 6-3, 7-6)), играјќи 3 часа и 21 минута. Со оваа победа, Ѓоковиќ ја зголемил својата победничка серија на 26 последователни победи и немал пораз во таа сезона. Истовремено, тој станал првиот тенисер кој победил на турнирите во Мелбурн, Индијан Велс и Мајами од 2006 година, кога тоа му успеало на Роџер Федерер.
На „мастерсот“ во Монте Карло, Ѓоковиќ се откажал поради повреда на коленото, но подоцна настапил на Отвореното првенство на Србија, одржано во Белград. Како прв носител, тој директно се пласирал во втората рунда, каде го победил Адриан Унгур со резултат 6-2, 6-3, а во четврт-финалето го победил Блаж Кавчич, во два сета (6-3, 6-2), со што стигнал до својата 28. победа во низа. Со повлекувањето на Јанко Типсаревиќ во полуфиналето, Ѓоковиќ стигнал до своето петто последователно финале во сезоната, каде го победил Фелицијано Лопез, во два сета (7-6), 6-2), остварувајќи ја 29. последователна победа (27 од почетокот на сезоната).
Неговиот следен турнир бил четвртиот „мастерс“ во годината, во Мадрид. Како втор носител, тој директно се пласирал во втората рунда, каде го победил Кевин Андерсон, во два сета (6-3, 6-4). Во третата рунда, тој го победил Гиљермо Гарсија Лопез (6-1, 6-2) добивајќи ги сите поени на негов сервис. Во четврт-финалето, Ѓоковиќ го победил Давид Ферер од Шпанија (6-4, 4-6, 6-3) и со тоа го надминал рекордот на Иван Лендл од 29 последователни победи од почетокот на сезоната. Во полуфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Томаш Белучи (4-6, 6-4, 6-1) и во финалето го победил светскиот рекет број 1 - Рафаел Надaл (7-5, 6-4), зголемувајќи ја победничката серија на 34 последователни победи (32 победи од почетокот на сезоната).

2012 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ на турнирот во Мајами

На почетокот на сезоната Ѓоковиќ ја одбранил титулата на Отвореното првенство на Австралија, каде во полуфиналето го совладал Енди Мареј во измачувачки натпревар што траел 4 часа и 50 минути. Во финалето се сретнал со Надал во натпревар што траел неверојатни 5 часа и 53 минути, што претставува најдолгото финале во историјата на гренд-слем турнирите. На следните два турнира, на кои ја бранел титулата, во Дубаи и во Индијан Велс, Ѓоковиќ испаднал во полуфиналето, губејќи од Мареј и од Џон Изнер, соодветно. Затоа пак успеал да ја одбрнаи титулата на турнирот во Мајами, и тоа без ниту еден изгубен сет.

Во продолжение, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Монте Карло, каде изгубил во финалето од Надал, кој така ја прекинал серијата од седум последователни порази во дуелите со Ѓоковиќ. На Отвореното првенство во Мадрид, Ѓоковиќ изгубил од Јанко Типсаревиќ, додека на турнирот во Рим, каде што ја бранел титулата, повторно претрпел пораз во финалето од Надал. На Отвореното првенство на Франција (Ролан Гарос) Ѓоковиќ бил подобар во полуфиналето од Федерер со 3:0 во сетови, но во финалето повторно изгубил од Надал со 1:3 во сетови.

На гренд-слем турнирот во Вимблдон, Ѓоковиќ изгубил во финалето од Роџер Федерер и така го загубил првото место на табелата на АТП. На Олимписките игри во Лондон, Ѓоковиќ стигнал до полуфиналето, каде загубил од Мареј. Подоцна, тој играл во финалињата на сите три турнири во Северна Америка, но успеал да го освои само турнирот во Торонто, додека на турнирите во Синсинати и Отвореното првенство на САД изгубил од Федерер и Мари, соодветно.

Сепак, Ѓоковиќ бил поуспешен во Кина, каде победил на турнирите во Пекинг и Шангај, а финалето на „мастерсот“ во Шангај, каде спасил пет меч-топки против Мареј, било прогласено за најдобар натпревар во 2012. година. Потоа, Ѓоковиќ испаднал рано на „мастерсот“ во Париз, но затоа пак успеал да победи на завршниот турнир на „мастерс“-серијата, и тоа без ниту еден пораз. Притоа, во финалето го победил Федерер со 2:0 во сетови и така на 5. ноември повторно го зазел првото место на табелата на АТП.

2013 година[уреди | уреди извор]

Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос

Ѓоковиќ ја започнал сезоната на егзибициониот турнир во Абу Даби, којшто траел од 27 до 29 декември 2012 година, но се води како дел од тениската сезона во 2013 година.[10] Притоа, тој бил слободен во четвртфиналето, а во полуфиналето го поразил Давид Ферер, во два сета (6:0, 6:3). Во финалето играл против Алмагро и победил во три одиграни сета, со што ја одбранил титулата од претходната година. Потоа, заедно са Ана Ивановиќ учествувал на „Хопман купот“, кадешто во финалето играле против Шпанија. Иако Ѓоковиќ го победил Вердаско, Ивановиќ изгубила од Анабел Медина Гаригес, а двајцата изгубиле во играта на мешани парови.[11]
На Отвореното првенство на Австралија Ѓоковиќ дошол како двократен бранител на титулата. Во првите три кола ги победил Пол-Анри Матје, Рајан Харисон и Радек Штјепанек без изгубен сет, но во четвртото коло одиграл маратонски меч од 5 часа и 2 минути против Станислас Вавринка во кој победил со резултат 1:6, 7:5, 6:4, 6:7(5), 12:10.[12] Потоа, во четвртфиналето го совладал Томаш Бердих во четири сета, а во полуфиналето остварил брза победа над Давид Ферер (6:2, 6:2, 6:1)[13] Во третото последователно финале на овој турнир противник му бил Енди Мари кого го победил со резултат 6:7(2), 7:6(3), 6:3, 6:2 и така го освоил својот шести „гренд слем“ трофеј.[14] На тој начин, Ѓоковиќ станал единствениот тенисер кој во Опен-ерата трипати по ред го освоил Отвореното првенство на Австралија. Исто така, тој го изедначил рекордот на Андре Агаси и Федерер по бројот на победите на овој турнир (четири), а истовремено, за првпат освоил некој турнир повеќе од трипати.
Вториот турнир на кој настапил Ѓоковиќ во сезоната бил турнирот во Дубаи, каде победил без ниту еден изгубен сет, а во финалето бил подобар од Бердих. На овој турнир се натпреварувал и во конкуренција на парови (настапил со брат му, Марко Ѓоковиќ, но тие биле елиминари уште во првото коло.[15] Потоа, Ѓоковиќ настапил на егзибиционите мечеви во Лос Ангелес, каде во појединачна конкуренција го совладал Марди Фиш, додека во конкуренција на парови играл заедно са својот идол од детството, Пит Сампрас, играјќи против браќата Боб и Мајк Брајан од кои претрпеле пораз.[16]
На првиот „мастерс“ во сезоната, во Индијан Велс, Ѓоковиќ стигнал до полуфиналето, каде изгубил од Дел Потро, претрпувајќи го првиот пораз во сезоната. Малку подоцна, на „мастерсот“ во Мајами, Ѓоковиќ бил елиминиран во четвртото коло од Томи Хас. На „мастерсот“ во Монте Карло, во четвртфиналето и во полуфиналето ги победил Јарко Нијеминен и Фабио Фонини, соодветно, совладувајќи ги двајцата во два сета. Во финалето се сретнал со Надал кого го победил во два сета (6:2, 7:6) и тако станал првиот тенисер кој победил на осум од девет турнири на „мастерс“-серијата. Меѓутоа, на следниот „мастерс“, одигран во Мадрид, бил поразен уште во второто коло од бугарскиот тенисер Григор Димитров, во три сета, додека на „мастерсот“ во Рим стигнал до четвртфиналето, каде изгубил од Бердих во три сета, иако првиот сет го добил убедливо (6-2), а во вториот сет имал голема предност (5-2).
Вториот гренд-слем во сезоната, Ролан Гарос, Ѓоковиќ го започнал со победа против Давида Гофан, во три неизвесни сета, додека во второто коло убедливо го победил Гвидо Пеља (6-2, 6-0, 6-2), а во третото коло го победил и Григор Димитров. Во четвртото коло бил подобар од Филип Колшрајбер (4-6, 6-3, 6-4, 6-4), стигнувајќи до своето 16. гренд-слем четвртфинале во низа. Таму, без изгубен сет го победил Томиј Хас, а во полуфиналето изгубил од Надал (4-6, 6-3, 1-6, 7-6, 7-9). Пред настапот на Вимблдон, Ѓоковиќ играл егзибициони мечеви на „Будлс челинџ“, заедно со уште неколку тенисери: Јанко Типсаревиќ, Марин Чилиќ, Григор Димитров, Томаш Бердих, Хуан Мартин дел Потро, Ришар Гаске итн.[17]

