22 септември
Изглед
22 септември — 265-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (266-и во престапна година). Остануваат 100 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1735 | Роберт Волпол бил првиот британски премиер што се вселил во резиденцијата на „Даунинг стрит“ бр. 10, во Лондон. |
| 1792 | Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазеле дворецот во Версај и ги затвориле Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прогласило република. |
| 1862 | Американскиот претседател Абрахам Линколн објавил декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа било резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, кој барала брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци. |
| 1862 | Ото фон Бизмарк станал канцелар на Прусија. |
| 1933 | Во Париз почнал Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот. |
| 1946 | Во НР Македонија биле одржани првите избори за Уставотворното собрание, кое потоа го донело првиот устав на НР Македонија. |
| 1991 | За првпат во Република Македонија бил изведен светиот чин „Опход на моштите на Свети Климент Охридски Чудотворец“ (опходот траел до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ. |
| 1992 | Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија. |
| 1992 | Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва. |
| 1993 | Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија. |
Родени:
| 1515 | Ана Клевска — сопруга на Хенри VIII. |
| 1552 | Василиј IV — руски цар. |
| 1741 | Петер Симон Палас — германско-руски зоолог и ботаничар. |
| 1791 | Мајкл Фарадеј — англиски физичар и хемичар. |
| 1882 | Вилхелм Кајтел — нацистички германски генерал. |
| 1885 | Гунар Асплунд — шведски архитект. |
| 1895 | Пол Муни — американски глумец. |
| 1898 | Борис Спиров — македонски лекар и политичар. |
| 1918 | Хенрик Шеринг — мексикански виолинист. |
| 1934 | Орнела Ванони — италијанска пејачка. |
| 1935 | Беќир Жута — македонски економист и политичар. |
| 1945 | Илија Петковиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1950 | Лино Червар — хрватски ракометен тренер. |
| 1951 | Дејвид Ковердејл — англиски рок-пејач, член на групата Вајтснејк. |
| 1957 | Ник Кејв — австралиски рок-музичар. |
| 1958 | Андреја Бочели — италијански пејач. |
| 1958 | Џоан Џет — американска рок-музичарка. |
| 1960 | Давор Јозиќ — босански и југословенски фудбалер. |
| 1970 | Емануел Пети — француски фудбалер. |
| 1979 | Дивна Пешиќ — македонска спортистка. |
| 1980 | Инио Асано — јапонски автор на манга. |
| 1984 | Тијаго Силва — бразилски фудбалер. |
| 1984 | Јукија Араширо — јапонски велосипедист. |
| 1987 | Здравко Кузмановиќ — српски фудбалер. |
| 1992 | Боб Јунгелс — луксембуршки велосипедист. |
| 1994 | Роберт Андрих — германски фудбалер. |
| 1999 | Давиде Фратези — италијански фудбалер. |
Починале:
| 530 | Феликс IV — римски папа. |
| 1774 | Климент XIV — римски папа. |
| 1921 | Иван Вазов — бугарски поет. |
| 1938 | Тодор Станков — македонски револуционер. |
| 1944 | Ибе Паликуќа — народен херој на Македонија. |
| 1989 | Ирвинг Берлин — американски композитор. |
| 2009 | Коле Чашуле — македонски писател. |
| 2021 | Ненад Ненадовиќ — српски глумец. |