Социјалистичка Федеративна Република Југославија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Socijalistička Federativna Republika Jugoslavijaa
Социјалистичка Федеративна Република Југославијаb

Socialistična federativna republika Jugoslavijac
Федерација

 

 

1943–1992
Знаме Грб
Гесло
Братство и единство (македонски)
Bratstvo i јedinstvo/Братство и јединство (српскохрватски)
Bratstvo in enotnost (словенечки)
Химна
Хеј, Словени/Hej, Slovani
Главен град Белград
Јазици српски, хрватски, словенечки и македонски[1](АВНОЈ 1944. - 1963. во Сојузна скупштина: 1945. - 1963.)


српскохрватски
СР Босна и Херцеговина, СР Србија, СР Хрватска, СР Црна Гора
словенечки
СР Словенија
македонски
СР Македонија

Уредување Социјалистичка република
Претседател
 -  1945 - 1953 Иван Рибар
 -  1991 Стјепан Месиќ
Премиер
 -  1945 - 1963 Јосип Броз Тито
 -  1989 - 1991 Анте Марковиќ
Историски период Студена војна
 -  Прокламација 29 ноември 1943 1943
 -  Членство во ОН 24 октомври 1945
 -  Устав 21 февруари 1974
 -  Распад 27 април 1992 1992
Површина
 -  1991 255804 км²
Население
 -  1991 23229846 
     Густина 90.8 жит/км²
Валута Југословенски динар
Повик. бр. +38
Минати
Следни
Кралство Југославија
Кралство Италија
Нацистичка Германија
Словенија
Хрватска
Македонија
Република Босна и Херцеговина
Сојузна Република Југославија
a Името на државата на српскохрватски и македонски јазик (името е исто на двата јазика), со латинична транскрипција. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.)

b Името на државата на српскохрватски и македонски јазик (името е исто на двата јазика), со кирилична транскрипција. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.)

c Името на државата на словенечки. Словенечкиот јазик се пишува само со латинично писмо. (Види ја секцијата Етимологија за повеќе информации.)

Социјалистичка Федеративна Република Југославија (скратено СФРЈ) е поранешна европска и балканска држава, која постоела од 1943 до 1992. СФРЈ е една од државите кои се викаат Југославија.

Формирана е на 29 ноември 1943 на Второто заседание на АВНОЈ во Јајце како заедница на 5 народи и 6 републики (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора), со првобитно име Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ). На ова заседание немало македонски претставници. Тоа име е променето на 29 ноември 1945 на Третото заседание на АВНОЈ во Белград, во Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), за конечно на 7 април 1963 да го добие името Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ).

Социјалистичка Федеративна Република Југославија е наследничка на Кралството Југославија (1918-1943).За еден од најважните моменти што подоцна влијаеја Југославија да се распадне, се смета неуспехот на Вонредниот конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, во Белград, на 22.1.1990. Престанува да постои во 1992, со отцепувањето на 4 од 6-те републики. Србија и Црна Гора, формираа нова заедница - најпрво Сојузна Република Југославија, а подоцна во 2003-та државната заедница Србија и Црна Гора.

СФРЈ се граничела со Италија и Австрија на северозапад, Унгарија и Романија на север, Бугарија на исток, и Грција и Албанија на југ. Западниот дел на републиката излегувал на Јадранско море.

Југославија била важен член на Движењето на неврзаните за време на Студената војна.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Југославија.

Името „Југославија“ е мешовит збор составен од зборовите „југ“ и „славија“ што би значело земја на Словените. Според тоа преводот на „Југославија“ би бил „Јужна Славија“ или „земјата на Јужните Словени“. Зборот ги обединува шесте поврзани јужнословенски народи на Југославија, Бошњаци/Муслимани по националност, Македонци, Словенци, Срби, Хрвати и Црногорци. Сепак целосното официјално име на државата, варирало доста драстично од периодот 1943-1992.[2]

