Словачка азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Словачката азбука (abeceda) е писмо што се користи за пишување на словачкиот јазик. Азбуката е базирана врз латиницата, со одредени модифицирања на буквите за приспособување кон словачкиот фонетски систем. Азбуката е многу слична со чешката азбука, има 40 букви плус 3 двографи. Карактеристична а буквата Ŕ, но и карактеристично е тоа што се обележува и должината на гласовите па поради тоа се сметаат и како посебни букви. Азбуката е официјална на територија на Република Словачка.

Азбука[уреди | уреди извор]

Големи букви
A Á Ä B C Č D Ď Dz E É F G H Ch I Í J K L Ĺ Ľ
Мали букви
a á ä b c č d ď dz e é f g h ch i í j k l ĺ ľ
Големи букви
M N Ň O Ó Ô P Q R Ŕ S Š T Ť U Ú V W X Y Ý Z Ž
Мали букви
m n ň o ó ô p q r ŕ s š t ť u ú v w x y ý z ž


Самогласки[уреди | уреди извор]

буква име МФА македонски еквивалент
A a á /a/ авион
Á á dlhé á /aː/ таа
Ä ä prehlasované á;
a s dvoma bodkami;
široké e
/æ/ кратко е, слично како во ќе
E e é /e/ елен
É é dlhé é /eː/ сее
I i í /i/ игла
Í í dlhé í /iː/ акции
O o o /o/ овес
Ó ó ó /oː/ координација
U u ú /u/ уста
Ú ú dlhé ú /uː/ долго у, индивидуум
Y y ypsilon /ɨ/ игла
Ý ý dlhé ypsilon /ɨː/ акции

Согласки[уреди | уреди извор]

буква име МФА македонски еквивалент
B b /b/ бран
C c /t͡s/ црно
Č č čé /t͡ʃ/ четка
D d /d/ десно
Ď ď ďé /ɟ/ ѓеврек
DZ dz dzé /d͡z/ ѕвоно
džé /d͡ʒ/ џуџе
F f ef /f/ фрла
G g /ɡ/ горе
H h /ɦ/ слабо х, нема во македонскиот
CH ch chá /x/ хотел
J j /j/ јасен
K k /k/ кутија
L l1 el /l/ лево
Ĺ ĺ1 dlhé el /lː/ јамболлија
Ľ ľ mäkké el /ʎ/ љубов
M m em /m/ мост
N n en /n/ нос
Ň ň /ɲ/ одење
P p /p/ песна
Q q2 kvé /kv/ квадрат
R r1 er /r/ ретко
Ŕ ŕ1 dlhé er /rː/ согласно р, како во срце
S s es /s/ список
Š š /ʃ/ шума
T t /t/ тие
Ť ť mäkké té /c/ куќа
V v /v/ весник
W w2 dvojité vé /v/ весник
X x2 iks /ks/ ксилофон
Z z zet /z/ зебра
Ž ž žet /ʒ/ живот

Забелешки

  1. Буквите L, Ĺ, R и Ŕ понекогаш се сметаат за самогласки бидејќи означуваат подолга согласка, слично како самогласно р во македонскиот јазик.
  2. Биквите Q, W и X се користат само за странски зборови.

Дифтонзи[уреди | уреди извор]

Дифтонзи во словачкиот јазик се:

  • ia - јасно ,
  • ie - Јемен,
  • iu, - иу
  • ô или uo - уо

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]