Корушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корушка
Kärnten  (германски)
Koroška  (словенечки)
Покраина
Знаме на КорушкаГрб на Корушка
Химна: Kärntner Heimatlied [de]
Местоположба на Корушка
Држава Австрија
СедиштеКлагенфурт
Управа
 • УправникПетар Кајзер (SPÖ)
Површина
 • Вкупна9,535,97 км2 (3,68.186 ми2)
Население (1 јануари 2022)
 • Вкупно564.513
 • Густина59,000/км2 (150,000/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166AT-2
ИЧР (2019)0.906[1]
многу висок
Мреж. местоwww.ktn.gv.at
Хајлигенблут со врвот Гросглокнер во позадина

Корушка (германски: Kärnten; словенечки: Koroška) — една од деветте сојузни покраини во Република Австрија, која се наоѓа во нејзиниот јужен дел. Зафаќа површина од 9.535 квадратни километри и тука живеат околу 560.000 жители. Главен град е Клагенфурт.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Корушка го зазема јужниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија[уреди | уреди извор]

Со површина од 9.535 квадратни километри, Корушка е петта по големина покраина во Австрија. Според релјефот, покраината се наоѓа на планинскиот венец на Алпите, па така овде се наоѓа и највисокиот врв во државата, Гросглокнер, висок 3.798 метри. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки и леднички езера, меѓу кои најпозната е реката Драва, која течи во средишниот дел на покраината.

Население[уреди | уреди извор]

Со над 560.000 жители и густина на населеност од 60 жители/км2 Корушка е шеста по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но има и значителен број на Словенци. Во последните години има и многу доселеници од другите поранешни југословенски републики и од Турција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.