Првата Југославија, била формирана под името Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во јануари 1929 година, кралот Александар I, вовел диктатура во земјата и ја преименувал во Кралство Југославија, и со тоа за прв пат го употребил овој термин, кој дотогаш неофицијално се употребувал. Откако окупацијата и ослободувањето на кралството во Втората светска војна, новата југословенска држава била прогласена в 1943 година и именувана како Демократска Федеративна Југославија (скратено ДФ Југославија или ДФЈ), со кое име го оставила прашањето за република или кралство отворено. Во 1946 година, се преименувала во Федеративна Народна Република Југославија (ФНР Југославија или ФНРЈ)[3], а веќе во 1963 станала Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФР Југославија или СФРЈ). Најчесто кога се мисли на земјата се употребува последното официјално име (Социјалистичка Федеративна Република Југославија) кое останало најголем период како официјално име на оваа земја. Од трите официјални југословенски јазици, српскохрватската и македонската варијнта за името на земјата била иста, додека словенечката се разликувала помалку во спелувањето на зборот „Социјалистичка“:

Поради големината на името често биле користени кратенки кои се однесувале на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, иако државата најпозната била само како „Југославија“. Најчестата и најупотребувана кратенка е „СФРЈ“, иако „СФР Југославија“ истотака било употребувано во официјална улога, посебно од страна на медиумите.

Историја[уреди | уреди извор]

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

На 6 април 1941 година, Југославија била нападната од страна на силите на оската предводени од Германија. До 17 април 1941, земјата била целосно окупирана и подоцна поделена од страна на земјите окупатори. Како што германските сили оделе кон исток за да го нападната СССР, во Југославија била формирана Народно Ослободителна армија и партизанските единици на Југославија, познати едноставно како партизани. Врховен партизански командант бил Јосип Броз Тито (претседател на КПЈ), и под негова команда на движење наскоро започнува воспоставувањето на "ослободени територии", кои привлекоа вниманието на окупациски сили. За разлика од разни националистички сили, активни во окупирана Југославија, партизаните биле панјугословенско движење, односно го промовирале "братството и единството на југословенските народи, и ги претставувале републиканските, левичарските и социјалистичките елементи на политичкиот спектар на Југославија. Владеачката коалиција на политички партии, фракции и најпознати индивдуи кои стоеле зад ова биле сместени во Народно-ослободителниот фронт предводен од страна на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Фронтот формирал репрезентативно политичко тело - Анти-фашистичко собрание за народно ослободување на Југославија, попознато само како АВНОЈ. На првото заседание на АВНОЈ кое било одржано во Бихаќ била донесена одлука дека парламентот треба да ја има врховната улога во државата.[2][4]

Во 1943 година, југословенските партизани започнувале се повеќе и повеќе да го привлекуваат вниманието на Германците. Во две големи операции наречени Fall Weiss (од јануари до април 1943) и Fall Schwartz (15 мај до 16 јуни 1943), силите оската се обиделе да стават крај на противењето на југословенската држава еднасш засекогаш. Имало голем број битки, но како најпознати се издвоиле битката на Неретва и битката на Сутјеска. 20000 силни партизански трупи се бореле со 150000 војници кои припаѓале на тројниот пакт. И во двата случаи, покрај големите партизански жртви, Јосип Броз Тито успеал да ја избегне замката безбедно да се сокрие. По повлекувањето на главните сили на Оската, партизаните успеале да ослободат значаен дел од Југославија. Настаните значително го зголемиле достоинството на партизаните, и со тоа им се доделил поволен углед кај југословенското населени. Со тоа многу југословенски цивили се приклучиле кон партизанската чета. На 8 септември 1943 година фашистичка Италија капитулира, оставајќи празна зона во Југославија, отворена за партизаните. Тито ги искористил настаните и ослободил неколку крајрежни градови.[2][4]

