Прејди на содржината

Тенис на Летните олимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тенис на Летните олимписки игри
Раководен орган ITF
Дисциплини 5 (мажи: 2; жени: 2; мешано: 1)
Игри
1896 1900 1904 1908 1912 1920
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1996 2000
2004 2008 2012 2016 2020
Белешка: Со закосени се напишани годините кога бил показен спорт
Освојувачи на медали

Тенисот бил на програмата на Летните олимписки игри од првите игри во 1896, но бил исфрлен од програмата по игрите во 1924 поради спор меѓу Меѓународната тениска федерација и Меѓународниот олимписки комитет во врска со аматерскиот статус на натпреварувачите.[1][2] Тенисот се вратил на програмата како показен спорт во 1968 и 1984,[3] а од игрите во 1988 станал редовен спорт и се играл на сите следни изданија на игрите.[4]

Во 1896, 1900, 1904, 1988, and 1992, губитниците во полуфиналните двобои добивале бронзен медал. Во сите други изданија бил одржан натпревар за бронзен медал.

Почнувајќи од игрите во 2004, резултатите од игрите се сметаат на АТП и ВТА листите во поединечно за календарската година. И покрај тоа што бодовите кои се добиваат се пониски од бодовите кои се добиваат на Гренд слем турнирите, олимписките турнири добиле на важност од нивното повторното воведување, и многу играчи, критичари и спортски експерти сметаат дека освојувањето на златниот медал на Олимписките игри е исто толку престижно, или попрестижно од освојување на Гренд слем титула.[5][6] За играчите кои имаат освоено Олимписки златен медал и сите четири Гренд слем титули се вели дека имаат освоено Златен слем.

Подлогата на терените за играње е различна кај различни Олимписки игри. Од 1984, сите олимписки турнири биле одиграни на тврда подлога освен игрите во 1992 (каде се играло на Земјина подлога) и игрите во 2012 (каде се играло на тревна подлога). Менувањето на подлогата на одредени играчи им дава различни предности и слабости кои не се видени во другите олимписки спортови.

Натпревари

[уреди | уреди извор]

(п) = показен спорт

Event960004081220242832364852566064687276808488929600040812Години
Мажи поединечно (п) (п)14
Мажи поединечно (во сала) 2
Машки двојки (п) 14
Машки двојки (во сала) 2
Жени поединечно (п) (п)12
Жени поединечно (во сала) 2
Женски двојки (п) 9
Мешани двојки (п) 5
Мешани двојки (во сала) 1
Вкупно натпревари 24268550000000000000444444561

Табела на медали

[уреди | уреди извор]
Медалистките во поединечна конкуренција од 2012, Серена Вилијамс (средина), Марија Шарапова (десно) и Викторија Азаренка (лево).

Сите изданија (1896–1924, 1988–2012)

[уреди | уреди извор]
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД (USA)2051136
2 Велика Британија (GBR)17151244
3 Франција (FRA)56819
4 ЈАР (RSA)3216
5 Германија (GER)2529
6 Русија (RUS)2327
7 Швајцарија (SUI)2204
8 Чиле (CHI)2114
9 Шпанија (ESP)17311
10 Мешовита екипа (ZZX)1337
11 Австралија (AUS)1135
12 Чехословачка (TCH)1124
13 Белорусија (BLR)1012
 Белгија (BEL)1012
 Кина (CHN)1012
 Западна Германија (FRG)1012
17 Канада (CAN)1001
18 Шведска (SWE)0358
19 Чешка (CZE)0312
20 Јапонија (JPN)0202
21 Аргентина (ARG)0145
22 Грција (GRE)0112
 Холандија (NED)0112
24 Австрија (AUT)0101
 Данска (DEN)0101
26 Хрватска (CRO)0033
27 Обединета екипа (EUN)0022
28 Австралазија (ANZ)0011
 Бохемија (BOH)0011
 Бугарија (BUL)0011
 Унгарија (HUN)0011
 Индија (IND)0011
 Италија (ITA)0011
 Норвешка (NOR)0011
 Србија (SRB)0011

Повеќекратни медалисти (1896–2012)

