Серена Вилијамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Серена Јамека Вилијамс
Вилијамс на УС Опен 2020
Земја  САД
Место на живеење Палм Бич Гарденс, Флорида, САД[1]
Дата на раѓање 26 септември 1981
Место на раѓање Сагино, Мичиген, САД
Висина 1.75м[2]
Тежина 72 кг[3]
Професионалец октомври 1995
Игра со десна рака

дворачен бекхенд

Заработка 93 542 122 долари [4]
Синглови
Резултат: 855–152
Титули во кариера:
Највисок дострел:
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен
Ролан Гарос
Вимблдон
УС Опен
Двојки
Резултат: 190–34
Титули во кариера:
Највисок дострел:

Инфокутијата е последен пат надоградена на:
2020-09-30.

Серена Џамека Вилијамс (англиски: Serena Jameka Williams; р. 26 септември 1981[5] во Сагино, Мичиген, САД) — американска професионална тенисерка и поранешен светски рекет број 1 во женскиот тенис. Таа освоила 23 гренд слем титули во поединечно натпреварување, најмногу од сите играчи во ерата на опен, и втора во целокупната ера на тенисот, веднаш по Маргарет Корт (24). Женската тенисерска асоцијација ја рангирала како број 1 во поединечно натпреварување осум пати меѓу 2002 и 2017. Таа станала број еден за прв пат на 8 јули 2002. На нејзиното шесто рангирање, таа го задржала првото место 186 последователни седмици, изедначувајќи се со Штефи Граф. Вкупно, таа била рангирана број еден 319 седмици, што се рангира на трето место во ерата на опен меѓу тенисерките, зад Граф и Мартина Навратилова.

Вилијамс има најмногу гренд слем титули во поединечно натпреварување, во двојки и во мешани двојки комбинирано помеѓу активните тенисери. Со нејзините 39 гренд слем комбинирани титули е трета на листата во целокупното тениско натпреварување и втора во ерата на опен: 23 во поединечно натпреварување, 14 во женски двојки и 2 во мешани двојки. Таа е последната тенисерка која ги држела сите четири гренд слем поединечни титули истовремено (2002-2003 и 2014-2015) и третиот тенисер што го постигнал ова двапати, после Род Лавер и Граф. Таа е исто така последниот тенисер што освоил гренд слем титула на сите терени (тврда, земја и трева) во една календарска година (2015). Таа е исто така, заедно со нејзината постара сестра Венус Вилијамс, последната тенисерка што ги држела сите четири гренд слем титули во женски двојки истовремено (2009-2010).

Вилијамс освоила рекордни 13 гренд слем поединечни титули на тврд терен. Таа го држи рекордот во ерата на опен за најмногу титули освоени на Австралија Опен (7) и го дели рекордот во ерата на опен за најмногу титули освоени на УС Опен со Крис Еверт (6). Таа исто така го држи рекордот за најмногу женски освоени поединечни мечеви со 357 мечеви.

Вилијамс освоила 14 гренд слем титули во двојки, сите со нејзината сестра Венус, и досега се непобедени во финалињата на гренд слем во двојки. Како тим, таа и Венус се на трето место по бројот на гренд слем титули во двојки, после 18-те титули на Наташа Зверева (14 со Гиги Фернандес) и рекордните 20 титули освоени од Мартина Навратилова и Пам Шривер. Вилијамс е исто така петкратен победник на WTA Tour првенството во поединечно натпреварување. Таа исто така освоила четири олимписки златни медали, еден во поединечно женско натпреварување и три во женски двојки - рекорд што го држи со нејзината сестра Венус. Појавата на сестрите Вилијамс е заслужна за почетокот на нова ера на моќ и атлетизам на професионалното женско тениско натпреварување. Таа е рангирана на деветтото место во светот од страна на WTA од 14 септември 2020.

Заработувајќи речиси 29 милиони долари во награди и спонзорства, Вилијамс била најплатената атлетичарка во 2016 година. Таа го повторила овој подвиг во 2017 кога таа била единствената жена на списокот на Форбс од 100 најплатени атлетичари со 27 милиони долари во награди и спонзорства. Таа ја освоила наградата 'Лауреус спортистка на годината' четири пати (2003, 2010, 2016, 2018), и во декември 2015, била именувана за Спортистка на годината од магазинот Спортс илустрејтед. Во 2019, таа била рангирана на 63-тото место на списокот на Најплатени светски атлети на Форбс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Serena Williams“. 30 септември 2020. Посетено на 30 септември 2020.
  2. „Serena Williams“. 30 септември 2020. Посетено на 30 септември 2020.
  3. „Serena Williams - Player Profile - Tennis - Eurosport“. eurosport.com. Посетено на 2020-09-30.
  4. „wtatennis.com“. April 29, 2019. Посетено на April 29, 2019.
  5. „Serena Williams | WTA Official“. Women's Tennis Association (англиски). Посетено на 2020-09-30.