Прејди на содржината

Шарлота Купер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шарлота Рајнегл Купер (22 септември 1870 - 10 октомври 1966) била англиска тенисерка којашто го освоила тенискиот турнир Вимблдон 5 пати, а уште 5 играла во финалето, но загубила. Шарлота Купер последната титула ја освоила во 1908 година, со 37 години и 282 дена што е рекордна возраст и денес. Таа е позната и по тоа што е првата спортистка којашто освоила златен медал на Олимписките игри. Тоа го сторила на Летните олимписки игри - 1900 одржани во Париз.

Популарната „Шети“ на игрите во Париз освоила 2 злата. Најпрвин тоа го сторила во поединечна конкуренција, а потоа и во мешани двојки чиј партнер бил Реџиналд Доерти.

На 12 јануари 1901, Шарлота се омажила со Алфред Стери. Таа продолжила да игра тенис со новото презима и постигнала фантастични резултати во првата деценија на XX век. Во 1908 година, со нејзиното петто и последно освојување на неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон станала најстарата негова освојувачка.

„Шети“ играла тенис и во своите 50-ти години.

Целиот свој живо го поминала во Велика Британија, а умрела во 1966 година, на 96 години во Хеленсбург, Шкотска.

Победи на Вимблдон

[уреди | уреди извор]
Година Првенство Противник во финалето Резултат во финалето
1895Вимблдон Хелен Џексон7–5, 8–6
1896Вимблдон (2) Алис Симпсон Пикеринг6–2, 6–3
1898Вимблдон (3) Лујза Мартин6–4, 6–4
1901Вимблдон (4) Бланч Бингли Хилјард6–2, 6–2
1908Вимблдон (5) Ањес Мортон6–4, 6–4

Останати учества во финале на Вимблдон

[уреди | уреди извор]
Година Првенство Противник во финалето Резултат во финалето
1897Вомблдон Бланч Бингли Хилјард7–5, 5–7, 2–6
1899Вимблдон Бланч Бингли Хилјард2–6, 3–6
1900Вимблдон Бланч Бингли Хилјард6–4, 4–6, 4–6
1902Вимблдон Мариел Роб5–7, 1–6
1904Вимблдон Доротеја Даглас0–6, 3–6