Ѓоковиќ и Мари на турнирот во Вимблдон

На Вимблдон 2013, во првото коло Ѓоковиќ го победил Флоријан Маер со 3:0 во сетови, а потоа, до полуфиналето победувал без ниту еден изгубен сет, совладувајќи ги Боби Рејнолдс, Жереми Шарди, Томи Хас и Томаш Бердих. Во полуфиналето го победил дел Потро (7-5, 4-6, 7-6, 6-7, 6-3), но во своето второ финале на Вимблдон изгубил од Енди Мари без освоен ниту еден сет.
На американската серија Ѓоковиќ немал успех, бидејќи не успеал да освои ниедна титула. На „Роџерс купот“ во Монтреал, во третата рунда бил подобар од Денис Истомин (2-6, 6-4, 6-4), во четвртфиналето лесно го савладал Ришар Гаске (кого претходната година го победил во финалето), а во полуфиналето изгубил од Рафаел Надал (4:6, 6:3, 6:7). „Мастерсот“ во Синсинати Ѓоковиќ го започнал со победите против Хуан Монако и Давид Гофан, но во четвртфиналето изгубил од Џон Изнер.
На последниот „гренд-слем“ турнир во сезоната, Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ стигнал до четвртфиналето без изгубен сет, а во четврфиналето го победил Михаил Јужни со 3:1 во сетови. Во полуфиналето, во пет сета, Ѓоковиќ бил подобар од Станислас Вавринка (2-6, 7-6, 3-6, 6-3, 6-4), додека во своето четврто последователно финале на овој турнир се сретнал со Рафаел Надал. Тоа бил нивниот 37. дуел, со што го собориле рекордот што го држеле Иван Лендл и Џон Мекинро по бројот на меѓусебни мечеви.[18] Откако изгубил во првиот сет, Ѓоковиќ најпрвин изедначил, но Надал се опоравил и успеал да победи.
На 6 октомври 2013 година, Ѓоковиќ победил на турнирот во Пекинг, победувајќи го во финалето Надал, во два сета. Но, и покрај победата, тој паднал на второто место на АТП листата, додека на врвот се искачил Надал. Само една недела подоцна, на 13 октомври 2013 година, Ѓоковиќ го освоил 39. трофеј во кариерата, со победата над Хуан Мартин дел Потро во финалето на Мастерс-турнирот во Шангај, со 6-1, 3-6 и 7-6(3) и на тој начин ја одбранил титулата освоена претходната година. Претходно, во полуфиналето, Ѓоковиќ бил поуспешен од Цонга, со 6-2 и 7-5.[19] Инаку, на турнирот во Пекинг, Ѓоковиќ се натпреварувал и во конкуренција на парови (заедно со Вавринка). Притоа, во првото коло, тие направиле изненадување, победувајќи ги вторите носители, Линштед и Бупати (6-3, 6-3), во второто коло биле подобри од Хас и Маер, но морале да го предадат полуфиналниот меч поради повредата на Вавринка.[20]
Својата јубилејна четириесетта титула, а шеснаесетта во серијата „мастерс 1000“, Ѓоковиќ ја освојио на турнирот во Париз, каде ги победил Ербер, Изнер и Вавринка, а во полуфиналето се сретнал со Федерер, победувајќи го со 2:1 во сетови. Потоа, во финалето го победил Давид Ферер (7-5, 7-5). На завршниот турнир на „мастерс“-серијата Ѓоковиќ бил втор носител и ја бранел титулата. Во групата Б бил првопласиран, победувајќи на сите три меча (против Федерер, дел Потро и Гаске). Во полуфиналето се сретнал со Вавринка, кого го победил во два сета (6-3, 6-3), додека во финалето го савладал Надал и така ја одбранил титулата од претходната година, освојувајќи го својот трет Завршен шампионат.
Така, Ѓоковиќ ја завршил сезоната на второто месту на табелата на АТП при што остварил 74 победи наспроти 9 порази,[21] освојувајќи седум турнири: Отвореното првенство на Австралија, Завршниот мастерс, мастерсите во Монте Карло, Шангај и Париз, како и два турнири од серијата 500 (Дубаи и Пекинг). Посебно бил успешен во есенскиот дел на сезоната, со освоени четири турнири по ред, со низа од 24 победи, од кои 13 пати против првите 10 тенисери.
На крајот од сезоната, Ѓоковиќ отпатувал во Чиле, каде одиграл неколку егзибициони мечеви со Надал по повод „пензионирањето“ на тенисерите Николас Масу и Давид Налбандијан.[22][23] Притоа, Ѓоковиќ и Надал одиграле и еден егзибиционен меч на глечерот Перито Морено, под покровителство на Националниот институт за туристичка промоција на Аргентина.[24]

2014 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ ја започнал сезоната на егзибициониот турнир во Абу Даби, каде трет пат последователно ја освојил титулата. Притоа, во полуфиналето го победил Жо-Вилфрид Цонга, а во финалето бил подобар од Давид Ферер.[25] На овој турнир, за првпат на чело на штабот на Ѓоковиќ се наоѓал новиот главен тренер, легендарниот германски тенисер Борис Бекер. Потоа, Ѓоковиќ играл на уште еден егзибиционен натпревар, против Хуан Монако на турнирот „Којонг класик“.[26]
На Отвореното првенство на Австралија Ѓоковиќ ги поминал првите четири кола без изгубен сет, со победите против Лукаш Лацко, Леонардо Маер, Денис Истомин и Фабио Фонини, но во четвртфиналето изгубил од Станислас Вавринка, во пет сета (6:2, 4:6, 2:6, 6:3, 7:9)[27] и со тоа била прекината неговата низа од 14 последователни гренд-слем полуфиналиња (почнувајќи од Вимблдона 2010).[28].
На крајот на февруари, Ѓоковиќ ја бранел титулата на Тениското првенство на Дубаи, каде во четвртфиналето без борба го победил Михаил Јужни, но во полуфиналето изгубил од Роџер Федерер. Малку подоцна, по повод светскиот ден на тенисот, на 3. март 2014 година Ѓоковиќ одиграл егзибиционен натпревар со Енди Мари во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк.[29]

Ѓоковиќ на турнирот во Индијан Велс во 2014 година

На турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ започнал со нестабилна игра, особено во осминафиналето против Марин Чилиќ, во кое убедливо го загубил првиот сет со 1-6. Во четвртфиналето прикажал посигурна игра и победил над Жилиен Бенето, а во полуфиналето го победил Џон Изнер во три сета. Најпосле, во финалето бил подобар од Федерер (3-6, 6-3, 7-6).[30]
На „мастерсот“ во Мајами, во четвртфиналето го победил Енди Мари (7-5, 6-3), во полуфиналето без борба го победил Нишикори,[31] додека во финалето го совладал Надал (6-3, 6-3)[32] и така станал вториот тенисер кој двапати во истата година ги освоил „мастерсите“ во Индијан Велс и во Мајами.[33]
На „мастерсот“ во Монте Карло Ѓоковиќ ја бранел титулата. Првите два кола ги поминал лесно, со по еден изгубен гем, победувајќи ги Алберт Монтањес и Пабло Карењо Буста. Во четвртфиналето го победил Гиљермо Гарсија-Лопез во три сета, но во полуфиналето изгубил од Роџером Федерером (5-7, 2-6).[34] Поради повредата на зглобот Ѓоковиќ го отказал учеството на „мастерсот“ во Мадрид,[35] но по три недели се вратил на терените, и тоа на „мастерсот“ во Рим, каде ја освоил третата титула, победувајќи ги Ферер во четвртфиналето, Милош Раониќ во полуфиналето и Надал во финалето, при што сите натпревари ги добил со резултат 2:1 во сетови. Тоа била четвртата негова победа против Надал на земјените терени.
На вториот „гренд-слем“ во сезоната (Ролан Гарос), Ѓоковиќ дошол како втор носител. Првите две кола ги поминал без изгубен сета, во третото коло го победил Марин Чилиќ (во четири сета), а во осминафиналето бил подобар од Жо-Вилфрид Цонга (6-1, 6-4, 6-1). Во четвртфиналето го победил Милош Раониќ (во три сета), а во полуфиналето го победил Летонецот Ернестс Гулбис (6-3, 6-3, 3-6, 6-3). Најпосле, во финалето бил запрен од Рафаел Надал (6-3, 5-7, 2-6, 4-6), кој така ја освоил деветтата титула во Париз.

Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД во 2014 година

Наспроти второто место на табелата на АТП, Ѓоковиќ дошол на „Вимблдон“ како прв носител.[36] Најпрвин, тој ги победил Радек Штјепанек, Жил Симон и Цонга, а во четвртфиналето го победил хрватскиот тенисер Марин Чилиќ (6-1, 3-6, 6-7, 6-2, 6-2),[37] Во полуфиналето бил подобар од Григор Димитров (во четири сета), така што во финалето се сретнал со Роџер Федерер, во нивниот 35. меѓусебен натпревар. Во извонредна игра, Ѓоковиќ победил во пет сета (6-7, 6-4, 7-6, 5-7, 6-4) и така го спречил Федерер да стане најуспешниот тенисер во историјата на „Вимблдон“.[38] Со оваа победа Ѓоковиќ ја освоил својата седма титула на „гренд слем“ турнирите (вторпат во Вимблдон), како и првото место на табелата на АТП. Истовремено, тоа била неговата прва победа против Федерер во некое „гренд слем“ финале одиграно на трева.
На Отвореното првенство на Канада во Торонто, Ѓоковиќ неочекувано изгубил од Цонга во третото коло (2-6, 2-6). Тој се натпреварувал и во конкуренцијата на парови (заедно со Вавринка), но бил елиминиран во второто коло од Даниел Нестор и Ненад Зимоњиќ. Слично поминал и на „мастерспт“ во Синсинати, каде бил поразен во третото коло од Томи Робредо.
На четвртиот „гренд слем“ во сезоната (Отвореното првенство на САД) Ѓоковиќ ги поминал лесно првите четири кола, без изгубен сет. Во четвртфиналето го победил Енди Мари и така стигнал до своето осмо последователно полуфинале на овој турнир,[39] каде изгубил од Нишикори.[40].
Потоа, Ѓоковиќ настапил на Отвореното првенство на Кина во Пекинг, каде ја бранел титулата од претходните две години (2012 и 2013). Таму, во четвртфиналето го победил Григор Димитров (6-2, 6-4), во полуфиналето бил подобар од Енди Мари (6-3, 6-4), а во финалето го совладал Томаш Бердих (6-0, 6-2), освојувајќи ја третата титула во низа. Сепак, неговата серија од 28 победи на турнирите во Кина била прекината со поразот од Федерер (4-6, 4-6), во полуфиналето на „мастерсот“ во Шангај, каде Ѓоковиќ ја бранел титулата. Претходно, во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Давид Ферер.
Ѓоковиќ го освоил и последниот „мастерс“ во сезоната (турнирот во Париз) без ниту еден изгубен сет, победувајќи ги Филип Колшрајбер, Гаел Монфис, Мари, Нишикори и Раониќ. Така, тој станал првиот тенисер кој ја одбранил титулата на овој турнир[41] и третиот тенисер во историјата кој освоил 20 титули на турнирите од серијата „мастерс 1000“.

Ѓоковиќ на завршниот турнир на сезоната

Во ноември, Ѓоковиќ по осми пат последователно се квалификувал на Завршниот турнир на сезоната, каде бил распореден во група „А“, заедно со Марин Чилиќ, Станислас Вавринка и Томаш Бердих. Во првото коло, одиграно на 10 ноември 2014 година, Ѓоковиќ убедливо го победил Чилиќ (6-1, 6-1),[42] а во второто коло, одиграно на 12 ноември, остварил уште една убедлива победа, овојпат против Станислас Вавринка, исто така, во два сета (6-3, 6-0).[43] Најпосле, одличната игра ја продолжил и во третото коло, победувајќи го Томаж Бердих со 2:0 (6-2, 6-2).[44] Така, тој поставил нов рекорд по бројот на изгубен гемова во групната фаза на „мастерс-купот“ — само девет.[45] Подоцна, во полуфиналето одиграно на 15 ноември 2014 година, Ѓоковиќ го победил Нишикори (6-1, 3-6, 6-0). Најпосле, во финалето, Ѓоковиќ требало да се сретне со Федерер, но тој го откажал натпреварот поради повреда. Со тоа, Ѓоковиќ повторно го освоил Мастерс-купот и ја завршил годината на првото место на табелата на АТП.[46] [47]
Така, Ѓоковиќ ја завршил сезоната со еден освоен „гренд слем“ турниром (Вимблдон), со одбранета титула на Завршниот куп на АТП, со освоени четири „мастерс“ турнири (Индијан Велс, Мајами, Рим и Париз) и со еден турнир од серијата „АТП 500“ (Пекинг). На тој начин, по третпат во период од четири години, Ѓоковиќ ја завршил сезоната на чело на табелата на АТП. Како потврда на добрата сезона, Спортската академија на САД го прогласила Ѓоковиќ за најдобар спортист на светот во 2014 година.[48]

