Прејди на содржината

Србија и Црна Гора на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Србија и Црна Гора на Олимписките игри

Знаме на Србија и Црна Гора
МОК-код  SCG
НОК Олимписки комитет на Србија и Црна Гора
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади

*Како Федерална Република Југославија

Други поврзани настапи
Југославија (1920–1992 W)
Независни учесници (1992 S)
Црна Гора (2008–)
Србија (1912, 2008–)
Косово (2016–)

Поранешната државна заедница Србија и Црна Гора се натпреварувала на Олимписките игри 6 пати во периодот меѓу 1996 и 2006 година, Кога се распаднала заедницата меѓу Црна Гора и Србија кога тие се прогласиле за независни држави.

Историја

[уреди | уреди извор]

Југославија била претставена на сите Летни олимписки игри од 1920–1988 година, и на сите Зимски олимписки игри во периодот меѓу 1924–1988 година. Поради распадот на Југославија во 1991 и 1992 година, се смениле олимписките учесници. Новите независни држави Хрватска и Словенија испратиле свои нови сопствени делегации на зимските игри во 1992 година, при што Југославија била претставена од спортистите на Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија. Ова се последните игри на кои настапила Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Федерална Република Југославија била воспоставена во април 1992 година, која се состоела од Црна Гора и Република Србија. Сепак, резолуцијата 757 од Советот за безбедност при Обединетите нации (усвоена на 30 мај 1992 година)[1] со која се повикува државите:

Да ги преземат потребните чекори за да се спречи учеството на спортски настани на нивните територии на лица и групи претставници на Федерална Република Југославија

— Параграф 8(b)

И покрај ова, МОК одлучи едногласно дека спортистите на Србија и Црна Гора (и на Македонија) можат да се натпреваруваат на летните игри во 1992 во Барселона. Условите наметнати биле спортистите да се натпреваруваат како независни олимписки учесници, да носат бела облека без никакви симболи и да ја користат олимписката химна и олимписко знаме при церемониите за победа.[2] Спортистите не можеле да учествуваат на церемониите по повод отворањето и затворањето на игрите.

Екипа од 52 спортисти се натпреварувале на поединечни настани, при што освоиле три медали во стрелаштво. Забраната за екипно учество значела дека екипите на машката ватерполо репрезентација, женската кошаркарска репрезентација, и машката и женската ракометна репрезентација не можеле да се натпреваруваат, и покрај тоа што се квалификувале за игрите.[3]

Наметнатите санкции на ФР Југославија значеле дека спортистите не можеле да се натпреваруваат дури под олимпиското знаме на зимските игри во 1994 во Лилихамер.[4] Санкциите биле отстранети за следните Олимписки игри.

На Летните олимписки игри во 1996 година во Атланта, Џорџија, екипата била означена како Југославија, користејќи го истиот МОК код (YUG) како и поранешната Социјалистичка федеративна Република Југославија на претходните игри во 1988 година,[5] и покрај фактот што ФР Југославија не била признаена како наследник на СФРЈ. Екипата од 68 спортисти се натпреварувала во 13 спортови и освоиле четири медали.[6] Во Сиднеј за време на летните игри во 2000, југословенската[7] екипа се состоела од 111 спортисти кои се натпреварувале во 14 спортски настани и освоиле три медали.

Во 2003 година, ФР Југославија се преименувала во државна унија на Сербија и Црна Гора, и државата била означена како Србија и Црна Гора (SCG) за првпат на летните игри во 2004 година во Атина.[8] Екипата од 87 спортисти се натпреварувал во 14 спортски настани и освоил два сребрени медали.[9]

По референдумот за независност на Црна Гора во 2006 година, државната заедница била растурена и секоја држава си ја прогласила својата независност. Олимпискиот комитет на Србија бил наследни на НОК на Србија и Црна Гора во јуни 2006,[10] со согласност од советот на Олимпискиот комитет на Србија и Црна Гора. Новоформираниот Црногорскиот олимписки комитетбил признаен од страна на МОК во јули 2007 година.[11] На Летните олимписки игри 2008 година во Пекинг Србија се вратила на Олимписките игри по 96 години под името Србија, додека пак Црна Гора за првпат зела учуество како независна држава.

Резултати од Летните олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Година Спортови Натпреварувачи Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
САД Атланта 1996 13 68 1 1 2 4 41
Австралија Сиднеј 2000 14 109 1 1 1 3 44
Грција Атина 2004 14 87 0 2 0 2 61
Вкупно 2 4 3 9 80

Резултати од Зимските олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Година Спортови Натпреварувачи Златни Сребрени Бронзени Вкупно Ранг
Јапонија Нагано 1998 1 2 0 0 0 0 -
САД Солт Лејк Сити 2002 2 6 0 0 0 0 -
Италија Торино 2006 4 7 0 0 0 0 -
Вкупно 0 0 0 0 -

Медали по спортови

[уреди | уреди извор]
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Кошарка 0 1 0 1
Стрелаштво 1 2 1 4
Одбојка 1 0 1 2
Ватерполо 0 1 1 2
Вкупно 2 4 3 9

Медалисти

[уреди | уреди извор]