По многу поволна верига од настани, АВНОЈ одлучиле да се состанат за втор пат - сега во партизански-ослободениот град Јајце. На второто заседание на АВНОЈ, кое траело од 21 ноември до 29 ноември 1943 година (веднаш после Техеранската конференција) се добиле неколку важни заклучоци. Најважен од нив е создавање на Демократска Федерална Југославија, република, која ќе биде федерација од шест подеднакво јужнословенски републики (за разлика од српската превласт во Кралството Југославија). Советот донел одлука за "неутрално", име и намерно го оставиле прашањето "монархија против република" отворено, и било одлучено дека на кралот Петар II ќе му биде дозволено да се врати од прогонство во Лондон, при поволен резултат на Пан-југословенскиот референдум по ова прашање. Меѓу другите решенија, АВНОЈ се решиле за формирање на привремен извршен орган на Националниот комитет за ослободување на Југославија или НКОЈ (Nacionalni Komitet oslobođenja Jugoslavije) и го назначиле Јосип Броз Тито за премиер. Како што се нижеле успеси, во 1943 година, на Тито му било дадено признането Маршал на Југославија. Поволни вести дошле и од Техеранската конференција во Иран, која се одржувала во речиси исто време. На партизаните им се доделиле набавки на воени оружја и добиле подршка во борбата против силите на оската.

Бидејќи војната се драстично се свртила контра оската во 1944 година, партизаните продолжиле да имаат значителни парчиња од југословенската територија. Со сојузниците во Италија, југословенските острови на Јадранското море беа рај за отпор. На 17 јуни 1944 година во партизанската база на островот Вис била местото каде што се одржала конференцијата помеѓу Јосип Броз Тито, премиер на НКОЈ (AVNOJ) и Иван Субашиќ, премиер на кралската југословенска влада која се наоѓала на егзил во Лондон.[5]Со заклучоците, познати како договор меѓу Тито-Субашиќ, кралот го признал АВНОЈ и Демократска Федерална Југославија, како и потпишал договор за воспоставување на заедничка коалиција во југословенската влада, на чело со Тито, со Субашиќ како министер за надворешни работи и со АВНОЈ потврдено дека привременото тело на парламентот на Југославија. [4]. Белград, главниот град на Југославија, бил ослободен со помош на советската Црвена армија во октомври 1944 година, a формирањето на новата влада југословенска било одложено за 2 ноември 1944 година. На овој ден во Белград било потпишан договор со кој се формирала и привремената влада. Договорот исто така предвидувал евентуално по војната избори, кои ќе ја одредат иднината на државата, како и нејзиниот систем на управување и економија.[4]

До 1945 година партизаните правеле чистка на силите на оската и ги ослободувале останатуте делови од окупираната територија. На 20 март 1945 година, партизаните започнале со движење кое имало за цел, целосно да ги тргне Германците и останатите народи од оската од југословенска територија. До крајот на април 1945 година, останатите северните делови на Југославија биле ослободени и парченца од јужно-германска/австриска територија, како и италијанска територија околу полуостровот Трст. Демократската Федерална Југославија, стана целовита, и во неа биле вклучени шест сојузни покраини: Федерална Република Босна и Херцеговина (ФР Босна и Херцеговина), Федерална Република Хрватска (ФР Хрватска), Федерална Република Македонија (ФР Македонија), Федерална Република Црна Гора (ФР Црна Гора), Федерална Република Србија (ФР Србија) и Федерална Република Словенија (ФР Словенија).[4][6]

Пост-воен период[уреди | уреди извор]

Првите пост-југословенски воени избори, биле одредени за 11 ноември 1945 година. Во тој период коалицијата на партии за поддршка на партизаните, „Единствениот народнослободителен фронт“ (Jedinstveni narodnooslobodilački часа, JNOF), бил преименуван во „Народен фронт“ (Народни часа, NOF). Народниот фронт во главно бил предводен од Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и претставуваn од страна Јосип Броз Тито. Старите политички партии формирани пред војната, биле обновени. [6] Во ран јануари 1945, кога непријателот сѐ уште окупирал делови од северозапад, Јосип Броз Тито искоментирал:

Јас не сум во принцип против политичките партии, бидејќи под демократија исто така се подразбира слободата на изразувањето на принципи и една идеја. Но да се создадат партии за партиите на земјата, сега, кога сите ние, како една земја, мора да се пренесе секупната наша сила во насока на истерување на окупаторските сили од нашата земја, кога нашатата татковина е уништена до темел, кога имаме ништо, а само нашата свест и нашите раце (...) ние немаме време за тоа сега. И тука е популарно движењето [на Народниот фронт]. Секој е добредојден во него, како комунисти, така и оние кои се демократи и радикали и други како и да се нарекуваат. Ова движење е силата, единствената сила, која може да ја избави нашата земја од овој ужас и мизерија, и да ни донесе целосна слобода.