2015 година[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ ја започнал годината со победа на тенискиот турнир „Аустралиан опен“ во Мелбурн, Австралија, на тој начин освојувајќи ја својата осма гренд-слем титула. Во финалето, тој го совладал Енди Мареј во четири сета (7-6, 6-7, 6-3, 6-0). Тоа била третата победа на Ѓоковиќ над Мареј во финалето на овој турнир. Со оваа победа, Ѓоковиќ влегол во историјата, така што постанал единствениот тенисер со освоени пет титули на овој турнир во „отворената“ ерата.[49]
На тенискиот турнир во Дубаи од серијата „АТП 500“, Ѓоковиќ се пласирал во финалето, каде загубил од Федерер во два сета (3-6, 5-7). Тоа бил дваесеттиот пораз на Ѓоковиќ од Федерер во меѓусебните двобои. Во вториот сет, Ѓоковиќ имал две сет-топки да го израмни резултатот, но не успеал да ги искористи.[50]
Сепак, веќе во следната прилика, Ѓоковиќ му се одмаздил на Федерер. На 22 март 2015 година, тие двајца повторно се сретнале во финалето на турнирот во Индијан Велс (Indian Wells). Притоа, во натпреварот што траел 2 часа и 17 минути, Ѓоковиќ остварил победа во три сета (6-3, 6-7, 6-2). Со тоа, Ѓоковиќ ја остварил својата педесетта титула во кариерата и четвртата титула на овој турнир, а постанал шести тенисер во историјата кој успеал да ја одбрани титулата на овој турнир.[51] [52]Претходно, во полуфиналето, одиграно на 21 март, Ѓоковиќ го совладал Енди Мареј во два сета (6-2, 6-3).
Малку подоцна, Ѓоковиќ постигнал уште еден голем успех, освојувајќи го турнирот во Мајами. Таму, во финалето, одиграно на 5 април 2015 година, тој го победил Енди Мареј во три сета (7-6, 4-6, 6-0). Тоа било седмата последователна победа на Ѓоковиќ над Мареј. Претходно, во полуфиналето, одиграно на 3 април, тој го совладал Иснер во два сета (7-6, 6-2), а во четвртфиналето, одиграно на 2 април, бил подобар од Давид Ферер, исто така, во два сета (7-5, 7-5). Со триумфот, Ѓоковиќ поставил рекорд, со освоени пет титули на овој турнир. Исто така, тој постанал првиот тенисер во историјата кој трипати ги освоил турнирите во Индијан Велс и Мајами и го израмнил рекордот на Федерер, победувајќи две години последователно на двата турнира.[53] [54] [55]
Истиот месец, Ѓоковиќ го освоил и турнирот во Монте Карло, каде во полуфиналето, одиграно на 18 април 2015, го победил својот голем противник Надал, во два сета (6-3, 6-3). Потоа, во финалето, одиграно на 19 април, Ѓоковиќ го победил Томаш Бердих, во три сета (7-5, 4-6, 6-3). На тој начин, Ѓоковиќ постанал првиот тенисер кој успеал да победи на првите три „мастерс 1000“ турнири на АТП во текот на една сезона. Истовремено, ова била неговата 23. победа на „мастерс 1000“ турнирите, со што се изедначил со Федерер на второто место на списокот на најуспешните тенисери на турнирите од серијата „мастерс 1000“.[56]
Како признание на добрата игра во текот на 2014 година, во април 2015 година, Ѓоковиќ по вторпат бил прогласен за најдобар спортист на светот до страна на спортската фондација „Лауреус“. Претходно, тој го добил ова признание во 2012 година.[57]
Успесите на Ѓоковиќ продолжиле и во мај 2015 година, кога тој победил на турнирот во Рим, што претставувала негова петта победа во сезоната и четврта победа на турнирите од серијата „Мастерс 1000“, а вкупно дваесет и четврта титула на турнирите од серијата „Мастерс 1000“. Истовремено, тоа било четвртата победа на Ѓоковиќ на турнирот во Рим. Во финалето, одиграно на 17 мај 2015 година, Ѓоковиќ го победил Федерер во два сета (6-4, 6-3). Претходно, во полуфиналето го совладал Давид Ферер, исто така, во два сета (6-4, 6-4).[58] [59]
Во јуни, Ѓоковиќ настапил на турнирот „Ролан Гарос“, каде во 4. коло го победил Гаске во три сета (6-1, 6-2, 6-3), додека во четвртфиналето бил подобар од најуспешниот тенисер на овој турнир Надал кого, исто така, го совладал во три сета (7-5, 6-3, 6-1). Во полуфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од Енди Мареј (6-3, 6-3, 5-7, 5-7, 6-1), а во големото финале се сретнал со Станислас Вавринка.[60] И покрај добриот почеток, Ѓоковиќ немал сила да му се спротивстави на доминантниот Вавринка и го загубил натпреварот во четири сета (6-4, 4-6, 3-6, 4-6), со што повторно не се остварила неговата желба за прв триумф на Ролан Гарос.[61]
Истиот месец, Ѓоковиќ настапил на „гренд-слем“ турнирот во Вимблдон, каде во четвртфиналето го победил Марин Чилиќ во три сета (6-4, 6-4, 6-4), а во полуфиналето бил подобар од францускиот тенисер Гаске, победувајќи, исто така, во три сета (7-6, 6-4, 6-4). Најпосле, во финалето, Ѓоковиќ го совладал големиот ривал, Федерер, остварувајќи победа во четири одиграни сета (7-6, 6-7, 6-4, 6-3).[62]
На турнирот во Монтреал, одигран од 10 до 16 август 2015 година, во четврфиналето, Ѓоковиќ го победил Ернестс Гулбис со 5-7, 7-6 и 6-1, а во полуфиналето бил подобар од францускиот тенисер Жереми Шарди, со 6:4, 6:4. Меѓутоа, во финалето изгубил од Енди Мареј, со 4-6, 6-4 и 3-6.[63] Истиот месец, Ѓоковиќ настапил и на турнирот во Синсинати, кој се одржал од 16 до 23 август 2015 година. Во четврфиналето, Ѓоковиќ лесно го победил Вавринка со резултат 6-4, 6-1, а во полуфиналето бил подобар од украинскиот тенисер Алекандар Долгополов, играјќи три сета (4-6, 7-6, 6-2). Најпосле, во финалето, Ѓоковиќ се сретнал со Федерер и претрпел пораз во два сета (6-7, 3-6).[64]
Успесите на Ѓоковиќ продолжиле и на Отвореното првенство на САД, одиграно од 31 август до 13 септември 2015 година. Притоа, во четвртфиналето тој бил подобар од шпанскиот тенисер Лопез, со резултат 6-1, 3-6, 6-3, 7-6, а во полуфиналето остварил убедлива победа на Чилиќ во три сета (6-0, 6-1, 6-2). Во големото финале, Ѓоковиќ повторно го поразил Федерер, остварувајќи победа во четири сета (6-4, 5-7, 6-4, 6-4).[65] [66]
Во октомври, Ѓоковиќ остварил голема победа на турнирот во Пекинг. Притоа, во четврфиналето, одиграно на 9 октомври, тој го победил Џон Иснер во два сета (6-2, 6-2), во полуфиналето бил подобар од Давид Ферер во два сета (6-2, 6-3), а во во финалето, одиграно на 11 октомври 2015 година, остварил убедлива победа над Надал (6-2, 6-2).[67] Тоа била седма победа над Надал во последните осум меѓусебни натпревари. На тој начин, Ѓоковиќ ја остварил шестата победа на турнирот во Пекинг, остварувајќи фантастичен резултат од вкупно 29 победи на турнирот и 27 последователни добиени сета.[68]
Веднаш потоа, Ѓоковиќ победил и на „мастерсот“ во Шангај (негова трета титула од 2012 година). Таму, во полуфиналето, одиграно на 17 октомври, тој го победил Мареј во два сета (6-1, 6-3), а утредента, во финалниот натпревар бил подобар од Џо Цонга, исто така, во два сета (6-2, 6-4). На тој начин, Ѓоковиќ ја освоил деветтата титула во сезоната и 25. титула на турнирите од серијата „мастерс 1000“, со што се доближил до рекордот на Надал кој има освоено 27 „мастерс“-титули. Вкупно, оваа победа го означила 57. освоен турнир во кариерата на Ѓоковиќ.[69]
Во ноември, Ѓоковиќ ја одбранил титулата на „Мастерсот 1000“ во Париз. Таму, најпрвин во четвртфиналето го совладал Бердих во два сета (7-6, 7-6); во полуфиналето, одиграно на 7 ноември, тој го победил Вавринка во три сета (6-3, 3-6, 6-0), а утредента, во финалниот натпревар бил подобар од Мареј, во два сета (6-2, 6-4). На тој начин, Ѓоковиќ влегол во историјата како прв тенисер кој во текот на една година победил на шест турнири од серијата „Мастерс 1000“ и како прв тенисер кој победил четири пати на „мастерсот“ во Париз. Истовремено, тоа била неговата 22. последователна победа во оваа сезона, 26. титула во серијата „Мастерс 1000“ и вкупно 58. титула во кариерата, со што се изедначил со Илие Настасе на десеттото место на списокот на победниците во ерата на отворените турнири. Со победата на овој турнир, Ѓоковиќ ја потврдил супериорноста во однос на своите конкуренти: тоа била неговата десетта победа против Мареј во поледните 11 настапи (вкупно, 21. победа во 30 одиграни натпреваи), а во текот на сезоната, неговиот резултат против десетте најдобри тенисери изнесувал неверојатни 27:4.[70]
Најуспешната сезона во кариерата Ѓоковиќ ја крунисал во ноември, со победата на финалниот турнир на серијата „мастерс“, одигран во Лондон. Притоа, во групната фаза, на 15 ноември, тој го победил Нишикори со 6-1 и 6-1, но два дена подоцна изгубил од Федерер со 5-7 и 2-6 (првиот пораз во сала од 2012 година). Најпосле, на 19 ноември, Ѓоковиќ го победил Бердих во два сета (6-3, 7-5). Потоа, во полуфиналето, тој бил подобар од Надал, победувајќи го во два сета (6-3, 6-3), а на 22 ноември, во финалето го победил Федерер, исто така, во два сета (6-3, 6-4). Со тоа, Ѓоковиќ ја остварил петтата победа на овој турнир и истовремено станал првиот тенисер во историјата кој четирипати едноподруго победил на финалниот турнир од серијата „мастерс“. Инаку, со победата над Федерер, Ѓоковиќ се изедначил во бројот на победите во меѓусебните игри (22:22).[71] [72]

2016 година[уреди | уреди извор]

И оваа година Ѓоковиќ ја започнал со победа на тенискиот турнир во Доха, Катар. Таму, тој најпрвин го победил германскиот тенисер Дастин Браун, во два сета (6-2, 6-2), а потоа и шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско, исто така, во два сета (6-2, 6-2). Во четвртфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од аргентинецот Леонардо Маер (6-3, 7-5), додека во полуфиналето го совладал Бердих (6-3, 7-6). Најпосле, во финалето, одиграно на 10 јануари, Ѓоковиќ бил подобар од Надал, остварувајќи убедлива победа во два сета (6-1, 6-2).[73]
Во јануари, Ѓоковиќ повторно го освоил турнирот „Австралијан опен“ во Мелбурн. Притоа, на 26 јануари, во четврфиналето го поразил Нишикори во три сета (6-3, 6-2 и 6-4); а на 28 јануари, во полуфиналето го совладал големиот противник Федерер, во четири сета (6-1, 6-2, 3-6 и 6-3); најпосле, на 31 јануари, во финалето остварил убедлива победа над Мареј, во три сета (6-1, 7-5 и 7-6). На тој начин, Ѓоковиќ ја остварил шестата победа на овој турнир (изедначувајќи се со Рој Емерсон) и својата 11 титула на гренд-слем турнирите (изедначувајќи се со Бјорн Борг и Род Лејвер). Со оваа победа, вкупниот резултат на Ѓоковиќ на турнирот во Мелбурн достигнал 57 победи наспроти 6 порази.[74] [75]
Во март, Ѓоковиќ настапил на турнурот во Индијан Велс, каде во четврфиналето, одиграно на 18 март, го совладал Цонга во два сета (7-6, 7-6).[76]. На 19 март, во полуфиналето се сретнал со Надал (нивна четврта средба на овој турнир) кого, исто така, го победил во два сета (7-6, 6-2). Најпосле, во финалето, одиграно на 20 март, Ѓоковиќ остварил лесна победа над Милош Раониќ, победувајќи го во два сета (6-2, 6-0), со што стигнал до својата петта победа на овој турнир (трета последователна). Истовремено, тој ја освоил 27. титула на турнирите од серијата „Мастерс 1000“, на тој начин израмнувајќи се со Надал.[77]
Веднаш потоа, Ѓоковиќ настапил на турнирот во Мајами од серијата „Мастерс 1000“. Таму, во четврт-финалето го совладал Томаш Бердих во два сета (6-3, 6-3), а во полуфиналето бил подобар од Давид Гофан, исто така, во два сета (7-6, 6-4). Најпосле, во финалето, одиграно на 3 април, тој го победил јапонскиот тенисер Кеи Нишикори во два сета (6-3, 6-3), освојувајќи на својата шеста титула на овој турнир (трета по ред) во седмото одиграно финале. На тој начин, Ѓоковиќ остварил неколку големи успеси, и тоа: се изедначил со Андре Агаси според бројот на титулите и според бројот на настапи во финалето на овој турнир; стигнал до својата 28. победа на турнирите од серијата „Мастерс 1000“, со што постанал најуспешниот тенисер во историјата на оваа серија; го надминал Борис Бекер, станувајќи 11. најдобар тенисер во историјата, според бројот на остварените победи (714. победа во кариерата); го надминал Федерер на списокот на најмногу заработени пари на турнирите; успеал да победи трипати на седум различни турнири; станал првиот тенисер кој четири пати победил на турнирите во Мајами и Индијан Велс во иста сезона; станал рекордер со 11 последователни финалиња на турнирите од „Мастерс 1000“, со рекордна низа од 56-2.[78] [79] [80] [81]
Сепак, успешната низа на Ѓоковиќ била прекината на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Монте Карло, каде што изгубил во вториот круг од 55. тенисер на светот, Чехот Јиржи Весели, во три сета (4-6, 6-2, 4-6). Така, Ѓоковиќ го претрпел вториот пораз во 2016 година, а тоа било неговото најрано испаѓање од некој турнир во последните три години и прв пораз од тенисер кој не е рангиран во првите 50 од 2010 година наваму.[82]
По неуспехот во Монте Карло, Ѓоковиќ се вратил триумфално на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Мадрид. Таму, во четврфиналето, одиграно на 6 мај, го победил Раониќ во два сета (6-3, 6-4), а утредента во полуфиналето го совладал Нишикори, исто така, во два сета (6-3, 7-6). Најпосле, во финалето, одиграно на 8 мај, Ѓоковиќ бил подобар од Мари (6-2, 3-6, 6-3). Така, Ѓоковиќ го освоил рекордниот 29. турнир од серијата „мастерс 1000“. Симболично, овој натпревар го одбележал десетгодишното ривалство меѓу двајцата тенисери, кои за првпат играле меѓу себе токму на овој турнир во 2006 година. Тогаш, Ѓоковиќ бил на 17. а Мари на 19. место на табелата на АТП.[83]
Една недела подоцна, Ѓоковиќ и Мари се сретнале повторно, овојпат во финалето на „мастерсот“ во Рим. Како прв носител на турнирот и бранител на титулата, Ѓоковиќ започнал да игра во второто коло, со победа над Стефан Робер (7-5, 7-5). На 12 мај, во рамките на третото коло го победил бразилскиот тенисер Белучи, во три сета (0-6, 6-3, 6-2), иако настапот го започнал изненадувачки лошо, без да освои ниту еден гем во првиот сет. Утредента, во четвртфиналето Ѓоковиќ бил подобар од Надал (7-5, 7-6), додека во полуфиналето, одиграно на 14 мај, го победил Нишикори (2-6, 6-4, 7-6). Сепак, утредента тој бил поразен во финалниот натпревар од Енди Мари, во два сета (3-6, 3-6).[84]
На 5 јуни 2016 година, Ѓоковиќ конечно го остварил својот сон - победил на турнирот „Ролан Гарос“, единствениот „гренд слем“ кој му недостигал. Во финалето, тој бил подобар од Мари, во четири сета (3-6, 6-1, 6-2, 6-4), а претходно, во полуфиналето го совладал Доминик Тим, во три сета (6-2, 6-1, 6-4) додека во четврфиналето го победил Бердих, исто така, во три сета (6-3, 7-5,6-3). На тој начин, Ѓоковиќ влегол во тениската историја како осмиот тенисер кој успеал да ги освои сите „гренд слем“ титули и третиот тенисер кој бил актуелен шампион на овие турнири. Притоа, со неговата 12. „гренд слем“ титула, тој се изедначил со Рој Емерсон, на четвртото место на списокот на тенисерите со најмногу победи на „гренд слем“ турнирите. Успехот на Ѓоковиќ е уште поголем, ако се знае дека тој е првиот тенисер по 1992 година кој успеал да победи на двата „гренд слем“ турнири (Австралија и Ролан Гарос) во текот на една година. Инаку, со победата на „Ролан Гарос“, Ѓоковиќ ја освоил својата 65. титула на турнирите (шести најуспешен тенисер во историјата на „отворената ера“) и својата 46. „голема титула“, заостанувајќи само зад Федерер, кој има 47. „големи“ титули („гренд слем“, „мастерс 1000“ и „АТП финалиња“). Најпосле, Ѓоковиќ станал првиот тенисер кој заработил повеќе од 100 милиони долари.[85]
Надежите на Ѓоковиќ за победа на сите гренд-слем турнири во текот на една календарска година биле прекинати во третото коло од турнирот во Вимблдон, каде што тој неочекувано изгубил од американецот Сем Кјури (Sam Querrey), во четири сета (6-7, 1-6, 6-3, 6-7).[86] Сепак, на крајот на јули, Ѓоковиќ успеал да го освои „мастерсот“ во Торонто, победувајќи го Нишикори во финалето, во два сета (6-3, 7-5). Во полуфиналето тој го победил францускиот тенисер Монфилс, исто така, во два сета (6-3, 6-2), во четвртфиналето го совладал Бердих (7-6, 5-4), а претходно бил подобар од Степанек (6-2, 6-4) и од Милер (7-5, 7-6). На тој начин, Ѓоковиќ стигнал до рекордната 30. победа на турнирите од серијата „мастерс 1000“.[87]
Меѓутоа, неуспесите на Ѓоковиќ продолжиле и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, каде изгубил уште во првото коло од Хуан Мартин дел Потро, во два сета (6-7, 6-7). По поразот, тој го напуштил теренот со солзи во очите.[88]
На Отвореното првенство на САД, во првото коло, одиграно на 29 август, Ѓоковиќ остварил победа над Јанович, во четири сета (6-3, 5-7, 6-2, 6-1), а во второто коло победил без борба, зашто Јиржи Весели го предал натпреварот. На 3 септември, во рамките на третото коло, Ѓоковиќ се сретнал со Михаил Јужни, кој се повлекол во првиот сет, при резултат од 4-2 за Ѓоковиќ.[89] Во четвртото коло, тој се сретнал со младиот британски тенисер Кајл Едмунд кого го победил во три сета (6-2, 6-1, 6-4).[90] Во четврфиналето, одиграно на 7 септември, Ѓоковиќ се сретнал со Цонга, кој се откажал по одиграните два сета, кои ги добил Ѓоковиќ (6-3, 6-2).[91] Потоа, во полуфиналето, Ѓоковиќ бил подобар од францускиот тенисер Гаел Монфилс, остварувајќи победа во четири сета (6-3, 6-2, 3-6, 6-2).[92] Најпосле, во финалето, одиграно на 11 септември, Ѓоковиќ бил поразен од третиот носител на турнирот, Вавринка, во четири сета (7-6, 4-6, 5-7, 3-6) и така пропаднал неговиот обид да ја одбрани минатогодишната титула и да го освои 13. „гренд слем“ во кариерата.[93]
На „мастерсот 1000“ во Шангај, Ѓоковиќ стигнал до полуфиналето, каде неочекувано загубил од шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, и тоа во два сета (4-6, 4-6). Претходно, во четвртфиналето, Ѓоковиќ го победил Миша Зверев, во три сета (3-6, 7-6, 6-3), а претходно бил подобар од канадскиот тенисер Васек Поспишил (6-4, 6-4) и од Италијанецот Фабио Фоњини (6-3, 6-3).[94] Неуспесите на Ѓоковиќ продолжиле и на следниот „мастерс“, одржан во Париз. Таму, тој го победил Димитров во третото коло (4-6, 6-2, 6-3), но во чевтрфиналето изгубил од Марин Чилиќ (4-6, 6-7).[95] На тој начин, по 122 недели, Ѓоковиќ го загубил првото место на списокот на АТП на најдобри тенисери при што неговото место го зазел Енди Мари.[96]
На финалниот турнир на АТП, одигран во Лондон, Ѓоковиќ настапил во групата „Иван Лендл“. Притоа, во првиот натпревар, тој го победил австрискиот тенисер Доминик Тим, во три сета (6-7, 6-0, 6-2),[97] а во вториот натпревар, одигран на 15 ноември, бил подобар од Милош Раониќ (7-6, 7-6).[98] Поради повредата на Гаел Монфилс, во третото коло, Ѓоковиќ играл против белгискиот тенисер Давид Гофен, остварувајќи победа во два сета (6-1, 6-2).[99] Потоа, во полуфиналето, тој бил подобар од Нишикори, кого го совладал убедливо во два сета (6-1, 6-1).[100] Сепак, во финалето, одиграно на 20 ноември, Ѓоковиќ изгубил од Мареј во два сета (3-6, 4-6), со што ја завршил годината на второто место на табелата на АТП, со вкупно 11.780 бодови.[101] [102]

Настапи во Дејвис Купот[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Ѓоковиќ ја оствари одлучувачката победа против Велика Британија победувајќи го Грег Руседски во четири сета во четвртиот меч со што му донесе на својот тим водство од 3-1 во серијата подобар од 5 со што ја задржа Србија и Црна Гора во Првата група од Евро/Африканската зона во Дејвис купот. После овој меч се појавија многу медиумски пријатели од кампот на Ѓоковиќ кои преговараа со Асоцијацијата за тенис на трева за тоа Ѓоковиќ да ја смени меѓународната лојалност со тоа што ќе се приклучи во Британските тениски редови. 19 годишниот Ѓоковиќ кој беше број 63 на АТП листата во тоа време, главно ја негираше вакавата приказна велејќи дека разговорите околу тоа не биле сериозни, опишувајќи ги како “Британците се многу љубезни кон нас после Дејвис купот”. Сепак, нешто повеќе од три години подоцна во октомври 2009 година, Ѓоковиќ потврди дека разговорите помеѓу неговата фамилија и ЛТА (тениската лига во Англија) во април и мај 2009 година биле навистина сериозни.


