Прејди на содржината

Нов Зеланд на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Зеланд на Олимписките игри

Знаме на Нов Зеланд
МОК-код  NZL
НОК Новозеландски олимписки комиет
Порталwww.olympic.org.nz
Олимписка историја
Летни олимпијади

*заедно со Австралија како Австралазија

Зимски олимпијади
Новозеландските веслачи на Летните олимписки игри во 1932 година

Нов Зеланд учествува првпат на Олимписките игри со натпреварувачот Виктор Линдберг, кој се натпреварувал за Озборновиот пливачки клуб на Велика Британија која го освоила медалот во Ватерполо во 1900 година. Официјално Нов Зеланд има испратено натпреварувачи да се натпреваруваат на сите Летни олимписки игри од 1908 година. На првите игри во, 1908 и 1912 година, Нов Зеланд се натпреварувал заедно со Австралија во заедничка екипа позната како Австралазија. Нов Зеланд за првпат испратиле независно своја екипа на игрите во 1920.

Учеството на Нов Зеланд на игрите во 1976 било спорно, и довело до бојкот на игрите од страна на африканските земји, кои протестирале поротив апартхејдот на Јужна Африка.

Нов Зеланд исто така има учествувано на повеќето Зимски олимписки игри од 1952 година, неучествувајќи само на игрите во 1956 и 1964 година. На игрите во 1988 година екипата имала и бобсанкачи, прво натпреварување во зимски спорт кој не бил алпско скијање.

Новозеланѓанските спортисти освоиле вкупно 103 медали на Летните олимписки игри. Најуспешни биле во атлетика со вкупно 21 медал од кои 10 златни, па следи веслањето, исто така со вкупно 21 медал од кои 9 биле златни медали. Нов Зеланд има освоено само еден медал на Зимските олимписки игри, сребремниот медал на Анелис Кобергер во 1992 година и воедно бил еднствениот медал кој бил освоен од која било држава учесник од јужната полутопка.

Освоените 100 медеали од страна на Нов Зеланд го сместува Нов Зеланд на 32 место и на 27 место поред видот на медали.

НАционален олимписки комитет

[уреди | уреди извор]

Новозеландскиот олимписки комитет (НОК) е Националниот олимписки комитет на Нов Зеланд. Тој е создаден во 1911 година а бил признаен од страна на МОК во 1919 година.

Бидејќи географски се сместени во Јужниот Тих Океан, новозеланѓаните морале да минат долги периоди на помосртски патувања за да учествуваат на Олимписките игри. Дури во 1920 година Нов Зеланд испратил сопствена екипа на Олимписките игри, која се состоела од двајца тркачи, веслач, и 15 годишно девојче оливач. Претходно на игрите, три новозеланѓани освоиле медали заедно со австралиските спортисти како една екипа наречена Австралоазија во 1908 и 1912 година. Со почетокот на авионското патување на почетокот од 1950-ите, и поголемиот број на олимписки спортови, големината на новозеландската екипа се зголемила достатно.

Нов Зеланд, како и останатите земји на јужната полутопка, биле во неповолност бидејќи се натпреварувале на летните спортови во периодот кога на јужната полутопка било зима. Само две олимписки игри биле одржани на јужната полутопка, игрите во 1956 година во Мелбурн и 2000 година во Сиднеј, со игрите кои претстојат во 2016 во Рио де Жанеиро се третите кои ќе биат одржани на јужната полутопка.

Како земја со умерена клима Нов Зеланд не минува низ периоди на ладни зими, особено на крајбрежјето, кои се почести кај повеќето земји на северната полутопка. Последователно, мал број на новозеланѓани се занимаваат со зимски спортови, отколку жителите на некои области на северната полутопка. Истото важи и за многу други земји на јужната полутопка. Нов Зеланд нема испратено своја екипа на Зимските олиписки игри сè до 1952 година. Во 1992 година, Анелис Кобергер е првата линост која освоила медал на Зимските олимписки игри а потекнувала од јужната полутопка освојувајќи го среброто на слалом во Албертвил, Франција.

По зимските игри во 2014 година, 1245 натпреварувачи го претставиле Нов Зеланд на Олимписките игри. Хари Кер се смета за првиот олимпиец, а Адријан Блинко бил 1000-от.[1] Од 11 јуни 2009 година, од 1.111 олимпијци, 114 биле починати и за 21 не се знаело каде се.[1] До 25 јуни 2009 година, останало да се најдат уште 9 олимпијци.[2] Нема живи олимпијци од игрите кои се одржале пред 1948 година во Лондон.[1]

Табели со медали

[уреди | уреди извор]

Медали на Летните олимписки игри

[уреди | уреди извор]

      Олимписките игри на кои Нов Зеланд учествувал како дел од Австралоазија

Игри Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Лондон 19080011
Стокхолм 19121012
Антверпен 19200011
Париз 19240011
Амстердам 19281001
Лос Анџелес 19320101
Берлин 19361001
Лондон 19480000
Хелсинки 19521023
1956 Мелбурн2002
Рим 19602013
Токио 19643025
Мексико 19681023
Минхен 19721113
Монтреал 19762114
Москва 19800000
Лос Анџелес 198481211
Сеул 198832813
Барселона 199214510
Атланта 19963216
Сиднеј 20001034
Атина 20043205
Пекинг 20083249
Лондон 201262513
Вкупно42183999
Вклучувајќи ги и медалите на Австралоазиската екипа431841102

Медали на Зимските олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Игри Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Осло 19520000
Кортина д’Ампезо„не учествува“
Сква Вали 19600000
Инсбрук 1964„не учествува“
Гренобл 19680000
Сапоро 19720000
Инсбрук 19760000
Лејк Пласид 19800000
Сараево 19840000
Калгари 19880000
Албертвил 19920101
Лилихамер 19940000
Нагано 19980000
Солт Лејк Сити 20020000
Торино 20060000
Ванкувер 20100000
Сочи 20140000
Вкупно0101
Sport Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Атлетика102820
Веслање921021
Едрење85518
Кајакарење6219
Коњички спортови32510
Пливање2136
Велосипедизам1247
Боксување1113
Триатлон1113
Хокеј на трева1001
Алпско скијање0101
Стрелаштво0011
Вкупно421939100

Медалите освоени како дел од Австралија се отстранети од табелата.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Olympic Medal Winners“. МОК. Посетено на 2007-10-05.
  • „New Zealand Olympic Committee“. International Olympic Committee. Посетено на 2007-10-05.
  • Athletics in the 1966 Encyclopaedia of New Zealand has a paragraph on each Olympiad and Empire Games to 1964 Архивирано на 6 јули 2009 г.
  1. 1 2 3 Leggat, David (11 June 2009). „21 Kiwi Olympians fail to register“. The New Zealand Herald. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 30 October 2011.
  2. „New Zealand Olympic Committee: 1111 Olympians Honoured this Week“. Архивирано од изворникот на 2010-04-12. Посетено на 2015-11-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]