Премиер Јосип Броз Тито, јануари 1945[6]

Покрај тоа, самите избори биле одржани со тајно гласање и кампања која била многу нередовна и нерегуларна. Опозициските весници биле забранети повеќе пати, и во Србија, лидерите на опозицијата како Милан Грол добиле закани преку печатот. Опозицијата се повлекла од изборите во знак на протест поради непријатната атмосфера која што била создадена. Сепак, изборите сѐ уште вклучувале опција да се гласа за опозицијата во кутија без листа. Изборните резултатите од изборите на 11 ноември 1945 година одлучиле во корист на другата, со просек 85% гласачи на секоја сојузна држава. На 29 ноември 1945 година на втората годишнина од вторато заседание на АВНОЈ на конститутивна седница на собранието на Југославија, државата била прогласена за република. Демократска федерална Југославија станала Федеративна Народна Република Југославија (ФНР Југославија, фНРЈ), како и префиксите на имињата на шесте републики се промениле од "Сојузна држава" во "народна република". [6]

Југословенската влада влегла во коалиција со Советскиот сојуз во рамките на владеењето на Сталин и во почетокот на Студената војна биле отстранети два американски авиона, кои лебделе над југословенскиот воздушен простор, на 9 и 19 август 1946 година. Ова биле првите воздушни несреќи на западни авиони за време на Студената војна и со оваа акција била предизвика длабока недоверба на Тито во САД и сметал дури дека се спремала воена интервенција против Југославија.[7] Новата Југославија во почетокот го користела Сталинистичкиот модел за економски развиток во раниот период и притоа во некои делови доживеала успех. Тензиите со западот станале високи откако Југославија се приклучила кон планот на Сталин и СССР и во раниот период на Студената војна Југославија започнала со агресивна внатрешна политика. Откако ослободила поголем дел од Јулијскиот дел и Корушка и со историски барања на овие два региона, југословенската влада започнала дипломатски мисии со цел да ги приклучи кон своја територија. Овие две барања биле одбиени од западот. Најголема точка на раздорот била на пристаништето-град Трст. Градот и неговата внатрешност биле претежно ослободени од партизаните во 1945 година, но притисокот од страна на западните сојузници ги присилило да се повлечат вна т.н. „Морганска линија“. Слободната територија на Трст била создадена, и поделена на зона А и зона Б, водени од западните сојузници и Југославија соодветно. Првично Југославија била поддржана од Сталин, но од 1947 година односите на двете земји (Југославија и СССР) заладиле. Ова прашање било решено кога започнала конфликтот меѓу Тито и Сталин, така што зоната А и била дадена на Италија, а зоната Б на Југославија.

Во меѓувреме избувнала граѓанската војна во Грција - јужниот сосед на Југославија. Притоа југословенската влада се одлучила да ја подржува Комунистичката партија на Грција за победа. Југославија направила пратка на помош во Грција, биле испратени оружје и муниција како и храна. На грчките сили дури им било дозволено да ја користат и југословенската територија како. Иако СССР, Бугарија и Албанија и помогнале исто така и помогнале, помошта не можела да се мери со онаа која Југославија и ја упатила на грчката држава. Како и да е на оваа југословенска „авантура“ и дошол крајот кога настанала и Тито-Сталин поделбата, при што грчките комунисти во таа поделба застанале на страната на Сталин и одбиле секаква помош од југословенската влада. Без неа сепак ти биле победени во 1949 година.[6] Како резултат на тоа многу Македонци биле избркани од Грција и нивните домови биле завземени.

Образование[уреди | уреди извор]

Правниот факултет во Белград
Ректоратот на Универзитетот во Љубљана

Универзитетот во Загреб (основан во 1669) и Универзитетот во Белград (основан во 1808) веќе постоеле пред создавањето на Југославија.