Британците ми понудија многу можности и им требаше некој бидејќи Енди Мареј беше единсвениот и сеуште е. Тоа сигурно е разочарување за сите пари кои тие ги вложуваат. Но не ми требаа сите пари што ги имав направено. Почнав да заработувам нешто за себе, доволно за да можам да си дозволам да патувам со тренер, и реков, “Зошто се грижам?” Јас сум Србин, јас сум горд што сум Србин, и не сакав да го расипам сето тоа само затоа што некоја друга држава имала подобри услови. Доколку играв за Велика Британија, сигурно дека ќе играв исто како што играм за мојата земја но длабоко во себе, никогаш немаше да почувствувам дека припаѓам таму. Јас бев тој кој ја донесе одлуката.


Победувајќи во сите три мечеви, Ѓоковиќ одигра клучна улога во плеј- оф победата во 2007 година над Австралија, промовирајќи ја Србија во Светската група во 2008 година. Во натпреварот на Србија со Русија на почетокот на 2008 година Ѓоковиќ беше надвор од екипата поради грип и беше принуден да го пропушти неговиот меч во поединечна конкуренција. Потоа се врати за да го добие мечот во дубл, во тим со Ненад Жимоњиќ, пред да биде принуден да се повлече во неговиот меч во поединечна конкуренција против Николај Давиденко. Ѓоковиќ исто така имаше голема улога во промовирањето на Србија во Светската Група во 2009 година. Од 6-8 март тој играше клучна улога во доведувањето на Србија до четврт-финалето во Светската Група за прв пат во нејзината независна историја, на домашно тло провив САД (против Сем Квери и Џон Изнер). Подоцна Србија се пласираше во финалето на Дејвис купот, со победите над Хрватска (4-1) и Чешка (3-2). Србија се врати од негатива од 1-2 до победа од 3-2 против Франција во финалната пресметка во Белград за да го освои првиот Дејвис куп шампионат за нацијата. Во финалето Ѓоковиќ оствари две победи во поединечна категорија за Србија, победувајќи ги Жил Симон и Гаел Монфис. Тој беше ‘рбетот на српскиот состав, остварувајќи 7-0 во поединечна конкуренција за да ја доведе својата нација до титула, иако честа за добивање на одлучувачката пресметка во финалето отиде кај неговиот сонародник Виктор Троицки.

Стил на игра и опрема[уреди | уреди извор]

Ѓоковиќ е играч на сите делови од теренот со нагласок на агресивна игра на основната линија. Неговите удари од земја од двете крила се постојани, длабоки и пенетрирачки. Неговиот бекхенд нашироко се смета за еден од најдобрите во денешнава игра. Неговото најдобро оружје е неговиот бекхенд кој го удира кон линијата со големо темпо и прецизност. Тој е исто така познат како еден од најдобрите движачи по теренот со супериорна агилност, покриеност на теренот и одбрамбена способност. После големи тешкотии во техниката во сезоната во 2009 година, неговиот сервис е повторно едно од неговите најголеми оружја носејќи му многу лесни поени, неговиот прв сервис е типичен рамен удар додека преферира да го удира својот втор сервис сечено и отворено. Дарен Кејхил изјави дека Ѓоковиќ, заедно со Давид Ферер е најдобриот враќач на сервис кај мажите. Повремено Ѓоковиќ го удира топчето од земјата – најмногу заради разлутување на неговите противници – како и добро маскиран бекхенд вртен дроп-кик удар и сечење на бекхенд ударот. Додека неговата навика да го удира топчето полека почна да исчезнува за време на минатата година неговите дроп удари сеуште имаат тенденција на повлекување кога удира под притисок и без претходна подготовка. Ѓоковиќ употребува рекети Хед исползувајќи вообичаена ПиЏеј (пеинт џоб) на врвот на Ју Трек Спид Про рекет, после употребата на Вилсон до крајот на 2008 година. Во 2011 година на Австралијан Опен тој почна да користи вообичаен ПиЏеј на главата на ЈуТрек АјГи Спид ЕмПи 18/20 со технологија на инегра влакна. Ѓоковиќ има жици кои се состојат од негов сопствен хибрид од главно природен Гат на главата и од Луксилон Биг Бенгер Алу Пауер Раф на вкрстувањата. На крајот на 2009 година Ѓоковиќ премина од Адидас на Серџо Тахини потпишувајќи десетгодишен договор со Италијанската компанија за облека. Ѓоковиќ од скоро почна да носи вообичаена црвена и плава Адидас барикада 6,0 ‘ патики кои се во бојата на српското национално знаме. Ѓоковиќ моментално го тренира поранешниот Словачки професионален тенисер Мариан Ваида. Во мај, 2012 година Ѓоковиќ го раскина договорот со Серџо Тачини и потпиша петгодишен договор со Јапонската компанија за облека Уникло.

Гренд Слем Турнири[уреди | уреди извор]

Временска изведба на Гренд Слем турнирите[уреди | уреди извор]

Турнир 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 Кариера СР Кариера Поб-Пор Победи %
Гренд Слем Турнири
Отворено првенство на Австралија A A 1R 1R 4R W QF QF W W W W W 4 / 9 39–5 87.19
Ролан Гарос A A 2R QF SF SF 3R QF SF F 2013 French Open - Men's Singles 2014 French Open - Men's Singles F 0 / 8 31–8 79.49
Вимблдон A A 3R 4R SF 2R QF SF W SF 2013 Wimbledon Championships - Men's Singles W W 1 / 8 32–7 82.05
Отворено првенство на САД A A 3R 3R F SF SF F W 2012 US Open – Men's Singles 2013 US Open – Men's Singles 2014 US Open – Men's Singles W 1 / 8 39–7 84.78
Победи-Порази 0–0 0–0 5–4 9–4 19–4 18–3 15–4 19–4 25–1 24–3 7–0 6 / 33 141–27 83.12

Гренд слем финалиња[уреди | уреди извор]

Сингл: 20 (12 титули, 8 пати вицешампион)[уреди | уреди извор]

Исходu Година Шампионат Подлога Противник во финалето Резултат во финалето
Вицешампион 2007 Отворено првенство на САД Тврда  Швајцарија Роџер Федерер 6–7(4), 6–7(2), 4–6
Победник 2008 Отворено првенство на Австралија Тврда Франција Жо-Вилфред Цонга 4–6, 6–4, 6–3, 7–6(2)
Вицешампион 2010 Отворено првенство на САД Тврда Шпанија Рафаел Надал 4–6, 7–5, 4–6, 2–6
Победник 2011 Отворено првенство на Австралија Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 6–4, 6–2, 6–3
Победник 2011 Вимблдон Трева Шпанија Рафаел Надал 6-4, 6-1, 1–6, 6–3
Победник 2011 Отворено првенство на САД Тврда Шпанија Рафаел Надал 6–2, 6–4, 6–7, 6-1
Победник 2012 Отворено првенство на Австралија Тврда Шпанија Рафаел Надал 5–7, 6–4, 6–2, 6–7(5), 7–5
Вицешампион 2012 Ролан Гарос Земја Шпанија Рафаел Надал 4-6, 3-6, 6-2, 5-7
Вицешампион 2012 Отворено првенство на САД Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 6–7(10–12), 5–7, 6–2, 6–3, 2–6
Победник 2013 Отворено првенство на Австралија Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 6-7(2), 7-6(3), 6-3, 6-2
Вицешампион 2013 Вимблдон Трева Обединето Кралство Енди Мареј
Вицешампион 2013 Отворено првенство на САД Тврда Шпанија Рафаел Надал
Вицешампион 2014 Ролан Гарос Земја Шпанија Рафаел Надал 6-3, 5-7, 2-6, 4-6
Победник 2014 Вимблдон Трева  Швајцарија Роџер Федерер 6-7, 6-4, 7-6, 5-7, 6-4
Победник 2015 Отворено првенство на Австралија Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 7-6, 6-7, 6-3, 6-0
Вицешампион 2015 Ролан Гарос Земја  Швајцарија Станислас Вавринка 6-4, 4-6, 3-6, 4-6
Победник 2015 Вимблдон Трева  Швајцарија Роџер Федерер 7-6, 6-7, 6-4, 6-3
Победник 2015 Отворено првенство на САД Тврда  Швајцарија Роџер Федерер 6-4, 5-7, 6-4, 6-4
Победник 2016 Отворено првенство на Австралија Тврда Обединето Кралство Енди Мареј 6-1, 7-5, 7-6
Победник 2016 Ролан Гарос Земја Обединето Кралство Енди Мареј 3-6, 6-1, 6-2, 6-4

