Шлезиска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шлезиска азбука е термин кој се користи да се означи сет на латинични букви со кои се запишува шлезискиот јазик. Низ историјата имало неколку предлози кои се користеле за запишување на јазикот, а меѓу првите е азбуката на Феликс Стоер.

Азбуки[уреди | уреди извор]

Азбука на Феликс Стоер[уреди | уреди извор]

Првиот предлог за шлезиска азбука е таа на Феликс Стоер, кој ја користел за пишување на неговите поеми. Азбуката имала 30 графеми и осум диграфи.

Букви: A, B, C, Ć, D, E, F, G, H, I, J, K, L, Ł, M, N, Ń, O, P, R, S, Ś, T, U, Ů, W, Y, Z, Ź, Ż

Диграфи: Au, Ch, Cz, Dz, Dź, Dż, Rz и Sz.

Азбука на Тед Јачалик[уреди | уреди извор]

Азбуката на Тед Јачалик се користела во 1990-те и била создадена од Тед Јачалик[1]. Оваа азбука се базирала на стандардната латиница и имала 26 графеми и 15 диграфи. Наместо дикрити, азбуката користела апострофи.

големи букви
A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
мали букви
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z
диграфи
c' ci l' n' ni oo rz s' si z' zi dz dz' dzi drz

Фонетска шлезиска азбука[уреди | уреди извор]

Во 2006 имало предлог за шлезиска азбука со 32 графеми и четири диграфи.

Букви: A, B, C, Ć, Č, D, E, F, G, H, I, J, K, L, M, N, Ń, O, P, R, Ř, S, Ś, Š, T, U, Ů, W, Y, Z, Ź, Ž

Диграфи: Ch, Dz, , .

Полска азбука за шлезискиот[уреди | уреди извор]

Шлезискиот јазик може да се пишува и со полската азбука која ги има следните букви: Букви: A, B, C, Ć, D, E, F, G, H, I, J, K, L, Ł, M, N, Ń, O, Ó, P, R, S, Ś, T, U, W, Y, Z, Ź, Ż

Диграфи: Ch, Cz, Dz, Dź, Dż, Rz, Sz

Оваа азбука најмногу се користи во Полска, во медиумите, училиштата и на Интернет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]