Прејди на содржината

Бугарска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бугарска кирилична азбука
Българска кирилска азбука
Тип
Период
9 век – денес
Јазицибугарски
Сродни писма
Матични системи
ISO 15924
ISO 15924Cyrl, , Cyrillic
Уникод
Уникоден назив
Cyrillic
subset of Cyrillic (U+0400...U+04FF)
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).

Бугарската азбука (буг. българскa азбука) е официјалната азбука за запишување на бугарскиот јазик. Азбуката е заснована на кирилицата и во денешниот современ облик постои од 1945 година и се состои од 30 букви. Современата бугарска азбука води потекло од руската граѓанска азбука.

Историја

[уреди | уреди извор]

Под влијание на печатените книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старословенското писмо на крајот од XVIII век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19-от век за време на обидите за стандардизирање на современиот бугарски книжевен јазик.

Реформата на Марин Дринов

[уреди | уреди извор]

Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878-1879. Тој ја предложил следнава азбука:[2]

А аБ бВ вГ гД дЕ еЖ жЗ зИ иЙ йК к
Л лМ мН нО оП пР рС сТ тУ уФ фХ х
Ц цЧ чШ шЪ ъЬ ьѢ ѣЮ юЯ яѪ ѫѬ ѭ

Дринов ги отфрлил буквите:

Ы ыІ іЩ щ

Со буквата ы во минатото се бележел посебен глас (на пр. во зборот мышь). Меѓутоа за разлика од рускиот јазик каде што гласот бил зачуван, во бугарскиот како и во другите јужнословенски јазици се изедначил со гласот кој се бележи со буквата и, поради што Дринов предлага отфрлање на оваа буква.[2]

До 1870 година азбуката од 32 букви предложена од Марин Дринов станала најзастапена.

Тој исто така сметал дека буквата і треба да се исфрли, а да остане буквата й која е преземена од руската азбука. Како што вели тој, Русите ја пишуваат й после самогласките и се слуша како половина и: край, твой, мой. Во старословенскиот во овие случаи се слушал полн глас и, па затоа и овие зборови се пишувале: краи, твои, мои. И во старословенскиот постоел полузвук од и, но тој се наоѓал пред самогласките, а не после нив. За бележење на тој глас се користел знакот і, и се пишувал секогаш пред самогласката: ꙗ, ѥ, ю. Денес, кога полугласот се слуша и после самогласките, забележува Дринов, најприродно е да се бележи со стариот знак і, наместо со туѓото й. Меѓутоа, како што пишувањето на й нашироко се користело и влегло во општа употреба, Дринов сметал дека подобро би било да се остави на сметка на старото і.[2]

Според Дринов буквата щ која е составена од ш и т како што и се изговара, за разлика од руската каде со щ се бележи засебен глас, и поради тоа треба да се исфрли, а наместо тоа засебно да се пишува шт.[2]

Реформата од 1892

[уреди | уреди извор]

Во 1892 година, министерот Георги Живков, од кабинетот на Стефан Стамболов, назначил комисија за подготовка на проект за официјален бугарски правопис. Во состав на комисијата влегувале филолозите: Љубомир Милетич, Александар Теодоров-Балан, Бењо Цонев, Иван Шишманов, Димитар Матов, Стојан Аргиров и Ив. Георгиев. Била повторно воведена буквата:

І і

Биле отфрлени буквите:

Й йЮ юЯ яѬ ѭ

Буквата й била заменета со і. Исто така било решено ю да се замени іу, я со іа, и ѭ да се замени со іъ.[3]

Реформата не била прифатена од населението, кое ја сметало за премногу радикална со отстранувањето на толку многу традиционални букви и никогаш не успеала да се спроведе до крајот на режимот на Стамболов. Повеќето луѓе продолжиле да пишуваат по правописот на Дринов.

Реформа од 1945

[уреди | уреди извор]

По правописната реформа од 1945 година, азбуката ја добила сегашната форма и има 30 букви. Тогаш биле исфрлени буквите:

Ѣ ѣѪ ѫ

Овие букви имале етимолошка употреба, т.е правобитно во старословенскиот јазик со нив се означувале посебни гласови, но со време тој изговор се изгубил а зборовите останале да се пишуваат исто, па морало напамет да се изучуваат зборовите кои ги содржат.

Буквата јат (ѣ) била заменета со я, е или поретко е (бѣлъ → бял, но бѣли → бели).

Големата носовка (Ѫ) била заменета со ъ (кѫща → къща, рѫка → ръка) или поретко со а (тѣ сѫ → те са).

Бугарска азбука
Буква Назив со
мак. изгов.
Макед.
транскр.
МФА
А   аа (а)а/a/
Б   ббъ (бе)б/b/
В   ввъ (ве)в/v/
Г   ггъ (ге)г/g/
Д   ддъ (де)д/d/
Е   ее (е)е/ɛ/
Ж   жжъ (же)ж/ʒ/
З   ззъ (зе)з/z/
И   ии (и)и/i/
Й   йи кратко (и кратко)ј/j/
К   ккъ (ка)к/k/
Л   ллъ (ел)л/l/
М   ммъ (ем)м/m/
Н   ннъ (ен)н/n/
О   оо (о)о/o/
П   ппъ (пе)п/p/
Р   рръ (ер)р/r/
С   ссъ (ес)с/s/
Т   ттъ (те)т/t/
У   уу (у)у/u/
Ф   ффъ (еф)ф/f/
Х   ххъ (ха)х/x/
Ц   ццъ (це)ц/ts/
Ч   ччъ (че)ч/tʃ/
Ш   шшъ (ша)ш/ʃ/
Щ   щщъ (шта)шт/ʃt/
Ъ   ъер голям (тврд знак)'/ɤ/
Ь   ьер малък (мек знак)ј/ʲ/
Ю   юю (ју)ју/ju/, /ʲu/
Я   яя (ја)ја/ja/, /ʲa/

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Himelfarb, Elizabeth J. "First Alphabet Found in Egypt", Archaeology 53, Issue 1 (Jan./Feb. 2000): 21.
  2. 1 2 3 4 Дринов, Марин (1870). „За новобългарското азбуке“. Периодическо списание на Българското книжовно дружество. 1 (2): 9–29.
  3. „Нашата правописна реформа“. Български преглед. 1: 1–32. 1893.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]