Прејди на содржината

Црногорска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Црногорската азбука е заеднички термин за двете писма со кои ги користи црногорскиот јазик, однсоно кирилското и латиничното писмо. Црногорската азбука била усвоена на 9 јуни 2009 година од црногорскиот министер за образование Сретен Шкулетиќ.[1] Црногорската азбука, со своето усвојување, ги заменила српската азбука и азбуката на Гај. Иако, според уставот на Црна Гора, и кирилицата и латиницата имаат еднаков статус, сепак Црногорците повеќе ја користат латиничната азбука.

Особености

[уреди | уреди извор]

Црногорската латинична азбука е заснована на хрватската азбука или српскохрватската азбука, но има додадено две бикви Ś и Ź кои ги замениле диграфите SJ и ZJ.[2] Овие две букви имаат иста вредност со кирилските букви С́ и З́. Латинската азбука не ги вклучува буквите Q, W, X и Y.

Латиница
AaBbCcČčĆćDdDždžĐđEeFfGgHhIiJjKkLlLj ljMmNnNj njOoPpRrSsŠšŚśTtUuVvZzŽžŹź
Кирилица
АаБбВвГгДдЂђЕеЖжЗзЗ́ з́ИиЈјКкЛлЉљМмНнЊњОоПпРрСсС́ с́ТтЋћУуФфХхЦцЧчЏџШш
Македонски изговор и распоред
абвгдѓежззјијклљмнњопрссјтќуфхцчџш
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-10. Посетено на 2010-10-04.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2010-10-04.

Повезано

[уреди | уреди извор]