Помеѓу 1918 и 1992, биле основани следниве универзитети:[8]

Федерални единици[уреди | уреди извор]

Име
Главен град
Знаме
Грб
Местоположба
Социјалистичка Република Босна и Херцеговина Сараево
Flag of SR Bosnia and Herzegovina.svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Bosnia and Herzegovina.svg
Социјалистичка Република Македонија Скопје
Flag of the Socialist Republic of Macedonia.svg
Coat of arms of Macedonia (1946-2009).svg
Социјалистичка Република Словенија Љубљана
Flag of the Socialist Republic of Slovenia.svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Slovenia.svg
Социјалистичка Република Србија
Социјалистичка Автономна Покраина Косово
Социјалистичка Автономна Покраина Војводина
Белград
Приштина
Нови Сад
Flag of the Socialist Republic of Serbia.svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Serbia.svg
Социјалистичка Република Хрватска Загреб
Flag of the Socialist Republic of Croatia.svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Croatia.svg
Социјалистичка Република Црна Гора Титоград (сега Подгорица)
Flag of the Socialist Republic of Montenegro.svg
Coat of Arms of the Socialist Republic of Montenegro.svg

Јазици[уреди | уреди извор]

Југословенските републики со главните градови.

Населението на Југославија зборувало три јазици, српскохрватски, словенечки и македонски.[9] Српскохрватскиот бил зборуван од населението во федералните републики СР Босна и Херцеговина, СР Србија, СР Хрватска и СР Црна Гора - со тотални говорители, 12,390,000 луѓе во тоа време. Словенечкиот бил зборуван од 1,400,000 жители на СР Словенија, додека македонскиот бил зборуван од 931,000 жители на СР Македонија. Исто така националните малцинства го употребувале нивниот мајчин јазик - 506,000 луѓе зборувале унгарски (најмногу во САП Војводина) и 780,000 луѓе го употребувале албанскиот јазик во САП Косово и СР Македонија. Турскиот, романскиот и италијанскиот исто така биле зборувани, но во помал степен.

Трите главни јазици се меѓусебно доста слични, сите три припаѓаат на семејството на јужнословенски јазици. На тој начин јужнословенските народи се разбирале меѓусебе независно во која република живееле. Српскохрватскиот јазик е составен од три дијалекта, штокавски, кајкавски и чакавски со тоа што Штокавскиот бил употребен во стандардниот литературен јазик. Официјалниот српскохрватски (штокавски), бил поделен на две слични варијанти, хрватска и српска варијанта, со мали разлики кои ги одделувале една од друга.

Две азбуки биле употребувани во Југославија: латиницата и кирилицата. Двете азбуки биле уредени за употреба во српскохрватскиот јазик, иако српскохрватската латинична азбука е позната како латинична азбука на Гај, додека за кириличата азбука се мисли на српската кирилична азбука. Со српскохрватскиот јазик се употребувале двете азбуки, со македонскиот јазик само кирилицата, додека со словенечкиот ссамо латиницата. Хрватската варијанта на јазикот била целосно предадена на латиничното писмо. додека пак со српската варијанта се употребувале двете писма и латиничното и кириличносто.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „СФРЈ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. s:АСНОМ , документ 3] " Сите одлуки и прогласи на ... ќе се објавуваат како единствени во официјалните...на Српски, Хрватски, Словенечки и Македонски јазик."
  2. 2,0 2,1 2,2 Benson, Leslie; Yugoslavia: a concise history; Palgrave Macmillan, 2001 ISBN 0-333-79241-6
  3. [1] Proclamation of Constitution of the Federative People’s Republic of Yugoslavia, 31. 1. 1946.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Lampe, John R.; Yugoslavia as history: twice there was a country; Cambridge University Press, 2000 ISBN 0-521-77401-2
  5. Martin, David; Ally Betrayed: The Uncensored Story of Tito and Mihailovich; New York: Prentice Hall, 1946
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Ramet, Sabrina P.; The three Yugoslavias: state-building and legitimation, 1918-2005; Indiana University Press, 2006 ISBN 0-253-34656-8
  7. Cold War Shootdowns
  8. Enciklopedija Jugoslavije, 2. Ausg., Band 6, Artikel Jugoslavija, Abschnitt Nauka, S. 510 f.
  9. Rose, Arnold M.; Institutions of Advanced Societies; U of Minnesota Press, 1999 ISBN 0-8166-0168-2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]