Обединета екипа на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обединета екипа на Олимписките игри

Обедининетата екипа го користела олимпиското знаме
наместо националното знаме
МОК-код   EUN
Олимписка историја
Летни олимпијади
1992
Зимски олимпијади
1992
Други поврзани настапи
Руска империја (1900–1912)
СССР (1952–1988)

Обединета екипа е името користено од спортската екипа на поранешниот Советски Сојуз (со исклучок на Балтичките држави) на Зимските олимписки игри во Албертвил и на Летните олимписки игри 1992 во Барселона. Државниот код на МОК бил EUN, според француското име, Équipe Unifiée. Обединетата екипа понекогаш неформално се нарекувала екипа на ЗНД (Заедница на независни држави), иако Грузија не се придружила се до 1993 година.

За време на Зимските олимписки игри, националните олимписки комиитети на земјите членки се уште не биле членови на МОК, па од оваа причина било користено олимпиското злато наместо националното знаме на церемонијата на отворањето и на церемониите по повод доделувањето на медалите, и олимписката химна била свирена за време на доделувањето на златните медали. За време на Летните олимписки игри, биле создадени националните олимписки комитети, сепак тие испратиле здружена екипа со станардна униформна бидејќи квалификационите рунди биле завршени пред конечниот распад на Советскиот Сојуз. Каде што спортистите од Обединетата екипа кога ќе освоеле медал, националното знаме на тој олимпиец ќе се подигнело на јарболот, на местото на олимпиското знаме и на освојувачите на злато им била свирена националната химна наместо олимписката химна. Екипите пак биле претставувани со олимпиското знаме и олимписката химна.

На Зимските олимписки игри 1994 и на Летните олимписки игри 1996, земјите кои биле дел од Обединетата екипа започнале да се натпреваруваат посебно.

Додека на Зимските олимписки игри земале учество само 6 земји на летните игри земале учество сите земји членки. За подетални информации погледајте повеќе на:

Земји учеснички во Обединетата екипа
Земја (поранешна
Советска република)
МОК код
(1994–)
 Ерменија* ARM
 Азербејџан AZE
 Белорусија* BLR
 Грузија GEO
Казахстан KAZ
Киргистан KGZ
 Молдавија MDA
 Русија* RUS
Таџикистан TJK
Туркменистан TKM
 Украина* UKR
 Узбекистан* UZB

* Земји учеснички на Зимските олимписки игри.

Настап:

  • Обединетата екипа завршила како втора зад Германија освојувајќи севкупно 23 медали на ирите во Албертвил од кои 9 златни, 6 сребрени и 8 бронзениs.
  • Обединетата екипа била прва на игрите во Барселона освојувајќи 45 златни, 38 сребени, и 29 бронзени медали или севкупно 112 медали

Носачи на знаме[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]