Екваторска Гвинеја на Олимписките игри
Изглед
Екваторска Гвинеја на Олимписките игри | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||
1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008 |
Екваторска Гвинеја првпат настапила на Олимписки игри во 1984 година, и оттогаш испраќа натпреварувачи од секое издание на Летните олимписки игри. Државата досега не учествувала на Зимски олимписки игри.
Досега ниту еден натпреварувач од Екваторска Гвинеја не освоил олимписки медал. Најпознат олимписки спортист на државата е Ерик Мусамбани, кој се здобил со меѓународна слава поради неговиот исклучително спор настап на трката на 100 метри краул на Летните олимписки игри 2000.
Националниот олимписки комитет на Екваторска Гвинеја е основан во 1980 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1984 година.
Табела на медали
[уреди | уреди извор]Медали на Летни олимписки игри
[уреди | уреди извор]Олимпијада | Учесници | Златни | Сребрени | Бронзени | Вкупно | Ранг |
---|---|---|---|---|---|---|
Лос Анџелес 1984 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Сеул 1988 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Барселона 1992 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Атланта 1996 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Сиднеј 2000 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Атина 2004 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Пекинг 2008 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Лондон 2012 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Вкупно | 0 | 0 | 0 | 0 | - |
Наводи
[уреди | уреди извор]- „Comité National Olympique Equato-Guinéen“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2008-01-16.