Прејди на содржината

Советскиот Сојуз на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
СССР на Олимписките игри

Знаме на Советскиот Сојуз
МОК-код  URS
НОК Советски олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
Други поврзани настапи
Руска Империја (1900–1912)
Естонија (1920–1936, 1992–)
Латвија (1924–1936, 1992–)
Литванија (1924–1928, 1992–)
Обединета екипа (1992)
Ерменија (1994–)
Белорусија (1994–)
Грузија (1994–)
Казахстан (1994–)
Киргистан (1994–)
Молдавија (1994–)
Русија (1994–)
Украина (1994–)
Узбекистан (1994–)
Азербејџан (1996–)
Таџикистан (1996–)
Туркменистан (1996–)

Советскиот Сојуз првпат настапил на Олимписките игри во 1952 г. и оттогаш учествувал на вкупно 18 олимпијади. На шест летни олимпијади, земјата освоила највеќе медали од сите, а на уште две го зазела второто место. Учествувајќи на вкупно 9 зимски олимпијади, СССР имал највеќе медали од сите 7 пати и двапати бил втор.

Олимпискиот комитет на СССР е основан на 21 април 1951 г. и признаен од МОК на XLV седница (7 мај 1951).

Првото учество на земјата било на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, каде го освоила и првиот златен медал со рекордот постигнат од страна на Нина Ромашкова (м. Пономарјова) дисциплината фрлање диск во женска конкуренција (51,42 м).

Советските екипи првпат настапиле на Зимските олимписки игри во 1956 г. одржани во Кортина д'Ампецо, каде го освоиле првиот златен медал со постигнувањето Љубов Козирева во дисциплината скијачко трчање на 10 км во женска конкуренција.

Земјата била домаќин на летната олимпијада во 1980 г., одржана во Москва, која била бојкотирана од голе број земји предводени од САД поради советската инвазија на Авганистан. Како одговор на тоа, СССР и разни други земји вратиле со бојкот на летната олимпијада во 1984 г. одржана во Лос Анџелес.

Иако Советскиот Сојуз се распаднал на 26 декември 1991 г, Олимпискиот комитет на СССР формално продолжил да постои до 12 март 1992 г.

Во 1992 г., 12 од 15-те поранешни републики на СССР се здружиле во Обединета екипа на летните игри во Барселона, каде повторно освоиле највеќе медали. Обединетата екипа се натпреварувала и на зимската олимпијада истата година со 7 од 12 поранешни републики, заземајќи го второто место по број на освоени медали

Сите медали на СССР и оние на Руската Империја ѝ припаднале на Русија, но не се вбројуваат во вкупниот број постигнати медали во име на денешната Руска Федерација.

Приредени олимпијади

[уреди | уреди извор]

Советскиот Сојуз бил домаќин на една олимпијада.

ОлимпијадаДомаќинПериодЗемјиУчеснициДисциплини
Летни олимписки игри 1980Москва19 јули – 3 август805.179203

Учество на олимпијади

[уреди | уреди извор]
ПериодРепрезентација
1900–1912 Руска Империја (RU1)
1920 Естонија (EST)
1924–1936 Латвија (LAT) Литванија (LTU)
1952–1988 СССР (URS)
1992–Заедница на независни држави Обединета екипа (EUN) Естонија (EST) Латвија (LAT) Литванија (LTU)
1994– Ерменија (ARM) Белорусија (BLR) Грузија (GEO) Казахстан (KAZ) Киргистан (KGZ) Молдавија (MDA) Русија (RUS) Украина (UKR) Узбекистан (UZB)
1996– Азербејџан (AZE) Таџикистан (TJK) Туркменистан (TKM)

Освоени медали

[уреди | уреди извор]
* Црвената обраба значи дека натпреварот е одржан на домашен терен.

Медали на летни олимпијади

[уреди | уреди извор]
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
Финска Хелсинки 1952295223019712
Австралија Мелбурн 1956283372932981
Италија Рим 19602844329311031
Јапонија Токио 1964319303135962
Мексико Мексико 1968313293230912
Западна Германија Минхен 1972373502722991
Канада Монтреал 19764104941351251
СССР Москва 19804898069461951
САД Лос Анџелес 1984не учествувала
Јужна Кореја Сеул 19884815531461321
Вкупно39531929610102

Медали на зимски олимпијади

[уреди | уреди извор]
Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
Италија Кортина д'Ампецо 195655736161
САД Скво Вели 196062759211
Австрија Инсбрук 1964691186251
Франција Гренобл 196874553132
Јапонија Сапоро 197278853161
Австрија Инсбрук 1976791368271
САД Лејк Пласид 1980861066221
Југославија Сараево 1984996109252
Канада Калгари 19881011199291
Вкупно7857591944

Медали по летни спортови

[уреди | уреди извор]
  Предводник во тој спорт
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Гимнастика736744184
Атлетика655575195
Борење623123116
Кревање тегови3921262
Кану2913951
Мечување18151649
Стрелаштво17151749
Бокс14191851
Пливање13212660
Веслање12201042
Велосипедизам114823
Одбојка74112
Коњички спорт65415
Џудо551323
Современ петобој45514
Едрење45312
Кошарка44412
Ракомет4116
Скокови во вода34613
Ватерполо2237
Фудбал2035
Стреличарство1337
Хокеј на трева0022
Вкупно3953192961010

Медали по зимски спортови

[уреди | уреди извор]
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Скијачко трчање25222168
Брзо лизгање24171960
Уметничко лизгање109524
Биатлон95519
Хокеј на мраз7119
Санкање1236
Боб1023
Скијачки скокови1001
Нордиска комбинација0123
Алпско скијање0011
Вкупно785759194

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • „The USSR and Olympism“ (PDF). Olympic Review. Меѓународен олимписки комитет (84): 530–557. октомври 1974. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-01-16. Посетено на 2008-03-28.
  • „Олимписки медалисти“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2007-10-09.