Статистики во кариерата[уреди | уреди извор]

Записи[уреди | уреди извор]

Турнир Година Постигнат успех Поврзаност на играчот
Канада 2007 Најмлад играч кој ги победил трите најдобри играчи едноподруго Самостојно
Mајами Мастерс 2007 Најмлад играч кој победил на еден шампионат (19 години, 10 месеци)) Самостојно
Aвстралијан ОпенРолан ГаросВимболдонУС Опен 2007–2008 Најмлад играч кој стигнал до сите четири Гренд Слем полуфиналиња Самостојно
АТП турнеја 2006–2009 Најмногу последователни недели како број 3- 91 Самостојно
АТП турнеја 2011 Самостојно
Мадрид 2009 Најдолгиот подобар-во-три сета натпревар кој некогаш е одигран (4 часа, 3 минути Рафаел Надал
Aвстралијан ОпенИндијан ВелсМајами Мастерс 2011 Победник во првите "Големи 3" турнири во една сезона Роџер Федерер, Андре Агаси, Пит Сампрас
ATП Мастерс Светска Турнеја 2007–2011 Достигнување на најмногу различни Мастерс 100 финалиња (8/9) Рафаел Надал, Роџер Федерер

Oрденот на Св. Сава[уреди | уреди извор]

На 28 април 2011 година во Белград, Патријархот на Србија Иринеј , му го врачил на Ѓоковиќ Oрденот на Св. Сава од 1 класа, на Српска православна црква. Орденот му бил доделен за искажажаната љубов кон црквата, и обезбедената помош за српскиот народ, црквите и манастирите на Српската православна црква, особено во Косово и Метохија.

Во поновата култура[уреди | уреди извор]

