Александар Зверев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Зверев
Zverev RG21 (23) (51376278168).jpg
Зверев на Отвореното првенство на Франција во 2021 година
Земја Германија
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на20 април 1997 (1997-04-20) (25 г.)[1]
Роден воХамбург, Германија
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина1.98 м
Професионалец2013
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Александар Зверев
Заработка$30,321,591[2]
Поединечно
Победи-порази318–143
Титули19
Највисок пласманБр. 3 (6 ноември 2017)
Моментално местоБр. 3 (14 февруари 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенПФ (2020)
Ролан ГаросПФ (2021)
Вимблдон4К (2017, 2021)
УС ОпенФ (2020)
Други турнири
Мастерс купП (2018, 2021)
Олимписки игриGold medal olympic.svg (2020)
Во двојки
Победи-порази52–59
Титули2
Највисок пласманБр. 68 (18 март 2019)
Моментално местоБр. 133 (14 февруари 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Ролан Гарос1К (2016)
Ажурирано на: 14 февруари 2022.

Александар "Саша" Зверев (роден на 20 април 1997 г.) — германски професионален тенисер.

Негов најдобар пласман во кариерата според рангирањето на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) е 3. место кое прв пат го достигнал во ноември 2017 година. Тој има освоено 19 АТП титули во поедиенечна конкуренција и две во двојки. Зверев е двократен освојувач на титулата на АТП Мастерс финалето, и тоа во 2018 и во 2021 година и е освојувач на златниот медал на Летните олимписки игри 2020 во Токио. Негов најдобар резултат на гренд слем турнирите е финале на Отвореното првенство на САД 2020 и полуфинале на Отвореното првенство на Австралија 2020 и Отвореното првенство на Франција 2021. Тој е единствениот активен играч покрај големата четворка со освоени пет АТП Мастерс 1000 титули.

Зверев е поранешен светски бр.1 јуниор, и ја освоил јуниорската гренд слем титула на Отвореното првенство на Австралија 2014. Тој рано се пробил на професионалната турнеја, станувајќи еден од најмладите освојуваќи на титула на АТП Челинџер серијата, на 17-годишна возраст. Првата титула во кариерата, Зверев ја освоил на Отвореното првенство на Санкт Петерсбург во 2016 година. Една година подоцна, на мастерсот во Мадрид, тој ја освоил првата титула од серијата АТП Мастерс 1000. На 20-годишна возраст, Зверев бил најмладиот играч во најдобрите 20 на АТП рангирањето, по Новак Ѓоковиќ. Зверев бил дел од европскиот тим кој ја освоил титулата во Лејвер купот во 2018 и 2019 година.

Зверев е агресивен играч од основната линија кој поседува силни форхенд и бекхенд удари. Неговата висина од 1.98 метри му овозможува силни сервиси под остар агол, кои достигнуваат брзина до 220 км/ч. Тој бил прогласен за германски спортист на годината во 2021 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alexander Zverev“. ATP Tour. Архивирано од изворникот 4 август 2021. Посетено на 25 ноември 2018.
  2. „ATP Prize Money Leaders“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 7 април 2021. Посетено на 25 ноември 2018.
  3. „Sportler des Jahres 2021: Das sind die Sieger“. Sportler des Jahres (германски). Посетено на 19 декември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]