12 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

12 јануари е 12-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 353 денови до крајот на годината (354 во престапна).

Настани:

1915  Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1945  Втора светска војна: Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот Рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.

Родени:

1746  Јохан Хајнрих Песталоци — швајцарски педагог и реформатор.
1876  Џек Лондон — американски писател и социјалист.
1893  Херман Геринг — член на водството на германската Националсоцијалистичката партија.
1944  Џо Фрејзер — американски боксер.
1949  Отмар Хицфилд — германски фудбалер и тренер.
1951  Крис Бел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
1956  Николај Носков — руски рок-музичар
1959  Бликса Баргелд — германски рок-музичар.
1969  Роберт Просинечки — хрватски фудбалер и тренер.
1969  Реквон — американски рапер.
1970  Зак де ла Роча — американски музичар, член на рап-метал групата „Рејџ агеинст д машин“ (Rage Against the Machine).
1989  Аксел Вицел — белгиски фудбалер.
1994  Емре Џан — германски фудбалер.

Починале:

1972  Франтишек Чап — чешки режисер.
1987  Анатолиј Ефрос — советски режисер.
1995  Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември