Хрватската азбука е писмо што се користи во хрватскиот јазик. Хрватската азбука е заснована врз латиничната азбука и е наречена Латиница на Лудевит Гај („Кратка основа на хрватско-словенскиот правопис“, 1830.), што всушност е и основачот на оваа азбука. Стандардната хрватска азбука има 30 букви. За странски зборови и имиња се користат и буквите W, X, Q и Y но сепак не се вметнати и не се сметаат како дел од стандардната азбука. Истата азбука се користи и во Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Белешки: Закосените букви означуваат мртов јазик. Поморскиот јазик немал своја азбука, а полапскиот користел германска азбука. Рутенскиот јазик покрај кирилицата користел и латиница и арапско писмо, каде двете биле прилагодени според фонетскиот систем.