[уреди | уреди извор]
МестоИграчЗлатоСреброБронзаВкупно
1САД Серена Вилијамс4004
САД Венус Вилијамс4004
3Обединето Кралство Реџиналд Доерти3014
4САД Винсент Ричардс2103
5Обединето Кралство Лоренс Доерти2013
САД Мери Џо Фернандес2013
Франција Сузан Ленглен2013
Јужна Африка Чарлс Винслоу2013
9Обединето Кралство Џон Пајус Боланд2002
Обединето Кралство Шарлота Купер2002
САД Џиџи Фернандес2002
Франција Андре Гобер2002
Обединето Кралство Артур Гор2002
Обединето Кралство Едит Ханам2002
Чиле Николас Масу2002
САД Хејзел Вајтмен2002
САД Хелен Вилс Муди2002
САД Билс Рајт2002
19Обединето Кралство Кетлин Меккејн Годфри1225
20Обединето Кралство Чарлс Диксон1124
21Франција Макс Декужи1113
Чиле Фернандо Гонсалес1113
Германија Штефи Граф1113
Обединето Кралство Џозаја Риџи1113
25Обединето Кралство Херберт Барет1102
Русија Елена Дементиева1102
Швајцарија Роџер Федерер1102
Јужна Африка Харолд Китсон1102
Германија Доротеја Керинг1102
Обединето Кралство Енди Мари1102
Австралија Тод Вудбриџ1102
Австралија Марк Вудфорд1102
Обединето Кралство Макс Вуснам1102
34САД Мајк Брајан1023
35Белорусија Викторија Азаренка1012
Франција Маргарет Брокди1012
САД Боб Брајан1012
САД Зина Гарисон1012
САД Едгар Леонард1012
Чехословачка Мирослав Мечир1012
41Шпанија Аранча Санчес Викарио0224
Шведска Гунар Сетервол0224
43Обединето Кралство Харолд Махони0213
Шпанија Кончита Мартинес0213
Чешка Јана Новотна0213
46Обединето Кралство Џорџ Каридија0202
Франција Анри Коше0202
Обединето Кралство Дороти Холман0202
Грција Дионисиос Касдаглис0202
Јапонија Ичија Кумагае0202
САД Роберт Лирој0202
Франција Хелен Прево0202
Шпанија Вирџинија Руано Пасквал0202
Чешка Хелена Сукова0202
55САД Алфонсо Бел0112
Шведска Сигрид Фик0112
57Франција Алберт Кане0022
Шведска Стефан Едберг0022
Хрватска Горан Иванишевиќ0022
САД Мерион Џонс0022
Обединето Кралство Артур Норис0022
Чешка (кралство) Хедвига Розенбаумова0022

Распределба на бодови

[уреди | уреди извор]

Асоцијацијата на тениските професионалци и Женската тениска асоцијација доделуваат бодови во поединечна конкуренција за играчите кои се натпреваруваат на Олимписките игри.[7][8] Тие бодови се сметаат само за време на соодветната календарска година.

Фаза Златен медал Сребрен медал Бронзен медал Четврто место Четвртфинале 3. коло 2. коло 1. коло
Мажи поединечно 750 450 340 270 135 70 35 5
Жени поединечно 685 470 340 260 175 95 55 1

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Soltis, Greg (July 27, 2012). „Olympic Events Through History“. LiveScience. Посетено на 2012-08-01.
  2. Williams, Wythe (July 27, 1928). „SOCCER AND TENNIS BARRED IN OLYMPICS“. The New York Times. Посетено на 2012-08-01.
  3. „Olympic Tennis Event - History: Overview“. Меѓународна тениска федерација. Архивирано од изворникот на 2016-02-04. Посетено на 2012-08-01.
  4. „2 More Olympic Games“. The New York Times. October 2, 1981. Посетено на 2012-08-01.
  5. „Olympics or Slams - What's More Important For Tennis Players?“. Let, Second Serve. July 12, 2012. Посетено на April 5, 2015.
  6. Paul Fein (September 20, 2012). „How Important Is an Olympic Gold Medal in Tennis?“. World Tennis Magazine. Архивирано од изворникот на 2017-09-24. Посетено на October 29, 2013.
  7. „ITF and ATP announce Olympic agreement“. itftennis.com. Архивирано од изворникот на 2015-02-02. Посетено на 1 February 2015.
  8. „Ranking Points“. itftennis.com. Архивирано од изворникот на 2014-09-21. Посетено на 16 September 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]