Прејди на содржината

Бугарија на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бугарија на Олимписките игри

Знаме на Бугарија
МОК-код  BUL
НОК Бугарски олимписки комитет
БОК—врска (бугарски)
Олимписка историја
Летни олимпијади
1896  1900  1904  1908  1912  1920  1924  1928  1932  1936  1948  1952  1956  1960  1964  1968  1972  1976  1980  1984  1988  1992  1996  2000  2004  2008  2012  2016  2020
Зимски олимпијади
1936  1948  1952  1956  1960  1964  1968  1972  1976  1980  1984  1988  1992  1994  1998  2002  2006  2010  2014

Бугарија е една од 14 земји кои учествувале на првите модерни Летни олимписки игри, кои се одржале во 1896 во Атина. Бугарија учествувала во состав: Тодор Јончев, Панајот Белев, Илија Пенчев, Димитар Илиев и Шарл Шампо.[1] Спортскиот дел од делегацијата го сочинувал само еден спортист Шарл Шампо од Швајцарија. Шампо долго престојувал во Бугарија, како еден од дванаесетте најмени наставници по гимнастика, на крајот од XIX век, кои дошле во Бугарија со цел да го зголемат квалитетот на овој спорт во земјата.

Некои извори, Шампо го сметаат за учесник на Олимписките игри како швајцарски спортист, но МОК го признава како бугарски натпреварувач на првите Олимписки игри во Атина.

Националниот олимписки комитет на Бугарија е Бугарскиот олимписки комитет, кој е основан и признаен во 1923. Првиот бугарски тим, испратен на Олимписките игри по ова, бил во 1924. Оттогаш, бугарските спортисти не учествувале само на игрите во 1932 (поради големата светска економска криза), во (по Втората светска војна) и во 1984 (поради бојкотот на источноевропските земји).

На Зимските олимписки игри, Бугарија за првпат учествувала во 1936 и оттогаш учествувала на сите зимски игри.

До 2009, бугарските спортисти освоиле вкупно 218 медали на Олимписките игри, од кои најголем број се освоени во борење и кревање тегови.

Медали на ЛОИ

[уреди | уреди извор]
Медали на ЛОИ
Место Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1896 Атина0000
1900 Паризне учествувала
1904 Сент Луисне учествувала
1908 Лондонне учествувала
1912 Стокхолмне учествувала
1920 Антверпенне учествувала
1924 Париз0000
1928 Амстердам0000
1932 Лос Анџелесне учествувала
1936 Берлин0000
1948 Лондонне учествувала
1952 Хелсинки0011
1956 Мелбурн и Стокхолм1315
1960 Рим1337
1964 Токио35210
1968 Град Мексико2439
1972 Минхен610521
1976 Монтреал69722
1980 Москва8161741
1984 Лос Анџелесне учествувала
1988 Сеул10121335
1992 Барселона37616
1996 Атланта37515
2000 Сиднеј56213
2004 Атина21912
2008 Пекинг1135
2012 Лондон
Вкупно518477212

Медали на ЗОИ

[уреди | уреди извор]
Медали на ЗОИ
Место Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1924 Шамонине учествувала
1928 Санкт Морицне учествувала
1932 Лејк Плесидне учествувала
1936. Гармиш-Партенкирхен0000
1948. Санкт Мориц0000
1952 Осло0000
1956. Кортина д'Ампецо0000
1960. Скво Вали0000
1964. Инсбрук0000
1968. Гренобл0000
1972. Сапоро0000
1976. Инсбрук0000
1980. Лејк Плесид0000
1984. Сараево0011
1988. Калгари0000
1992. Албервил0000
1994. Лилехамер0000
1998. Нагано1001
2002. Солт Лејк Сити0123
2006. Торино0101
2010. Ванкувер0000
Вкупно1236
  1. „Български дебют през 1896 г.“. Архивирано од изворникот на 2010-02-03. Посетено на 2009-08-25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]