Брзото лизгање на кратки патеки како спорт на Зимските олимписки игри за првпат бил одржано на Зимските олимписки игри 1992 во Албервил. Пред да стане дел од официјалната олимписка програма, спортот бил показен на игрите во 1988 во Калгари. Резултатите од 1988 година не влегуваат во официјалната олимписка статистика. Досега во овој спорт доминирале државите од Азија и Јужна Америка, и тоа Јужна Кореја, Кина, Канада и САД. Овие четири земји заедно освоиле вкупно 104 од 120 медали. Јужна Кореја има освоено најмногу медали (42), како и на најмногу златни медали (21).
На Зимските олимписки игри 2010, латвиецот Харалдс Силовс станал првиот лизгач во олимписката историја кој учествувал на трката на 1500 м (кратки патеки) и на 5000 метри (долги патеки), и првиот кој се натпреварувал во две различни дисциплини во ист ден.[1][2][3] На Зимските олимписки игри 2014, Виктор Ан станал првиот лизгач на кратки патеки кој освоил олимписки златни медали во сите дисциплини (500 м, 1000 м, 1500 м, 5000 м штафета), со победата на трката на 500 м. Тој освоил три златни медали во 2014 настапувајќи за Русија, и три во 2006 настапувајќи за Јужна Кореја.[4]