Овој список ги вклучува сите натпреварувачи ки освоиле олимписки медали за Србија и Црна Гора, додека се натпреварувале како ФР Југославија (YUG) во 1996 и 2000 година, и Србија и Црна Гора (SCG) во 2004 година.[12]

Медали Име Игри Спорт Настан
 Златен Ивошев, АлександраАлександра Ивошев САД Атланта 1996 Стрелаштво Малокалибарна пушка жени
 Сребрен Државна кошаркарска репрезентација
Мирослав Бериќ, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Никола Лончар, Саша Обрадовиќ, Жарко Паспаљ, Жељко Ребрача, Зоран Савиќ, Дејан Томашевиќ и Миленко Топиќ
САД Атланта 1996 Кошарка Мажи екипно
 Бронзен Ивошев, АлександраАлександра Ивошев САД Атланта 1996 Стрелаштво Women's air rifle
 Бронзен Државна одбојкарска репрезентација
Владимир Батез, Сејан Брдовиќ, Ѓорде Ѓуриќ, Андрија Гериќ, Никола Грбиќ, Владимир Грбиќ, Рајко Јокановиќ, Слободан Ковач, Ѓула Мештер, Жарко Петровиќ, Жељко Танасковиќ и Горан Вујевиќ
САД Сиденеј 2000 Одбојка Мажи екипно
 Златен Државна одбојкарска репрезентација
Владимир Батез, Слободан Бошкан, Андрија Гериќ, Никола Грбиќ, Владимир Грбиќ, Слободан Ковач, Ѓула Мештер, Васа Мијиќ, Иван Мијалковиќ, Вељко Петковиќ, Горан Вујевиќ и Игор Вушуровиќ
Австралија Сиденеј 2000 Одбојка Мажи екипно
 Сребрен Шекариќ, ЈаснаЈасна Шекариќ Австралија Сиденеј 2000 Стрелаштво Жени 10 м воздушен пиштол
 Бронзен Државна ватерполо репрезентација
Александар Ќириќ, Данило Икодиновиќ, Виктор Јелениќ, Никола Куљача, Александар Шапиќ, Дејан Савиќ, Александар Шоштар, Петар Трбојевиќ, Вељко Ушковиќ, Југослав Васовиќ, Владимир Вујасиновиќ, Ненад Вуканиќ и Предраг Зимоњиќ
Австралија Сиденеј 2000 Ватерполо Мажи екипно
 Сребрен Шекариќ, ЈаснаЈасна Шекариќ Грција Атина 2004 Стрелаштво Жени 10 м воздушен пиштол
 Сребрен Државна ватерполо репрезентација
Александар Ќириќ, Владимир Гојковиќ, Данило Икодиновиќ, Виктор Јелениќ, Предраг Јокиќ, Никола Куљача, Слободан Никиќ, Александар Шапиќ, Дејан Савиќ, Денис Шефик, Петар Трбојевиќ, Вања Удовичиќ и Владимир Вујасиновиќ
Грција Атина 2004 Ватерполо Мажи екипно

Знаменосци

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „United Nations Security Council Resolution 757 (Implementing Trade Embargo on Yugoslavia)“. University of Minnesota Human Rights Center. Посетено на 2008-08-18.
  2. „Decisions of the 99th Session“ (PDF). Olympic Review. International Olympic Committee (299): 415–416. September 1992. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-20. Посетено на 2008-08-14.
  3. „Games of the XXV Olympiad - Barcelona 1992“. Olympic Committee of Serbia. Посетено на 2008-08-14.[мртва врска]
  4. „XVII Games - Lillehammer 1994“. Olympic Committee of Serbia. Посетено на 2008-08-14.[мртва врска]
  5. (ed.) Watkins, Ginger T. (1997). The Official Report of the Centennial Olympic Games, Volume III The Competition Results (PDF). Atlanta: Peachtree Publishers. стр. viii–ix. ISBN 1-56145-150-9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-26. Посетено на 2008-08-15.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  6. „Yugoslavia - 1996“. Olympic Committee of Serbia. Посетено на 2008-08-15.[мртва врска]
  7. Sydney Organising Committee for the Olympic Games. (2001). „National Olympic Committees“. Official Report of the XXVII Olympiad, Volume Three: Results (PDF). Sydney Organising Committee for the Olympic Games. стр. 1–5. ISBN 0-9579616-1-8. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-27. Посетено на 2008-02-05.
  8. (ed.) Skarveli, Efharis; Zervos, Isabel (November 2005). Official Report of the XXVIII Olympiad, Volume Two: The Games (PDF). Athens 2004 Organising Committee for the Olympic Games. стр. 528–529. ISBN 960-88101-7-5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-08-19. Посетено на 2008-02-05.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  9. „Serbia and Montenegro“. Olympic Committee of Serbia. Посетено на 2008-08-14.[мртва врска]
  10. „Olympic Committee of Serbia“. Olympic Committee of Serbia. Архивирано од изворникот на 2009-03-28. Посетено на 2008-06-10.
  11. „Two new National Olympic Committees on board!“. International Olympic Committee. 2007-07-06. Посетено на 2008-06-10.
  12. „Olympic Medal Winners“. International Olympic Committee. Посетено на 2008-08-13.