Во 2009 и 2010 година Ѓоковиќ добил „Оскар на популарноста“ за најпопуларен спортист во Србија. Исто така, тој бил специјален гостин во полуфиналето на Евровизискиот натпревар во 2008 година во Белград, кога фрлил големо тениско топче кон публиката, објавувајќи го почетокот на гласањето. Заедно со презентерот на шоуто, Жељко Јоксимовиќ, Ѓоковиќ испеал песна за Белград.
Ѓоковиќ бил, исто така, вклучен и во музичкиот спот на песната „Хелоу“ на Mартин Солвег и „Драгонет“. Спотот, снимен на Теренот на Ролан Гарос, го прикажува Солвег како се соочува со Боб Синклер, уште еден Ди Џеј, во тениски меч. Кога судијата ја прогласува клучната топка за „аут“, Влегува Ѓоковиќ на игралиштето и го убедува судијата во спротивното. Во 2010 година, српската блуз-рок група „Зона Б“ ја снимила песната „Џокер“, која му ја посветила на Ѓоковиќ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Roger Federer vs. Novak Ðoković Australian Open Preview“. http://www.tennis-x.com/story/2008–01–24/h.php. конс. 24 октомври 2011 г. 
  2. „Novak Djokovic's Girlfriend Jelena Ristic Watches Him Win 1st US Open Title – Jelena Ristic“. Zimbio. 12 септември 2011. http://www.zimbio.com/Jelena+Ristic/articles/Ol59RXZuV3l/Novak+Djokovic+Girlfriend+Jelena+Ristic+Watches. конс. 29 октомври 2011 г. 
  3. Drucker, Joel (14 февруари 2008). „Behind every good man is an even better woman coach“. ESPN. http://sports.espn.go.com/sports/tennis/news/story?id=3243000. конс. 8 јули 2011 г. 
  4. „Novak Djokovic's Official Website“. Novakdjokovic.rs. http://www.novakdjokovic.rs/bio_profile.php?jezik=2. конс. 29 октомври 2011 г. 
  5. „Borg: 'Djokovic can win a Grand Slam'“. BlackRock Tour of Champions. 13 август 2007. архивирано од оригиналот на 29 септември 2007. http://web.archive.org/web/20070929132024/http://www.blackrocktourofchampions.com/5/news/2007/borg_djokovic.asp. конс. 13 август 2007 г. 
  6. Hodgkinson, Mark. „Novak Djokovic wins Australian Open“, „The Daily Telegraph“, 27 јануари 2008.
  7. „Djokovic Upset In First Round Match At Brisbane“. The Sports Network. Canadian Press. 6 јануари 2009. http://www.tsn.ca/canadian_hockey/story/?id=262117. конс. 17 септември 2011 г. 
  8. „Djokovic blames illness“. 28 јануари 2010. http://au.sports.yahoo.com/tennis/news/article/-/6730661/djokovic-blames-illness. конс. 28 јануари 2010 г. 
  9. Schlink, Leo (30 јануари 2011). „Novak Djokovic wins in straight sets“. heraldsun.com.au. The Herald and Weekly Times. http://www.heraldsun.com.au/ipad/djokovic-wins-in-straight-sets/story-fn6bn7je-1225997095404. конс. 30 септември 2011 г. 
  10. „Новак протутњао поред Ферера“. http://www.b92.net/sport/tenis/vesti.php?yyyy=2012&mm=12&dd=28&nav_id=673062. конс. 16. 1. 2013 г. 
  11. РТС (пристапено на 16. 1. 2013)
  12. B92, „Novak kroz pakao do Berdiha“ (пристапено на 27.1.2013)
  13. B92, „Đoković "počistio" Ferera za finale“ (пристапено на 27.1.2013)
  14. B92, „Novak piše istoriju Melburna!“ (пристапено на 27.1.2013)
  15. „2013 Doubles Activity“. http://www.atpworldtour.com/Tennis/Players/Top-Players/Novak-Djokovic.aspx?t=pa&y=2013&m=d&e=0#. конс. 23. 11. 2013. г. 
  16. Nole dobio Fiša, izgubio od Brajana“, b92, 5. 3. 2013. (конс. 6. 3. 2013. г).
  17. Šou Noleta i Dimitrova u predgrađu Londona, Đoković Grigoru imitirao Mašu!“, Blic, 19. 6. 2013. (конс. 19. 6. 2013. г).
  18. Đoković i Nadal ulaze u istoriju“, B92, 8. 9. 2013. (конс. 19. 10. 2013. г).
  19. „Ѓоковиќ го одбрани Шангај“, Дневник, број 5289, година XVII, понеделник, 14 октомври 2013, стр. 27.
  20. „Official site of China open“. http://www.chinaopen.com.cn/en/atp_mdd.html. конс. 27. 10. 2013. г. 
  21. „2013 Singles Activity“. http://www.atpworldtour.com/Tennis/Players/Top-Players/Novak-Djokovic.aspx?t=pa. конс. 23. 11. 2013. г. 
  22. Đoković baš voli da pobeđuje Nadala“, B92, 21. 11. 2013. (конс. 23. 11. 2013. г).
  23. Novak i Nadal ispred glečera“, B92, 23. 11. 2013. (конс. 23. 11. 2013. г).
  24. Sad se može reći da su svuda igrali: Novak i Rafa se nadmetali i na glečeru!“, Blic, 23. 11. 2013. (конс. 23. 11. 2013. г).
  25. „Treća titula za Noleta u Abu Dabiju!“. http://novakdjokovic.com/vesti/tenis/treca-titula-za-noleta-u-abu-dabiju/. конс. 3. 4. 2014. г. 
  26. „Nole savladao Monaka u egzibicionom meču na turniru “Kojong klasik”“. http://novakdjokovic.com/vesti/tenis/nole-savladao-monaka-u-egzibicionom-mecu-na-turniru-kojong-klasik/. конс. 3. 4. 2014. г. 
  27. „WAWRINKA EDGES DJOKOVIC IN CLASSIC“. http://www.atpworldtour.com/News/Tennis/2014/01/4/Australian-Open-2014-Day-9-Quarterfinals-Djokovic-Wawrinka.aspx. конс. 3. 4. 2014. г. 
  28. „Novak Djokovic loses to Stanislas Wawrinka in Aussie Open quarterfinals“. http://tennis.si.com/2014/01/21/novak-djokovic-loses-to-stanislas-wawrinka-australian-open-quarterfinals/. конс. 3. 4. 2014. г. 
  29. Svetski dan tenisa: Nole zabavio publiku i savladao Mareja“, 4. 3. 2014. (конс. 3. 4. 2014. г).
  30. „DJOKOVIC DENIES FEDERER TO WIN THIRD BNP PARIBAS OPEN TITLE“. http://www.atpworldtour.com/News/Tennis/2014/03/11/Indian-Wells-Final-Djokovic-Federer.aspx. конс. 3. 4. 2014. г. 
  31. „Berdych Withdraws; Nadal to Face n Final“. http://origin-www.miamiopen.com/en/news-and-media/news/berdych-withdraws-nadal-into-final. конс. 3. 4. 2014. г. 
  32. Novak u Majamiju, verzija iz 2011.“, 4. 3. 2014. (конс. 3. 4. 2014. г).
  33. „Djokovic Wins Fourth Sony Open“. http://origin-www.miamiopen.com/en/news-and-media/news/djokovic-wins-fourth-sony-open. конс. 3. 4. 2014. г. 
  34. Đoković: Svaki udarac je bio bolan“, 19. 4. 2014. (конс. 30. 4. 2014. г).
  35. „Novak neće igrati na turniru u Madridu“. http://novakdjokovic.com/vesti/tenis/novak-nece-igrati-na-turniru-u-madridu/. конс. 18. 5. 2014. г. 
  36. Novak Djokovic is named Wimbledon top seed“, The Sydney Morning Herald, 19. 6. 2014. (конс. 6. 7. 2014. г).
  37. „Ѓоковиќ во полуфиналето на „Вимблдон“ против Димитров“, Дневник, година XVIII, број 5507, 4 јули 2014, стр. 26.
  38. „Novak pobedio sebe i Federera!“. http://www.b92.net/sport/tenis/masters/vesti.php?yyyy=2014&mm=07&dd=06&nav_id=873236. конс. 6. 7. 2014. г. 
  39. „Novak u polufinalu Njujorka!“. http://www.rts.rs/page/sport/sr/story/38/Tenis/1688085/Novak+u+polufinalu+Njujorka%21.html. конс. 7. 9. 2014. г. 
  40. „Men's Grand Slam Singles Champions & Winners“. http://www.tennis-x.com/stats/mens-grandslam-winners.php. конс. 17. 11. 2014. г. 
  41. „BNP Paribas Masters“. http://www.atpworldtour.com/Tennis/Tournaments/Paris.aspx. конс. 17. 11. 2014. г. 
  42. Google, Barclay's ATP World Tour Finals (пристапено на 16.11.2014)
  43. „Ѓоковиќ лесно против Вавринка“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
  44. BBC, „World Tour Finals: Novak Djokovic & Stan Wawrinka into semi-finals“ (пристапено на 16.11.2014)
  45. „DJOKOVIC, FEDERER MEET IN FINALE TITLE MATCH“. http://www.barclaysatpworldtourfinals.com/en/news-and-media/tennis/finals-2014-final-preview-djokovic-federer. конс. 17. 11. 2014. г. 
  46. Google, Barclay's ATP World Tour Finals (пристапено на 16.11.2014)
  47. „Federer odustao, Novaku titula!“. http://www.b92.net/sport/tenis/vesti.php?yyyy=2014&mm=11&dd=16&nav_id=924548. конс. 17. 11. 2014. г. 
  48. „Ѓоковиќ и Шарапова - спортисти на годината според спортската академија на САД“, Дневник, број 5652, година XVIII, петок, 26 декември 2014, стр. 26
  49. ATP, „DJOKOVIC MAKES HISTORY AT AUSTRALIAN OPEN“ (пристапено на 7.4.2015)
  50. „Федерер го надигра Ѓоковиќ во Дубаи“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 20.
  51. BBC, „Novak Djokovic beats Roger Federer in Indian Wells final“ (пристапено на 24.3.2015)
  52. ATP, „Djokovic Retains Title“ (пристапено на 7.4.2015)
  53. ATP, „DJOKOVIC MAKES HISTORY WITH FIFTH MIAMI TITLE“ (пристапено на 7.4.2015)
  54. „Петта титула за Ѓоковиќ во Мајами“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 19.
  55. „Ѓоковиќ со триумфот во Мајами се зацврсти на првата АТП-позиција“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 23.
  56. ATP, „Djokovic continues Masters 1000 surge with Monte-Carlo title“ (пристапено на 21.4.2015)
  57. „Ѓоковиќ и Дибаба најдобри спортисти на светот“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 24.
  58. „DJOKOVIC WINS FOURTH ROME CROWN; FOURTH MASTERS 1000 TITLE OF 2015“ (пристапено на 19.5.2015)
  59. „HOW THE ROME FINAL WAS WON: DOMINANT DJOKOVIC“ (пристапено на 19.5.2015)
  60. Piers Newbery, „French Open: Novak Djokovic beats Andy Murray to reach final“, BBC (пристапено на 6.6.2015)
  61. ATP, „STAN THE MAN: HOW THE ROLAND GARROS FINAL WAS WON“ (пристапено на 7.6.2015)
  62. Daily Mail, „WIMBLEDON 2015 results: Men's and women's singles at the All England Club“ (пристапено на 23.9.2015)
  63. ATP (пристапено на 23.9.2015)
  64. ATP (пристапено на 23.9.2015)
  65. US Open (пристапено на 23.9.2015)
  66. US Open (пристапено на 23.9.2015)
  67. ATP (пристапено на 13.10.2015)
  68. Официјална интернет-страница на „China Open“, „Djokovic dazzles to complete stellar week“ (пристапено на 13.10.2015)
  69. ATP, „Djokovic Completes Shanghai Treble, Secures 25th Masters 1000 Title“ (пристапено на 13.10.2015)
  70. AТP, „Djokovic Claims Slice Of Masters 1000 History With Paris Crown“ (пристапено на 8.11.2015)
  71. BBC, „Novak Djokovic beats Roger Federer to win ATP World Tour title“ (пристапено на 23.11.2015)
  72. AТP, „Djokovic Celebrates Barclays ATP World Tour Title“ (пристапено на 23.11.2015)
  73. ATP, Doha results (пристапено на 6.2.2016)
  74. Australian Open, „Novak’s Aussie six-pack“ (пристапено на 1.2.2016)
  75. ATP, „Djokovic Beats Murray For Sixth Australian Open Crown“ (пристапено на 1.2.2016)
  76. ATP, „Djokovic Sees Off Tsonga“ (пристапено на 19.3.2016)
  77. The Guardian, „Novak Djokovic v Milos Raonic: Indian Wells men's final – as it happened“ (пристапено на 21.3.2016)
  78. The Guardian, „Novak Djokovic beats Kei Nishikori to clinch 28th ATP Masters title – as it happened“ (пристапено на 4.4.2016)
  79. ATP, „How The Final Was Won: Djokovic Masters Miami“ (пристапено на 4.4.2016)
  80. ATP, „Djokovic Wins Record 28th Masters 1000 Crown In Miami“ (пристапено на 4.4.2016)
  81. ATP, (пристапено на 4.4.2016)
  82. ATP, „Vesely Shocks Djokovic In Monte-Carlo“ (пристапено на 13.4.2016)
  83. ATP, „Тen Years Later, Djokovic Proud Of Murray Rivalry“ (пристапено на 10.5.2016)
  84. ATP, „Djokovic: Andy Deserved To Win“ (пристапено на 18.5.2016)
  85. ATP, „Djokovic Outlasts Murray For Historic Roland Garros Crown“ (пристапено на 5.6.2016)
  86. Piers Newbery, „Novak Djokovic loses to Sam Querrey at Wimbledon 2016“, BBC, 2.7.2016 (пристапено на 4.9.2016)
  87. ATP (пристапено на 4.9.2016)
  88. BBC, „Rio Olympics 2016: Novak Djokovic beaten by Juan Martin del Potro in first round“ (пристапено на 4.9.2016)
  89. http://www.foxsports.com/tennis/results?organizationID=2 Fox Sports, 2016 Men's US Open Singles Results (пристапено на 4.9.2016)
  90. BBC, „US Open 2016: Novak Djokovic beats Kyle Edmund in fourth round“ (пристапено на 7.9.2016)
  91. The Telegraph, „Novak Djokovic powers on at US Open with luck on his side“ (пристапено на 10.9.2016)
  92. USA Today, „Novak Djokovic beats Gael Monfils in bizarre U.S. Open semifinal“ (пристапено на 10.9.2016)
  93. BBC, „US Open 2016: Stan Wawrinka stuns Novak Djokovic to win final“ (пристапено на 12.9.2016)
  94. Официјална интернет-страница на ATP (пристапено на 21.10.2016)
  95. Официјална интернет-страница на ATP (пристапено на 6.11.2016)
  96. BBC, „Andy Murray becomes world number one after Raonic withdraws from Paris Masters“ (пристапено на 6.11.2016)
  97. BBC, Piers Newbery, „ATP World Tour Finals: Novak Djokovic beats Dominic Thiem in London“ (пристапено на 14.11.2016)
  98. BBC, Piers Newbery, „Novak Djokovic beats Milos Raonic to make ATP World Tour Finals semi-finals“ (пристапено на 19.11.2016)
  99. EXPRESS, James Gray, „Gael Monfils quits ATP World Tour Finals: Novak Djokovic hammers replacement David Goffin“ (пристапено на 19.11.2016)
  100. The Guardian, „Novak Djokovic v Kei Nishikori: ATP World Tour Finals – as it happened“ (пристапено на 19.11.2016)
  101. JACOB MURTAGH, „Andy Murray beats Novak Djokovic to win ATP World Tour Finals and end season as world No.1“ (посетено на 20.11.2016)
  102. „Мари е новиот тениски крал“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјална веб страна на Новак Ѓоковиќ