Брунеј на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Брунеј на Олимписките игри

Знаме на Брунеј
МОК-код  BRU
НОК Брунејски национален комитет
Портал www.bruneiolympic.org
Олимписка историја
Летни олимпијади

Брунеј — првпат учествува на Олимписките игри во 1988 година, со единствен претставник но без спортисти. Оваа земја повторно учествувала на Летните олимписки игри во 1996, 2000 и 2004 година. На секоја олимпијада, ги претставувал еден спортист.[1] Брунеј никогаш не учествувал на Зимските олимписки игри, и никогаш нема освоено олимписки медал.

На Летните олимписки игри 2008 година, Брунеј првично планирале да учествуваат, но им било забрането да учествуваат на денот на церемонијата по повод отварањето на игрите бидејќи не регистрирали ниту еден спортист МОК.[2]

До 2010 година Брунеј, заедно со Саудиска Арабија и Катар, била една од трите земји кои никогаш немале испратено жеснки натпреварувач на Олимписките игри.МОК во 2010 година највил дека ќе ги „притисне“ овие земји да дозволат да се натпреваруваат и жени, и по кус период КОТ објавиле дека „се надеваат дека ќе испратат четири женски натпреварувачки по стрелаштво и мечување“ на Летните олимписки игри 2012 година Во Лондон.[3][4] На првите Младешки олимписки игри 2010 година, за кои како правило биле мешани екипи, делегација се состоела од две девојки.[5]

Во март 2012 година, Брунеј го информирала МОК дека има намера да ја прати Мазија Маусин да се натпреварува на игрите во Лондон. Иако Маусин не ги исполнувала потребните стандарди за да се квалификува на игрите, таа ќе учествува на игрите благодарение на мотото на игрите, кое гласи дека Националните олимписки комитети можат да пријават натпреварувачи кои не се квалификувале во одделните спортови.[6][7]

НОК на Брунеј бил создаден во 1984 година и признаен од МОК истата година.[8]

Табели на медали[уреди | уреди извор]

Медали на Летните олимписки игри[уреди | уреди извор]

Игри Спортисти Златни Сребрани Бронзени Вкупно Место
Атланта 1 0 0 0 0
Сиденј 2 0 0 0 0
Атина 1 0 0 0 0
Пекинг не учествува
Лондон 3 0 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]