Просперитетот на градот во текот на историјата се темелил врз основа на поморската трговија, како главен град на поморската Република Дубровник, постигнувајќи висок степен на економски развој, особено за време на 15 и 16 век кој бил единствениот град-држава на источниот дел од Јадранско Море, конкурирајќи на Република Венеција во трговијата. Градот бил еден од седиштата на развојот на српско-хрватскиот јазик и литература, и во градот живееле и твореле голем број на значајни писатели, сликари, математичари, физичари итн.
Дубровник како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]